Гласини

Си бркаме работа низ улиците на Скопје, градот со срце на Фандалин, но амбиција на Вотердип, и, како и секогаш, фаќаме туѓи муабети. Двајца, навидум авантуристи, брзаат и мрморат:

„Слушнав дека наводно имале коцки што никогаш не вртат 1. Имале и опрема што страшно буста харизма. И визардон зел стаф што менува боја со расположение. И продавачката му рекла дека ако не се чувствува легендарно на излагање, одбраниот ајтем не бил за него. И кога ќе си влезел, ако не слушнеш дека коцките на штандот подзапејуваат, дека веројатно си крснат.“

Траги

Ммм, во ред. Љубопитноста ни е на алерт, ја следиме трагата на муабетот. 

Се вртиме по сокаци како да сме низ данџн, ги губиме авантуристине, но имаме добар survival. Излагаме на главниот пат именуван по клерикот од metropolitan domain, Теодосиј Гологанов, и стасуваме до светлата на крстопатот покрај трговската цитадела Веро каде го фаќаме патот налево, именуван по легендарниот Брадфорд, градот од далечната магловита и дождовита земја, познат по своите мајсторски занаетчии и ткајачи. Продолжуваме право и застануваме точно каде мирисот на цимет и ванила од шеќерната кула Канела е најјак. И тука, бегаме налево по неприметна, кротка уличка, именувана по храбар паладин, Oath of the Crown, Mилан Марковиќ и по 200ft, застануваме.

Премин

Галамата на градот комплетно избледува. Калдрамата е мазна како многумина пред нас веќе да ја изгазиле. Воздухот е поинаков, лесен, на моменти дури и обоен. Една куќа изгледа како да сака да се вклопи во околината. Би ја одминале доколку не го начувме муабетот. 

Суптилна светлина од фенерче зафрла мек сјај на дрвен знак нежно размрдан од ветрот. Издлабен е со темни, заплеткани линии кои најпрво формираат визард сред кастање спел. Завиен во лелеава наметка, со испружена рака, како водена од невидени сили, се извртува и грациозно, убедливо и природно го означува почетокот на напишаното – Cantrip. 

Сенки почнуваат да танцуваат по ѕидовите и патеката се открива. Тесна, едвај двајца да збере, но единствен пат до она по кое тргнавме. Трепет на светленца на крајот нé канат и ни ветуваат дека сé ќе биде, божем, во ред. Форсот е со нас, сега и ни треба, и чекориме напред.

Стаклена врата нé двои од внатрешноста. Ништо не е скриено. Умот почнува да се трка со можностите за тоа што има внатре. Земаме длабок здив и туркаме. 

Да. Стварно брмчи тивка магија во просторов. Полиците се испонаредени со аркански коцки, купишта книги, тринкети, ајтеми, мапи. 

И во момент кога си велиме дека ништо не е страшно, одникаде се формира еден лик, нé вади од памет и ни треба време за добар инсајт чек како би сфатиле дека е пријателски настроен и точно знае зошто сме тука. 

Добредојдовте во Кантрип!

Фрламе коцки, крафтаме легенди и се правиме дека ги знаеме сите правила! Под будното око на Огма, со суптилна доза Престидиџитејшн, трансформираме секојдневија од обични во епски, опремуваме херои со легендарни ајтеми и потрагата по знаење ја правиме обврска.
Бокала Милала

Советот на Кантрип