Availability: In Stock

Fizban’s Treasury of Dragons

SKU: GRM00027

2.880,00 ден

Подготвен си да зачекориш во светот на змејовите, каде древни тајни и моќни суштества владеат со небото и земјата? Fizban’s Treasury of Dragons е книга што ја разоткрива магијата и митологијата на најмоќните суштества во мултиверзумот. Под водство на мудриот и ексцентричен Fizban, ова е влез во светот на змејовите како никогаш досега.

Од крилјата на chromatic и metallic змејови до мистериозните gem змејови, се разоткрива сето она што ги прави уникатни – нивната магија, нивните царства и нивните вечни војни. Без разлика дали карактерите би биле нивни сојузници или непријатели, оваа книга ќе им помогне да се подготват за епска приказна.

Fizban’s Treasury of Dragons навлегува во нивните тајни, нивната генеза, нивните конфликти, и она што ги обликувало во световите низ времето. Од создавањето на Bahamut и Tiamat до тајните на змејските богатства, митологијата зад овие величествени суштества ни е на дофат.

Со нови подкласи, магии и змејски благослови, Fizban’s Treasury of Dragons нуди многу можности за карактерите и DM-ите. Од sorcerer кој носи змејскиот код до wizard кој успева да ја исконтролира нивната сила, карактерите добиваат пристап до нови извори на моќ.

Секој вид на змеј носи уникатен предизвик, тоа е јасно. Но, ништо не може да се спореди со нивната магија и амбиција за богатство. Оваа книга открива низа артефакти и ајтеми кои ги обвиткуваат војните и историите на овие древни суштества, давајќи им на карактерите можност да се докопат до змејската моќ.

Fizban’s Treasury of Dragons е совршен водич за оној што сака да ги истражи тајните на највеличествените суштества во Dungeons & Dragons.

5 на залиха

Category:

Опис

Димензии: ‎21.59 x 28.19 x 1.52 cm

Издавач: Wizards of the Coast (26 октомври, 2021)

Јазик: Англиски

Тврда корица: 224 страници

Препорачана возраст: 12+

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.