Availability: Out of Stock

2024 Dungeon Master’s Guide – Alt Cover

SKU: GRM00035

2.880,00 ден

Во ова алтернативно издание на Dungeon Master’s Guide 2024, магијата на раскажувањето се спојува со уметноста на дизајнот. Со ексклузивна корица што го доловува духот на мултиверзумот – мистериозна, интригантна, и полна со детали што зборуваат за величественоста на твојата улога на DM – ова издание e изјава.

Дизајнирана за вистинските мајстори на занданите и колекционерите, ова издание ја комбинира моќта на фантазијата со елеганција. Од моментот на првото отварање, веќе сме дел од нешто поголемо – авантура што започнува од нејзините корици и продолжува во светот кој го обликуваш.

Сценава: играчите се на раб на столиците, очите се вперени во тебе, воздухот тежи со неизвесност. Со изговорен збор обликуваш свет, оживуваш историја, испишуваш судбина. Dungeon Master’s Guide 2024 е алхемија на фантазијата, дизајнирана да те обликува во легендарен раскажувач.

Ова ново издание ги преобликува темелите на играта, овозможувајќи креација на незамисливи авантури со голема леснотија и длабочина. Ова е твојот клуч за епски приказни кои играчите ќе ги паметат многу долго по последната фрлена коцка.

  • Бастиони: Заборави ги едноставните кампањи. Со новите правила за Бастиони, играчите добиваат можност да создаваат и водат свои бази – места на моќ, интрига, стратегија. Дали тврдина ќе биде засолниште или симбол на амбиција? Зависи од тебе.
  • Нови магични ајтеми: Со над 400 преработени и нови магични ајтеми, предмети кои носат надеж, или менуваат реалност, секој чекор во приказната може да биде почеток на една незаборавна приказна… или катастрофа, можностите се бескрајни.
  • Враќање во Greyhawk: Оваа легендарна поставка е повторно оживеана, детално, со мапи и моменти кои носат чувство на она како е да се биде дел од нешто поголемо од нас.
  • Совети за совршена нарација: Без разлика дали станува збор за комбат или бустање на политичка интрига, тука се техниките за менување на обичните сцени во спектакуларни моменти.
  • Енциклопедија на идеи: Со нови алатки за брза инспирација, секоја игра станува уникатна. Од митолошки ликови до структури на заговори, сè е подготвено и чека.

Dungeon Master’s Guide 2024 е револуција. Трансформира обичен собир во епска легенда.

Нема на залиха

Опис

Димензии: 21.62 x 1.6 x 28.35 cm; 854 g

Јазик: Англиски

Тврда корица: 384 страници

Препорачана возраст: 14+

Издавач: Wizards of the Coast; илустрирано издание (12 ноември, 2024)

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.