Availability: Out of Stock

Dungeons & Dragons Spellbook Cards: Magic Items

SKU: INV00023

1.800,00 ден

Малку нешта можат да го променат текот на авантурата, но има нешто многу посебно во моментите на пронајдок на ајтем во вистинскиот момент. Со Spellbook Cards: Magic Items, секое парче армор, оружје или чудесен, редок, многу редок, претерано редок ајтем станува дел епската приказна.

Замисли го моментот на пронаоѓање на Horn of Valhalla, или моментот на тегнење и влечење за кој да го поседува Staff of the Magi, или кревањето револуција при појавата на еден Bag of Holding, а партито е од 4 авантуристи! кој секогаш има место за уште еден трофеј. Овие 294 картички не само што ги прикажуваат најмоќните предмети во D&D, туку ги претвораат во приказни што ќе се раскажуваат долго после завршувањето на сесијата.

Од adamantine armor, кој пркоси на критичните удари на непријателот, до крилја кои нè носат надвор од досегот на опасноста, секој ајтем е претставен со јасност и деталност. 294 ламинирани картички ги сервираат ајтемите на дофат на играчите, подготвени за многу драма, тактика и возбуда.

Оваа колекција е повеќе од ресурс – ова е билет за златните трезори на фантазијата. Како што Vorpal Sword ги сече главите на непријателите, така и Spellbook Cards: Magic Items ги сечат сите изговори за одложувања во играта.

 

Нема на залиха

Опис

Картички: 294 ламинирани картички со магични ајтеми од Dungeon Master’s Guide

Детали: Статистики на ајтемите од едната страна и илустрации од другата

Издавач: Wizards of the Coast

Димензии: 9.27 cm x 6.43 cm x 13.21 cm

Јазик: Англиски

Препорачана возраст: 13+

Датум на издавање: 5 ноември 2018 година

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.