Добредојденица

О, стасавте авантуристи. Случајно или водени по кривулести патеки по трагите на натурал 20-ка? Што и да ве донело, тука сте, пред портите на Cantrip, првиот спејализран d&d леџендари шоп каде магијата, и поголеми трошки хаос, се на власт.

Мало предупредување пред да го пречекорите прагот: Cantrip е повик за вантура, збирштина на азно и чудесии за кои најсебичниот змеј ќе крене крлушеста веѓа од завист. Соберете хрброст, наострете ум, држете се цврсто за D20-ките и влагајте во светов каде приказните се раѓаат деноноќно, хероите сјаат, и голем дел од тринкетите на кои ќе ви застане погледот, се всушност легендарни ајтеми.

Советот на Кантрип

Без разлика што јас, Бокала Милала, водена од сите мои карактери, Skadi, Boba, Zissou, Ziggy и Mokosh, стојам зад идејата на Кантрип, релмов е парти од седуммина – Советот на Кантрип. Како и секоја банда авантуристи сме motley crew. Се фрли добар групен intelligence и charisma, и Кантрип се наполни со аркана кит, громоари, епик минис, за да се помогне во вашите авантури. Се преврте светот попреку, се спасија многу, многу saving throws, за безбедно и недопрено да бидат пред вас.

Зошто?

Магија. Не онаа магија што лета од арканскиот фокус или фајрболсите, не. Онаа на фантазијата.

Светови се креираат со неприкосновена креативност. Кој сакаме да бидеме? Херојот? Трикстерот? Слободно! Единственото нешто понепредвидливо од Deck of Many Things, сме ние. Фрламе коцки и обликуваме приказни.

Колку е сериозно напнат моментот кога совршениот план оди низ канализација зошто некој сролал 1 на Stealth Check (пак), или пак колку е епик моментот на наденување критикал кога надежта изгледа изгубена. Драмата што сјае од седење околу масата полна со грицки, измрсени карктер шитови и екрани, и заборавање на умот во фантазијата, се вредносни колку многу редок, ако не и легендарен ајтем.

Коцките кажуваат до каде можеме, но ја имаме моќта на изборот – ние сме господари на нашата приказна; ние ќе влеземе со глава во комбат или ќе ги набустаме сите останати, па ќе си го фатиме другиот пат.

Затоа. За да имаме сé што е потребно, за спомените да бидат епски.

Авантури

Да, да стојте уште малку. Клокотат многу нешта од акранските димензии на Кантрип.

Во записите кои ќе следат, ја откриваме легендата за нашата прва кампања, приказна за смели подвизи, заборавен лор, и многу сомнителни одлуки, пријателства и квестови.

Без разлика дали сте искусен DM кој цитира параграфи од Player’s Handbook во сон, или свеж, весел, надежен авантурист, спремен со хартиите за зеро сесија, Кантирп е тука – полиците ни крцаат, коцките се спремни, а Советот едвај чека да ве запознае.

Вратата е отворена.

Напишете коментар