Availability: In Stock

DM’s Bag: Collector’s Edition (Blue Dragon) | ENHANCE

SKU: INV00038

7.700,00 ден

Оваa подвижна тврдина, оваа патувачка ризница, е создадена за раскажувачот на приказната, за чуварот на светот. Ова колекционерско издание на ДМ-скa торба обложена со змејска кожа, колку што е стил, толку е и сигурност.

Ммм да, убаво прочитавте – змејска кожа! Слободно вртете Investigation или Arcana, или, не знам, кастајте Identify.

Металниот медалјон не е орнамент – е силмбол дека си одбран. Од четири до осум гримоари можат да се засолнат внатре. Три прегради го делат просторот за коцки, бележници, и работи што никој друг нема да може да ги види. Простор за цела армија минијатури, за полна таверна, за 16 NPC-ња безбедно да стасаат на мапата и да се вратат назад. Надворешни прилагодливи ремени за транспорт на мапата која цела маса едвај ја чека, надежна дека нема за последен пат да ја види.

И кога ременот легнува на рамото, чувствуваш само едно – товарот на приказната. А приказните убаво тежат.

1 на залиха

Опис

  • Димензии: приближно 35,6 × 30,5 × 19,1 cm

  • Капацитет: 4–8 гримоари

  • Надворешни џебови: 3

  • Простор за минијатури: 16

  • Простор за мапа

  • Ремен: прилагодлив за носење на рамо

  • Колекционерски додатоци: змејска кожа + метален медалјон

  • Боја: Blue Dragon

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.