Availability: In Stock

Dragon Delves (D&D Adventure Anthology)

SKU: GRM00039

3.330,00 ден

Замисли врата. Ама замисли ја величенствено, оти зад неа чека свет каде змејовите се почеток. Е сега, замисли десет такви врати, оти Dragon Delves ти нуди токму толку.

Во повеќето авантури, змејот е крјот. Точката. Кулминацијата. Но, Dragon Delves ја превртува таа логика и го става онаму каде смета дека отсекогаш му било местото: змеј не е крајот – змеј е целиот континент.

Секоја авантура во оваа антологија е мало кралство изградено околу личноста на својот змеј. Не пештера — психологија. Не лавиринт — доктрина. Секој змеј создава свет кој го отсликува – од мрзливи, накострешени зелени змејови кои режираат хаос како аматерски театар, до колоси кои ти го мерат секој чекор како да решаваат равенка старa илјадници години.

Dragon Delves не е само серија битки, туку одговори на задолжителни прашања:
– Што значи да преговараш со нешто што те смета за незначителен?
– Колку далеку ќе одиш за богатство што можеби не постои?
– И дали на крајот ќе сфатиш дека најголемото богатство е приказната што преживеала?

Визуелниот идентитет на книгата е посебен блесок: десет делови, секој илустриран во стил кој го отсликува змејот домаќин.

Ова не се само авантури — 0ва се десет книги во една, десет авторски енергии споени во една антологија.

3 на залиха

Опис

  • Издавач: Wizards of the Coast
  • Датум на издавање: 8 јули 2025
  • Број на страници: 192 страници
  • Формат: Тврда корица (Hardcover)
  • Содржина:

– 10 целосно подготвени авантури (level 1–12)

– Уникатни истражувања за секој тип на змеј

– Механики, тактики и средби инспирирани од психологијата на секој змеј

– Нови мапи и наративни структури

  • Препорачана возраст: 12+ годин
  • Јазик: English

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.