• Piercers - D&D Nolzur's Marvelous Miniatures

    Piercers – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures

    0

    Во длабочините на мрачните пештери, Piercers чекаат од заседа. Нивните камени школки не би ги разликувале од обични сталактити. Дремат и го чекаат правиот момент да се пуштат врз одбраната жртва од висината.

    Детектираат топлина и вибрации од огромни растојанија. Совршени замки за секој авантурист кој не гледа нагоре. Дури и кога би ги забележале, нивна способност е да ослободуваат корозивна киселина. Што значи дека се закана и кога се откриени.

    Однапред подготвени за бојадисување, овие минијатури даваат можност внес на нова динамика во кампањите.

    440,00 ден
  • Halfling Female Fighter - Nolzur's Mini

    Halfling Female Fighter – Nolzur’s Mini

    0

    Тука е и Пени, храбра халфлинг фајтерка, подготвена за освојување кампањи – само чека да ѝ дадете живот со вашата четка. Нејзината маленкост никогаш не е за потценување.

    Секој халфлинг има природен дар за Lucky моменти. Тргне ли нешто наопаку (како критикл фејл), единственото што Пени би направила е слатко преролување на D20-ка и обид за нова среќа. Да бидеме реални, храброста на оваа борка не може да биде заплашена од монструмите на Faerûn.

    Овој искусен борец владее со разни маневри – мајстор за Riposte, секогаш подготвена да возврати удар кога непријателот е премногу самоуверен. А ако стане густо, активира Second Wind и прилично се освежува, подготвена за камбек со двојно поголема решеност.

    380,00 ден
  • Monsters K-N: D&D Classic Collection

    Monsters K-N: D&D Classic Collection

    0

    Клучниве фигури кои ги менуваат нашите можности и сеат страв дури и на најискусните, ни доаѓаат од длабоките катакомби до најтемните морски длабочини и се обединуваат на бојното поле.

    Kobolds, иако мали и многу досадни, никогаш не треба да се потценуваат. Оваа групирана пакост може многу експедитивно да ни го потроши трпението.

    Од другата страна на спектарот е Lich, некогаш моќен визард кој сега контролира магија што го надминала животот. Тој не е само физичка закана – неговото присуство го уништува умот и предизвикува болка што трае.

    Lizardfolk, со нивната дива природа и прилагодливост, се мајстори на сурова борба, додека Mind Flayer нé вовлекува во комплетна, неизбежна агонија. Претпазливо, бидејќи овој телепатски кошмар е способен да ни ја исцрпи волјата за борба, ако не и самата душа.

    За чиста сила и безмилосност, тука е Minotaur, со својот огромен Greataxe и лавиринтски тактики. Тој не знае за зборот „милост“ и би не избришал од патот со непоколеблива моќ. Ако се најдеме низ водните длабочини, Merfolk ќе ја бранат својата територија со брзина и агилност што тешко можеме да ја следиме.

    И потоа хорор приказната продолжува со Mummy, која оживува за да сее проклетство со секој удар, оставајќи нè на тест на времето. Нема лесен спас од нејзината камена тупаница, освен ако не најдеме начин за прекин на древното проклетство.

    И, доколку сè уште не е доволно, ќе се соочиме и со Naga – полубожество во форма на змиско суштество, кое не треба да го потцениме. Нејзината контрола врз магијата е неверојатна, а тајните што ги носи – незамисливи.

    5.580,00 ден
  • -15% Monsters G-J: D&D Classic Collection

    Monsters G-J: D&D Classic Collection

    0

    Монстeриве го преживеале тестот на времето, буквално и сликовито. Потребен е тактичен пристап за борба со овие класични чудовишни легенди подготвени да создадат стратешки, драматичен пресврт во кампањата.

    Знаеме дека Ghosts не само што го обесхрабруваат Greatsword-от, туку и самото нивно присуство е ехо на минатото – фрагмент од душа која никогаш не нашла мир.

    Гладниот ловец на мртвите, Ghoul, не ја познава границата меѓу животот и смртта. Тој е повеќе од обичен undead, закана што тивко демне под земјата, чекајќи да го нападне секој кој мисли дека безбедноста доаѓа со самракот.

    Gorgon е нешто сосема друго – монструм со метални рогови и бронзена кожа, кој црпи моќ од овие елементи и со еден здив може да го претвори непријателот во нешто комплетно различно.

    Но, не сите закани доаѓаат од земјата. Griffon, величествен и смртоносен, господар на небото, е симбол на борбата меѓу небото и земјата. Со крилја што го носат кон победата и канџи без милост, не познава пораз.

    Harpy, вистински предизвик, заведува со своите мелодии. Но, овој мелос не е обичен звук, туку повик кон пропаст. Доколку го чуеме низ атмосферата, можеби ќе биде предоцна.

    Од огнените бездни на Nine Hells излегува Hellhound, крволочниот пес, кој гори и прогонува сè околу себе, претставувајќи голема закана во секоја битка.

    Заканите доаѓаат и од длабочините. Hippocampus е господар на подводниот свет, суштество што нè чека под водата, подготвено да нè повлече надолу во неговата територија.

    А Imp, кој ни се смее од сенките како отровен бодеж, со вреќа полна со демонски финти, е спремен да го сврти текот на битката со еден удар и смртоносен хумор.

    Original price was: 5.950,00 ден.Current price is: 5.057,00 ден.
  • Monsters D-F: D&D Classic Collection

    Monsters D-F: D&D Classic Collection

    0

    Извлечени од најдлабоките кошмари на Faerûn, овие монструми се подготвени да посеат вистински страв во срцата. Пред нас стојат некои од најозлогласените и најопасните суштества кои некогаш сме ги пресретнале.

    Displacer Beast, ѕвер кој ја манипулира реалноста, збунувајќи го секој што се осмелува да го нападне. Во секој напад, борбата е против сопствените очи, додека се обидуваме да го најдеме вистинскиот облик на ова чудовиште.

    Ако тоа не е доволно, Doppelganger демне во темнината, подготвен да се трансформира во еден од нас и да разлее сомнеж. Ќе нападне токму кога довербата е најважна, оставајќи нè да се прашуваме кому да веруваме.

    Четири Elemental духови, господари на елементите, ја тестираат секоја применета тактика. Секој од нив има посебна моќ и непредвидливи способности, правејќи ја секоја битка вистинска борба за опстанок.

    И да речеме дека најжесток меѓу нив е пеколниот Efreeti, духот на огнената стихија. Заедно со него е и двоглавиот Ettin. Едната глава секогаш планира, додека другата, безмилосно делува.

    6.060,00 ден
  • Kryn Dynasty & Xhorhas: Factions of Wildemount - Critical Role (Box Set)

    Kryn Dynasty & Xhorhas: Factions of Wildemount – Critical Role (Box Set)

    0

    Добродојдовте во мистичниот и темен свет на Kryn Dynasty, каде времето и гравитацијата не функционираат како во другите делови на Exandria. Влегуваме во срцето на Xhorhas, земја на чудни суштества, моќни спелкастери и воини кои ги контролираат мрачните уметности на Dunamancy.

    Пред нас е Lotusden Halfling, маленкоста со голема врска кон природата, но не дозволувајте големината да ве излаже. Тука е и Dark Elf Rogue, мајсторот на сенките, секогаш подготвен да пробие низ бариерата на непријателот. Барате нешто навистина уникатно? Тука е Echo Knight и неговиот моќен Echo двојник – едноставно контролира повеќе од едно тело на бојното поле.

    Trader of Kryn и Kryn Noble носат своја приказна од источното крајбрежје, а Graviturgy, Chronurgy, и Dunamancy Wizards ќе ви овозможат пристап до мистичните и забранети уметности што ја манипулираат самата реалност. Нивната магија е навистина нешто што може да го смени текот на секоја битка, секоја авантура, и сечија судбина.

    3.060,00 ден
  • Hydra - D&D Icons of the Realms

    Hydra – D&D Icons of the Realms

    0

    Авантуристи! Пред вас стои древен кошмар на Faerûn

    Хидрата. Пет глави ве гледаат гладно, секоја подготвена да ви го направи денот многу, многу полош. Мислите дека би можеле да отсечете една и да завршите работа? Заборавете! Се надевам дека Паладинот е подготвен за повеќекратен Divine Smite, затоа што еден не би значел крај. Дали Визардот и Клерикот имаат подготвено доволно спелови? Да видиме…

    Ова не е обична минијатура; ова е монструозен предизвик што ќе ве тестира до крајни граници. Hydra од WizKids Icons of the Realms колекцијата, со детален, колоритен финиш, е совршен катализатор за незаборавен комбат. Ова не е монстер за слабите; ова е легенда што крева огромна паника.

    3.360,00 ден
  • Archdevils: Hutijin, Moloch, Titivilus - D&D Icons of the Realms

    Archdevils: Hutijin, Moloch, Titivilus – D&D Icons of the Realms

    0

    А да размислиме два пати во врска со овие монструми никнати од Nine Hells?

    Плановите, амбициите и предавствата на овие Archdevils не се мерат во години, туку во милениуми.

    Hutijin е десната рака на Asmodeus, и неговото непоколебливо оружје за пропаст. Големината и силата му се повеќе од доволни, но вистинската опасност доаѓа од неговата интелигенција и способноста да командува пеколна армија.

    Titivilus е мајстор на зборот и манипулацијата. Неговиот златен јазик е опасно оружје, способно да ги сврти дури и најлојалните сојузници едни против други. Да не го потценуваме ни малку – да не си го потпишеме сопственото уништување.

    Moloch е некогашен лорд на Stygia, чие проклетство и пад како да му дадоа многу поголема моќ. Неговата големост во Nine Hells му даде можност да изгради сила што чека да се ослободи во вистинскиот момент. Moloch не простува – само чека.

    5.020,00 ден
  • Hobgoblin Warband - D&D Icons of the Realms

    Hobgoblin Warband – D&D Icons of the Realms

    0
    Делува смешно, но дај да размилиме дали е паметно да ја предизвикуваме дисциплината и стратегијата на Hobgoblin војската? Пред нас е силата на Hobgoblin Warband – секој војник трениран за жестоки битки и организирани напади.
    Двајца елитни Hobgoblins се првите во линијата на напад, следени од моќниот Hobgoblin Devastator, способен за канализирање на колку-толку магија и прчкосување од далечина. Hobgoblin Iron Shadow е вистински мајстор на сенишни заседи, подготвен да парализира секоја закана што ќе се обиде да избега. Главен е Hobgoblin Captain, а на чело на целата армија стои моќниот Hobgoblin Warlord.
    3.090,00 ден
  • Icewind Dale Rime of the Frostmaiden: Frost Giant - 2D Set

    Icewind Dale Rime of the Frostmaiden: Frost Giant – 2D Set

    0

    Добредојдовте во ледените пространства на Icewind Dale, каде замрзнатите ветришта, покрај студ, носат и легенди. Пред вас стојат едни од најмрачните и најопасни суштества на Северот, секое од нив подготвено да ви го замрзне здивот. Од моќниот Frost Giant, издигнат над сè, до мистериозната Cold Crone, чии магии носат неизмерлив студ.

    Во комбат би се соочиле со сè – од Goliath Werebear, кој го пренесува студот и бесот со својата форма, до Tekeli-li, замрзнатиот хорор кој лази низ сенките. До вас е и Xardorak Sunblight, дуергарот кој ја бара моќта на северните мразови, и не заборавајте го Winter Wolf, чиј леден здив би ја запечатил судбината на оној што ќе му се приближи.

    Овој 2D сет е идеален за Rime of the Frostmaiden кампањите – лесен за поставување и исполнет со илустрации, носејќи ги овие ледени суштества на теренот, без никаква жртва на деталност и со трепет од студ.

    910,00 ден
  • Fire Genasi Female Wizard - D&D Icons of the Realms

    Fire Genasi Female Wizard – D&D Icons of the Realms

    0

    Ашана – вистински мајстор на елементалната магија. Олицетворение е на самиот оган, но владее и над многу други мистични сили. Во раката ѝ се формира Chromatic Orb – кристализирана магија што извира од нејзината сила, подготвена да се насочи кон метата. Но, таа не е стриктно деструктивна. Го познава моментот кога треба да се вклучат стратегијата, софистицираноста и моќта. Не е секогаш неопходно да го запали пламенот.

    Секој детаљ на оваа претходно насликана минијатура од WizKids носи приказна: нејзината огнена коса, наметката што трепери со елементална енергија, и магијата која се оформува, подготвена да биде фрлена со смртоносна прецизност.

    590,00 ден
  • Dwarf Female Wizard - D&D Icons of the Realms

    Dwarf Female Wizard – D&D Icons of the Realms

    0

    Нејзиното име е Тандра и не е обичен дворф визард – таа е мастер бластер. Ја фаќате во момент на кастање Фајрбол, кој може да пеплоса армија – вистински тест за оние кои се осмелиле да ѝ застанат на пат. Но, нејзиниот спелбук не е полн само со разорувачки спелови – тој е испреплетен со длабока интелигенција и вековно знаење, пренесувано низ тајните на недопрените полици на бројни библиотеки.

    Секој детаљ на оваа претходно насликана минијатура од WizKids носи приказна. Од сјајот на нејзината огнена магија до нејзината наметка, која трепери од енергијата на елементите, Тандра е подготвена за нешто грандиозно.

    590,00 ден
  • Dragon Army Warband - D&D Icons of the Realms

    Dragon Army Warband – D&D Icons of the Realms

    0

    Кога војската на Dragon Queen тропа на портите, храброста е она што би нè одржало во живот. Овој сет ја носи смртоносната Dragon Army Warband на нашата D&D маса, подготвена за пресметка со секој што би се спротивставил на нејзиниот непоколеблив марш.

    Во овој сет пресретнуваме тројца елитни Dragon Army Soldiers, секој од нив искусен во борба и обучен за битка. Но, тие не се сами – зад нив стојат двајца витези, Dragon Army Knights, облечени во импресивни оклопи, подготвени да ја бранат честа на нивниот ред. А нивниот водач, Dragon Army Officer, командува со железна рака, секогаш подготвен да ги поведе војниците во битка за славата на нивната кралица.

    3.030,00 ден
  • Draegloth - D&D Nolzur's Marvelous Miniatures

    Draegloth – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures

    0

    Draegloth, драо-демоник хибридот, е чиста сила на уништување. Овој огромен ѕвер е симбол на суровата моќ на Underdark, и неговото присуство сее ужас. Со четири раце и демонски канџи, тој разнесува хаос каде и да се појави.

    Сега Draegloth е пред вас, подготвен да биде обоен и дарен со живот.

    Оваа минијатура е подготвена за бојадисување, дозволувајќи бројни комбинации и уметнички визии, правејќи го Draegloth битна фигура во авантурата низ кралството на Lolth.

    610,00 ден
  • Dracohydra - D&D Fizban's Treasury of Dragons

    Dracohydra – D&D Fizban’s Treasury of Dragons

    0

    Создадена со мрачно и магично експериментирање, Dracohydra е жив доказ за амбицијата на оние кои целат кон реинкарнација на моќта на Tiamat. Комбинирањето на магијата на хроматските змејови со крвта на хидрата резултира во ова повеќеглаво, крилесто, гламурозно чудовиште со неколку опашки, кое не носи добри вести.

    Dracohydra блуе маса на мултиколорна енергија која ја содржи елементалната моќ на секој хроматичен змеј. Секој здив е како удар од повеќе змејови во едно. Колку е важно да не ја изгубиме надежта ако се пресретнеме со неа.

    Нека оваа гигантска фигура ја збогати нашата D&D маса, а најдобро би било да седи настрана во амбиентот, како украс.

    8.500,00 ден
  • Death Giant Necromancer, Glory of the Giants - D&D Icons of the Realms

    Death Giant Necromancer, Glory of the Giants – D&D Icons of the Realms

    0

    Кога душите шепотат во темнината, и самата смрт се претвора во магија, во непосредна близина е Death Giant Necromancer.

    Оваа огромна минијатура со себе носи еден таков застрашувачки израз, како да е извлечен од гроб, и секој поглед вперен кон нејзината појава, автоматски уклучува терор. Треперат душите околу неа додека создава аура на студена неизвесност.

    Некромансерот повикува. Овој Death Giant е совршен антагонист во нашиот D&D свет, влечејќи огромна моќ и некромансерска закана со себе.

    3.020,00 ден
  • Clovis & Menagerie: Factions of Wildemount - Critical Role (Box Set)

    Clovis & Menagerie: Factions of Wildemount – Critical Role (Box Set)

    0

    Добредојдовте во Wildemount, каде заговорите и фракциите ја контролираат секоја уличка и брег. Овој сет носи клучни играчи на масата – од Clovis Concord и Menagerie Coast, од обични рибари до зловестни Blood hunters.

    Запознајте го The Hollow One, суштество кое живее на работ меѓу животот и смртта, или The Fisherman of Clovis, кој можеби знае повеќе отколку што би ви кажал. Не ја потценувајте моќта на Clovis Noble и Clovis Concord Zhelezo, кои ги чуваат тајните и политичките интриги на бреговите на Menagerie. Тука се и мистичните Pallid Elves, кои доминираат со поинаква магија и вештини.

    Преку Critical Role знаеме дека овие фракции се дел од богатата историја на Exandria, креирана од Matthew Mercer. Ликови како Jester (Laura Bailey) и Fjord (Travis Willingham) се соочиле со истите предизвици кои во моментов се пред вас. Влегуваме директно во приказната, спремни за наши епски авантури.

    2.590,00 ден
  • Adult Brass Dragon - D&D Nolzur's Marvelous Miniatures

    Adult Brass Dragon – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures

    0

    Митски и величествен, овој Adult Brass Dragon е симбол на мудрост, моќ и златна енергија. Brass Dragons не се само обична огнена сила – тие се чувари на знаењето, љубопитни и полни со приказни.

    Овој змеј чека да биде обоен според вашата фантазија. Претходно подготвен за обработка, идеален е за оние кои сакаат да внесат сопствен стил и уметност во своите авантури.

    Дали ќе му дадете златно-бронзен сјај или ќе го трансформирате во нешто уникатно? Без разлика, тој ве чека да му дадете живот, и со своите распослани крила да стане централната фигура во вашата D&D колекција.

    6.370,00 ден