• CATS Dice Set, Pixel

    CATS Dice Set, Pixel

    0

    Вајбот Pixel со боја на двор кој мириса на лето и светли гравурии од траги на шепи низ утринската, оросена трева, е оној на мачка која живее кај нас, а јаде кај комшиите.

    На секоја страна е прикажана во разиграна поза, но веројатно потајно одлучува каде ќе вечера.

    Со секој рол влечеме чувство на мачка која одеднаш, лесно и самуерено се појавува, едноставно го зема она што и следува и исчезнува преку оградата оти одмна проценила дека правила важат само за луѓето.

    Препорачуваме сетот да го користат оние доволно сигурни дека ќе бидат добредојдени на повеќе адреси.

    1.320,00 ден
  • CATS Dice Set, Waffle

    CATS Dice Set, Waffle

    0

    Коцки од суштествата кои изгледаат достоинствено, сè додека не се препуштат на хаосот во 3 наутро.

    Црни се како ноќ што има свои планови, со сребрени гравури кои светкаат како мачкини очи кои веќе знаат што ни е слабост. Ова се коцки со голема мистериозност и со многу мала почит кон редот.

    Енергијата која ја пуштаат е онаа на мачка која мирно и идилично седи на прозорец за одеднаш беспричински да сруши половина од покуќнината. Елегантно, брзо и целосно уверена дека никому ништо не должи.

    Веројатно, играчи и DMи кои остануваат смирени додека сè околу нив гори, би биле идеални корисници на овој ајтем.

    1.320,00 ден
  • Dwarven Dice Set, Gold

    Dwarven Dice Set, Gold

    0

    Овој сет изгледа како еден мајстор-дворф да решил повеќе да не прави никаков друг накит освен судбоносен. Површината блеска како искра што за првпат паѓа врз руда, а врежаните дворфски симболи ја имаат онаа непогрешлива геометрија која они сакаат да ја нарекуваат „Ете, завршена работа“, а останатите, „Како го направиле ова бе?“.

    Овие коцки не молат за почит – многу добро да даваат тоа до знаење.

    Секоја линија, секој агол, секој број изгледа како да бил издлабан со чекан со свое име и репутација.

    Сетот Gold е создаден за играчи кои сакаат нивните ролови да вадат звук на мала ковачница, за клериците на Moradin кои читаат древни натписи со очи, не со магија, за оние кои сакаат звукот на фрлената d20-ка да се слуша до другата соба.

    1.200,00 ден
  • CATS Dice Set, Muffin

    CATS Dice Set, Muffin

    0

    Мачкарскиве Muffin коцки, пандишпанести, топли, целите шармантни и самоуверени без никој тоа да го побара тоа од нив, носат енергија на штотуку вечерана мачка чија следна активност е мирно предење во скут, за по многу кратко време да реши дека не и се допаѓа нашата укочена и непомрдната позиција на која е вгнездена и ги пушти зумисот во акција со апсолутна убеденост дека е правилна одлука.

    Овој план е и отлискан на сите страни од коцките. Веројатно, најдобро би соработувале со карактери базирани на харизма.

    1.320,00 ден
  • CATS Dice Set, Daisy

    CATS Dice Set, Daisy

    0

    Коцки од суштествата кои одамна знаат дека куќата е нивна, а ние само плаќаме кирија.

    Шепасто-розеви, со бели гравури од пози на нивното величество, клопчиња и симболи на контролирана анархија. Енергијата што ја пуштаат е онаа која мачката ја поседува кога планирано го турка стаклениот предмет, кој ни значи, од масата, додека нè гледа во очи. Онаа елегантна, ладнокрвна енергија која вели дека за неа не важат правила.

    Играчи и DMи кај кои не се приметува паниката, туку само оденсувањето дека сè е според планот, би биле идеални корисници на овој ајтем.

    1.320,00 ден
  • Stranger Things: Welcome to the Hellfire Club

    Stranger Things: Welcome to the Hellfire Club

    0

    Да не се лажеме.

    Ако бараш игра што ќе те држи за рака — затвори ја кутијата. Авантуриве се за оние кои знаат дека во D&D нема победа, туку последица.

    Во Welcome to the Hellfire Club не ти ветувам херојство. Ти ветувам избор кој ќе значи нешто, моменти кога целата маса ќе молчи затоа што никој не сака да биде првиот што ќе рола.

    Правилата се тука за да постојат.
    Приказната е тука за да те притисне.
    Коцките се тука да те предадат кога најмалку треба.

    Ова не е D&D за сите. Ова е за тие што знаат дека најдобрите приказни почнуваат кога нешто тргне наопаку.

    Седни.
    Фрли коцки.
    Да видиме дали ќе преживееш до крајот на сесијата.

    И запамти… There is no shame in running…

    Eddie Munson

    3.460,00 ден
  • Dwarven Dice Set, Jewels

    Dwarven Dice Set, Jewels

    0

    Овој сет изгледа како еден мајстор-дворф да решил повеќе да не прави никаков друг накит освен судбоносен. Површината блеска како искра што за првпат паѓа врз руда, а врежаните дворфски симболи ја имаат онаа непогрешлива геометрија која они сакаат да ја нарекуваат „Ете, завршена работа“, а останатите, „Како го направиле ова бе?“.

    Овие коцки не молат за почит – многу добро да даваат тоа до знаење.

    Секоја линија, секој агол, секој број изгледа како да бил издлабан со чекан со свое име и репутација.

    Сетот Jewels е создаден за играчи кои сакаат нивните ролови да вадат звук на мала ковачница, за клериците на Moradin кои читаат древни натписи со очи, не со магија, за оние кои сакаат звукот на фрлената d20-ка да се слуша до другата соба.

    1.200,00 ден
  • Elvish Dice Set, Cobalt & Silver

    Elvish Dice Set, Cobalt & Silver

    0

    Длабоки како ноќта над Evereska, со сребрени врежани руни кои светкаат како ракопис под месечината. Овие елфски коцки се создадени за играчи кои го разбираат концептот на дисциплинирана магија.

    Нивниот кобалтен сјај не се наметнува — само потсетува дека постои елеганција во контролата, и опасност во прецизностa.

    Секој број изгледа како да е извлечен од мала фраза во магичен трактат која не смееш да го прочиташ без дозвола од мејџ. Се тркалаат лесно и чисто, како самиот Weave да решил дека ќе ја почитува твојата одлука… или промени.

    Овој сет е создаден за оние кои знаат дека арканата е музика, не експлозија, за оние кои не не трчаат, туку размислуваат, за оние кои ја сакаат магијата тивка и префинета.

    1.200,00 ден
  • Elvish Dice Set, Translucent & Black

    Elvish Dice Set, Translucent & Black

    0

    Провидни како утринска магла над Evermeet, со натписи црни како мастило кое мејџови го чуваат под строг надзор.

    Коцкиве се став, став, дисциплина и суптилна ароганција на раса која има доволно долг животен век да не брза со ништо… освен со прецизност. Секој број е гравиран во калиграфскки стил на Myth Drannor, оној краснопис кој се раѓа кога магијата и естетиката одлучуваат да соработуваат.

    Толку е тивок ролот, и не затоа што е нежен, туку зошто елфовите веруваат дека прекумерниот звук е знак на лош карактер.
    И да, дури и коцките се креирани со таа филозофија.

    Овој сет е за играчи кои претпочитаат грациозност пред сила, кои знаат дека одлуки се носат без ниту мала доза паника, кои сакаат нивниот лик да изгледа како да знае нешто што другите не го знаат.

    1.200,00 ден
  • Vortex Blue/Gold, 7-Die Set

    Vortex Blue/Gold, 7-Die Set

    0

    Коцки со естетика на бурното небо кое решило да ја признае својата слабост пред златото, за во блискоста да се роди магија.

    Изгледаат како замрзнат момент од storm sorcery: сини вртлози во спој со златни нишки кои делуваат премногу самоуверено за да бидат само боја. Секое фрлање личи на мал грмотен совет — краток, остар и доволно ефикасен за да ја преиспитаме својата стратегија… или самодоверба.

    Ова е сет за оние кои сакаат одлуките да зрачат во боја на хоризонт пред бура, за сорсерерот кој се потпира на хаос многу повеќе одошто признава. За DM кој знае дека тивок рол од распуштени сини и златни вртлози, е секогаш доволно драматичен, без да се подигне тон.

    680,00 ден
  • Vortex Green/Gold, 7-Die Set

    Vortex Green/Gold, 7-Die Set

    0

    Како вител кој никнал од сржта на природата, носејќи ароганцијата на злато кое точно знае колку вреди. Коцкиве личат на момент кога шумата одлучува да зборува низ аркана — зелени струи испревртени околу златни искри, како да држат неизговорлива тајна кои друиди штом еднаш ја чујат ќе зажалат.

    Секој рол изгледа на муабет меѓу елементите: помалку суров, премногу искрен, и секогаш со допир на судбина која не ни должи објаснување.

    Идеални се за играчи што сакаат природата да има стил, за ренџери кои никогаш не забораваат дека и дивината има хумор, и за DM кој сака ролот да звучи како шепот на шумата — таинствен, убав, но апсолутно непредвидлив.

    680,00 ден
  • Vortex Purple/Gold, 7-Die Set

    Vortex Purple/Gold, 7-Die Set

    0

    Како мејџ да го превртел небесниот свод, како да го стуткал во рака и го пуштил да се слее со злато што никогаш не простува грешка. Затоа коцкиве изгледаат како магија која долго се акумулирала во воздухот над Sigil — виолетови вртлози испреплетени со тенки, дрски, златни линии.

    Не светкаат. Не се разгалени. Ова се коцки кои нè потсетуваат дека арканата има стил, но и карактер. Доколку сме паметни, ќе ни служат; доколку сме претерано самоуверени, ќе ни објаснат статистика на многу брутален начин.

    Совршени за оние кои сакаат ролот да им има тежина на древно знаење, па дури и за бардови кои обожаваат да си играат со туѓи емоции. Па дури и за DM чиј initiative roll мора да изгледа како естетски закана.

    680,00 ден
  • Vortex Orange/Black, 7-Die Set

    Vortex Orange/Black, 7-Die Set

    0

    Коцкве изгледаат како некој да ги фатил од срцевината на Elemental Chaos и да ги набутал во акрил. Портокалови струи не престануваат бесно да се вртат околу темно јадро, како последица од многу лош план.

    Така и се однесуваат на маса: непредвидливо „чесни“.

    Не нè мразат, да речеме, но апсолутно уживаат да докажуваат дека предводење на сесија „по интуиција“ не е стратегија.

    Совршени се за оние кои драматично ролаат на маса, за ворлоци кои тврдат дека патронот им е стварно супер, и за секој DM чии ролања се тивки потсетувања дека светот не работи во наша корист.

    680,00 ден
  • Violet, Glass Stones Tube

    Violet, Glass Stones Tube

    0

    Violet – Како стаклени семиња украдени од градина во Feywild — прекрасни, но не знаеме што ќе израсне. 

    Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.

    Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.

    Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.

    280,00 ден
  • Frosted Opal Black, Glass Stones Tube

    Frosted Opal Black, Glass Stones Tube

    0

    Frosted Opal Black – Нијансата на тивкиот вакуум што останува по неуспешен Teleport.

    Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.

    Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.

    Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.

    280,00 ден
  • Frosted Crystal Lilac, Glass Stones Tube

    Frosted Crystal Lilac, Glass Stones Tube

    0

    Frosted Crystal Lilac – Нијанса на последниот траг од Charm Person што бард убедува дека „случајно“ го фрлил, но никој не му верува.

    Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.

    Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.

    Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.

    280,00 ден
  • Frosted Crystal Clear, Glass Stones Tube

    Frosted Crystal Clear, Glass Stones Tube

    0

    Frosted Crystal Clear – Како кондензирани парчиња светлина што не успеала да стане spell — па решила да си биде само чиста убавина. 

    Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.

    Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.

    Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.

    280,00 ден
  • Iridized Crystal Green, Glass Stones Tube

    Iridized Crystal Green, Glass Stones Tube

    0

    Iridized Crystal Green – Нијанса што изгледа мирно, сè додека не сфатиме дека е нијансата на Poisoned condition.