Availability: In Stock

2024 D&D Dungeon Master’s Screen

SKU: INV00020

1.500,00 ден

Сите очи се вперени кон D20. Змејовите ја чуваат, а дружината надежно ја бара, свесни дека секој рол е судбински.

Во срцето на секоја епска авантура стои Dungeon Master-от, креаторот на приказните и навигаторот низ непознатото, а Dungeon Master’s Screen 2024 му носи една нова димензија.

Овој четири-панелен скрин, со спектакуларна панорамска сцена од Joy Ang, ги прикажува сите основни класи од петтата едиција на Dungeons & Dragons, сервирајќи визуелна магија на масата. Убавината не е составна само во неговата надворешност. Внатрешноста е внимателно дизајнирана, базирана на десет години повратни информации од Dungeon Master-и, за да ги обезбеди најкорисните информации. Секако дека и зад овој скрин, вашите белешки и резултати на сроланите коцки остануваат скриени, како иненадувањето би било комплетно неочекувано.

Без разлика дали сте ветеран во улогата, или пак newbie со соништа за епски битки, Dungeon Master’s Screen 2024 останува ваш штит од хаосот, оружјето за незаборавни приказни и клучот за моменти кои и те како ќе се раскажуваат долго.

10 на залиха

Опис

Димензии: 27.94 cm висина x 83.82 cm ширина (целосно отворен)

Дизајн: Четири-панелен екран со панорамска илустрација од Joy Ang, прикажувајќи ги сите основни класи од петтата едиција на Dungeons & Dragons.

Внатрешност: Ревидирани правила и информации, базирани на десет години повратни информации од Dungeon Master-и, обезбедувајќи најкорисни референции.

Функционалност: Скриени белешки, непознати резултати на фрлените коцки за играчите

Компатибилност: За употреба со петтата едиција на Player’s HandbookMonster Manual и Dungeon Master’s Guide.

Препорачана возраст: 12+

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.