Dungeons&Dragons

Во светот на D&D границите со реалноста се заматуваат, кралства се креваат и паѓаат, богови движат низ материјал плејнот, а херои форџаат судбини со ништо повеќе од храброст, ум и критикал 20-ки.

Но, мислам дека се разбравме. D&D е повеќе од игра со коцки и карактер шитови. Просто бидејќи е ултимејт патување, gateway во свет каде фантазијата полетува, каде секоја одлука е многу, многу битна, или воопшто небитна, а многу премислена. Без разлика дали сте спелкастер роден во мистичнните шуми на Forgotten Realms, оставен, створен од никаде за денес да стои пред древни зла никнати под Mount Hotenow, или пак сте поединец влезен во политиката на Tal’Dorei, можностите да создадете и населите свет полн со магија, мистерија и страв, се безброј!

Легенди и Лор

Во срцето на D&D лежи раскажувањето, приказната. Големо браво за нејзиниот архитект кој го викаме Dungeon Master (DM). Благодариме за ткаењето на настаните низ авантурите. Големо браво за протагонистите на приказните – херојот, партито, на пат кон создавање на наративот низ избор, стратегии и многу среќа.

Небитно е што толкувате: бестрашен half-orc barbarian со greataxe поголем од смислата за хумор што ја има, или генијален, можеби малку растроен gnome artificer со вреќа геџети што не треба да работат, но некако работат, или зезнат drow bard со песна која шармира крал подеднакво колку и демон. Небитно е. Ограничени сте само со креативност, а коцките ќе ве однесат кон слава, катастрофа или моменти на стварно, неочекувана феноменалност.

И најдобро – карактериве не се изолирани. Населуваат светови со историја толку многу далбока и комплексна! Можеби на Faerûn, континентот на Forgotten Realms каде моќни градови како Waterdeep се креваат над мрачните тунели под земјата, додека божицата на магијата Mystra будно го следи и држи балансот на арканската моќ, а легендите како Drizzt Do’Urden се противат на судбина за да си го издлабат местото во светот. Можеби во Exandria, светот обликуван од титански битки меѓу богови и примордијали, додека градот Whitestone стои како надеж наспроти хаосот. Светот беше спасен од пропаст од хероите на Vox Machina, и иднината чека да истапат нови авантуристи и да го остават својот печат.

Со D&D ги живееме приказниве. Коцките ни ја везат судбината, но моќта лежи во заедничката фантазија на играчите и DMот. Никогаш не сте само играч со D&D – сте world-shaper, storyteller, и херој (или допадлив villain, ако повеќе милувате).

Играта

За newbies, играта почнува со едноставно нешто, веќе неколку пати кажано: избор.

Ти треба карактер. Фајтер ли е, силен, неуништлив, размафтан со greatsword-от во самото срце на битката, или сорсерер со аркански моќи извадени од сенките. Бирајте! Штом се роди карактерот, ќе си се приклучи на група авантуристи, со убави маани, скилови и амбиции и заедно ќе си тргнат на пат кон газење монстери, чепкање низ руини, решавање загатки во свет сервиран од вашиот Dungeon Master.

Правилата далуваат деликатно на почеток, но без гајле, се совладуваат со игра. Дали ќе кастате Fireball или ќе решавате со саати како да поминете не дотолку смртоносна стапица, играта ќе си тече и ќе биде носена од едноставни резултати на сроланите коцки и вашите одлуки. Понекогаш коцките знаат да бидат фини, да ти овозможат нешто феноменално во моменти на голема потреба. Но, понекогаш ќе играат против тебе, ќе те остават сам, тажен, во комплетен хаос поради фејлнат Stealth.

И полека, но многу сигурно, на ред ќе дојде вистинската магија на неочекуваните моменти, кога планот ќе пропадне за нешто поимпонзатно да се случи и да биде издвоено меѓу хајлајтите на кампањата.

D&D и Кантрип

Страшно уникатен е начинот на кој D&D нé спојува. Седнати на маса, тукушто запознаени со луѓе кои пред многу години се запознале со D&D, кои добиле коцки и денес за прв пат ги пуштаат во светот, кои не можеле повеќе да го слушаат оној од бандата што ја продава идејата за тоа колку е добро D&D и започнале, и кои се толку инсирирани од генерална фантазија од светот во секаква форма, митологија, игра, книга, и многу добро знаат во што се впуштаат.

Во Македонија, да, ја доживуваме играта како се уште нескротена, но знаеме дека не сме сами. Затоа и доаѓаме во Кантрипкси комплет.

И затоа не сме обичен шоп со коцки, книги и минис. Кантрип е Здружение за обликување фантастични светови. Во кој пример од набројаните и да се препознаете, сте добредојдени. Секој од вас може да е член од партито. Сакаме да ве запознаеме, сакаме да ги чуеме приказните, сакаме да си разменуваме моменти, да споредуваме механики, системи, избор, карактери, бексториња.

Дојдете ни. D&D е начин на кој е возможно да се поврземе низ тој вредносен скил на креативност од кој световите излегуваат се додека имаме храброст да ги замислуваме, нели?

Напишете коментар