-
ENHANCE Roll-on-a-Scroll™ Dice Case & Dice Set (Black)
0890,00 денЦрната е за оној кој би зборувал со нешто постаро од морал, за оној кој би го чул шепотот на коцката како филозофија, не како звук.
Ако решаваме судбина, мора да распостелеме тепих за коцките.
Замисли го следново: маса обрасната со мапи, character sheet-ови, минијатури — хаосот пред битката е неизбежен. И само го чекаш моментот, да го одврзеш чворот од кадифениот скрол, да го постелеш пред себе и да започнеш да Roll-on-a-Scroll каде коцките сакаат да слетаат и да се вртат, тивко и решително.
Скролот носи со себе свој комплет акрилни коцки, свој мал аресенал за критични моменти, за спел кој се каста без сведоци, за saving throw што ќе спаси без никој да сфати како.
-
-15%
Dragon Delves (D&D Adventure Anthology) – Alt Cover
0Original price was: 3.330,00 ден.2.830,00 денCurrent price is: 2.830,00 ден.Алт-кавер изданието на Dragon Delves не изгледа како книга што се купува — туку како книга што те избира. Корицава без би стоела на пиедестал во змејска ризница, со релјеф кој вели дека книга не е само антологија, туку релик што преживеал премногу авантури за да биде обичен.
Замисли врата. Ама замисли ја величенствено, оти зад неа чека свет каде змејовите се почеток. Е сега, замисли десет такви врати, оти Dragon Delves ти нуди токму толку.
Во повеќето авантури, змејот е крјот. Точката. Кулминацијата. Но, Dragon Delves ја превртува таа логика и го става онаму каде смета дека отсекогаш му било местото: змеј не е крајот – змеј е целиот континент.
Секоја авантура во оваа антологија е мало кралство изградено околу личноста на својот змеј. Не пештера — психологија. Не лавиринт — доктрина. Секој змеј создава свет кој го отсликува – од мрзливи, накострешени зелени змејови кои режираат хаос како аматерски театар, до колоси кои ти го мерат секој чекор како да решаваат равенка старa илјадници години.
Dragon Delves не е само серија битки, туку одговори на задолжителни прашања:
– Што значи да преговараш со нешто што те смета за незначителен?
– Колку далеку ќе одиш за богатство што можеби не постои?
– И дали на крајот ќе сфатиш дека најголемото богатство е приказната што преживеала?Визуелниот идентитет на книгата е посебен блесок: десет делови, секој илустриран во стил кој го отсликува змејот домаќин.
Ова не се само авантури — 0ва се десет книги во една, десет авторски енергии споени во една антологија.
-
-10%
DM’s Bag: Collector’s Edition (Blue Dragon) | ENHANCE
0Original price was: 7.700,00 ден.6.900,00 денCurrent price is: 6.900,00 ден.Оваa подвижна тврдина, оваа патувачка ризница, е создадена за раскажувачот на приказната, за чуварот на светот. Ова колекционерско издание на ДМ-скa торба обложена со змејска кожа, колку што е стил, толку е и сигурност.
Ммм да, убаво прочитавте – змејска кожа! Слободно вртете Investigation или Arcana, или, не знам, кастајте Identify.
Металниот медалјон не е орнамент – е силмбол дека си одбран. Од четири до осум гримоари можат да се засолнат внатре. Три прегради го делат просторот за коцки, бележници, и работи што никој друг нема да може да ги види. Простор за цела армија минијатури, за полна таверна, за 16 NPC-ња безбедно да стасаат на мапата и да се вратат назад. Надворешни прилагодливи ремени за транспорт на мапата која цела маса едвај ја чека, надежна дека нема за последен пат да ја види.
И кога ременот легнува на рамото, чувствуваш само едно – товарот на приказната. А приказните убаво тежат.
-
Dice Tower Dice Tray: Castle Edition | ENHANCE
01.400,00 денКоцките ни се тркалаат низ транспарентен замок и додека последниот нивен потскок не помине, практично не дишеме. ENHANCE Dice Tower – Castle Edition е театар на случајноста и надеж дека фејл не е возможно да се сврти низ нејзе и дека фајрболсите и критовите ќе обликуваат епски моменти.
Низ транспарентни ѕидини, по три нивоа на турбуленција, ја гледаме коцката како минува надолу и на секое ниво ја губиме предвидливоста сè дур 20ката конечно не се сврти.
Толку лесно се склопува. Составена е од 8 делови и засекогаш останува стабилна, без разлика колку е деликатен скил чекот и тешка битката. Заштедува простор, но не и стил. Тркалањето низ оваа кула ни станува ритуал.
Ја тестиравме и можеме ова да го советуваме: Не ја нишајте, не ја гледајте предолго и никогаш, никогаш не спомнувајте Bag of Holding на глас – долга приказна.
-
Dragon Shield: Dice Companion – Blood Red
02.200,00 денBlood Red не е боја, туку предупредување.
Dice Companion – Blood Red не е за оние кои се надеваат на добар рол. Туку за оние кои го диктираат резултатот. Фрлаш d20 во него. Звукот е осуда. Казна. Одлука што ќе ги запали колоните на сесијата.
Изработен од Dragon Skin™, оваа кутииште сместува сè што ти треба: шест комплети коцки, минијатури, белешки од претходни средби, траги од магии кои некој кутар, беспомошен NPC… нема да ги преживее. Внатрешниот сатен? За разлика од тебе – е милостив.
Сè е во ред.
Сè е таму каде што треба да биде.
Сè е подготвено. -
Chessex Reversible Megamat – Black/Grey Hexes
02.920,00 денВо светот на тактичките игри, секој потег е важен, а секоја позиција може да значи разлика меѓу победа и пораз. Со Chessex Reversible Megamat, играта добива нова димензија на прецизност и реалност.
Оваа двострана мапа, со хексагонални полиња од 2,5cm, нуди црна и сива страна, овозможувајќи флексибилност во визуелниот приказ на авантуриte. Изработена од издржлив винил, мапата е идеална за долготрајна употреба и лесно се чисти.
Важно е да се користат само маркери со водена основа (wet-erase markers) за обележување на мапата. Избегнувај употреба на dry-erase маркери, бидејќи можe да предизвикаат трајни дамки. Не оставајте обележувања на мапата преку ноќ, особено во бои како црвена, виолетова, кафеава и портокалова, кои имаат поголема тенденција да остават траги.
Со димензии од приближно 87.6 cm x 121.9 cm, оваа мапа обезбедува доволно простор за комплексни битки и сценарија, правејќи ја совршен избор за секој сериозен ДМ или стратег.
-
Dragon Shield: Game Master Screen – Blood Red
02.900,00 денЕ, пред овој ДМ скрин – се молчи. Не затоа заплашува – туку затоа што наговестува. Како портата на последната зандана. Како крвта што веќе се исушила на сечилото. Game Master Screen: Blood Red е тврдината од која го движиш светот.
Со боја на древна жртва, на скапоцена мастило, овој скрин е сведоштво за сите водени битки, и сите допрва покренати. Зад него се испишува судбина, се менува планот на херојот. Опасноста се чувствува, пред да настапи.
Со воена прецизност е организиран целиот простор. Стоиш зад него со мирна совест бидејќи ништо не е случајно. Сè е тука: скриено, подготвено, брутално јасно.
Blood Red не е за секој ДМ, туку за оној кој никогаш не прашува: „дали сте сигурни?“
-
Dragon Shield: Game Master Companion – Midnight Blue
04.850,00 денНе сите ДМи се слушнати. Некои се чувствуваат – во изборот на зборови, во начинот на кој тишината трае секунда подолго од што треба. Некои не креираат кампањи – ткаат реалност. И Game Master Companion: Midnight Blue, е создаден за нив.
Ова не е само складиште. Ова е олтар. Изгледа како артефакт заборавен во архива на арчмејџ, како алатка за контрола. Dry-erase површини, простор за карти, книги, и минијатури, за таблет или мобилен, поставен под идеален агол како кристална топка за информации што само ти ги гледаш, тајни прегради кои ги криеш од љубопитни погледи. Бојата? Длабока… како планот на твоето омилено NPC. Смирена… како темнината пред самиот endgame.
Ова не е придружник за секого. Ова е за оние кои не читаат на глас, туку ја шепотат приказната. Бидејќи Midnight Blue не е гласен. Тивко ги влече конците — и световите се покоруваат.
-
Dragon Shield: Game Master Companion – Iron Grey
04.850,00 денСекоја кампања носи свој, персонализиран хаос. Понекогаш доаѓа во форма на неочекувана одлука. Понекогаш, во форма на играч кој тргнал лево кога мапата води десно.
Game Master Companion: Iron Grey не се губи во паниката. Тој стои со исправен грб, тивок поглед и подготвено сценарио. Тоа си ти.
Не се фали – туку едноставно, функционира. Ги собира сите твои тајни мапи, стат блокови, карички за иницијатива, NPC табели, и ги заклучува со силата на магнетна прецизност. Внатре: простор за книги, минијатури, мапи, мобилни, таблети, за сè што е потребно за ДМ-аш без запирање — без хаос, без лов на белешки. Просторот е совршено организиран за она што треба да го сокриеш или пуштиш низ светот во вистинскиот момент.
-
Dice Tray | Arcane Alcove
0590,00 денНа секоја маса постои едно свето место – онаму каде коцките се стркалуваат и запшуваат судбини. Arcane Alcove Dice Tray е олтарот, заштита од неконтролирани скривања на коцките под недостижни места и сигурност дека секое фрлање го добива вистинскиот резултат, без лутење.
Изработен за оние кои ништо не оставаат на случајност, овој стилски dice tray e збирштина на коцките во мека, контролирана средина. Црното платно со импонзантниот црвен симбол ја носи суштината на Arcane Alcove – сила заробена во d20 што би ја откорнале самата реалност.
Без разлика дали сме во комбат или очајно ни треба тој persuasion чек како би излегле на крај со патронот, Arcane Alcove Dice Tray е нашиот сојузник во секое фрлање.
-
Dungeons & Dragons Spellbook Cards: Magic Items
01.800,00 денМалку нешта можат да го променат текот на авантурата, но има нешто многу посебно во моментите на пронајдок на ајтем во вистинскиот момент. Со Spellbook Cards: Magic Items, секое парче армор, оружје или чудесен, редок, многу редок, претерано редок ајтем станува дел епската приказна.
Замисли го моментот на пронаоѓање на Horn of Valhalla, или моментот на тегнење и влечење за кој да го поседува Staff of the Magi, или кревањето револуција при појавата на еден Bag of Holding, а партито е од 4 авантуристи! кој секогаш има место за уште еден трофеј. Овие 294 картички не само што ги прикажуваат најмоќните предмети во D&D, туку ги претвораат во приказни што ќе се раскажуваат долго после завршувањето на сесијата.
Од adamantine armor, кој пркоси на критичните удари на непријателот, до крилја кои нè носат надвор од досегот на опасноста, секој ајтем е претставен со јасност и деталност. 294 ламинирани картички ги сервираат ајтемите на дофат на играчите, подготвени за многу драма, тактика и возбуда.
Оваа колекција е повеќе од ресурс – ова е билет за златните трезори на фантазијата. Како што Vorpal Sword ги сече главите на непријателите, така и Spellbook Cards: Magic Items ги сечат сите изговори за одложувања во играта.
-
Curse of Strahd: Revamped Premium Edition (D&D Boxed Set)
07.480,00 денНиз непријатните, мрачни и густи магли на Баровија, времето стои, но теророт не спие. Над селото, низ злокобниот поглед на Castle Ravenloft, Count Strahd von Zarovich ја ткае својата мрежа од страв и интриги, подготвувајќи ги своите гости за ноќ која не се заборава. Ќе одогвориме ли на поканата? Ќе бидеме ли оние кои ќе успеат да ја откријат вистината зад неговата доминација? Или ќе станеме уште една изгубена душа во кралство на мракот?
Curse of Strahd: Revamped Premium Edition е целосно искуство кое нè вовлекува во легендата за Страд како никогаш досега. Преработена и поделена на елегантно организирани делови, ова издание е фантастична алатка за ДМ-ите и дефинитивен кошмар за играчите. Ова е покана во свет каде светлината трепери, а темнината не заминува.
Да се подготвиме за незамислива судбина во Баровија, која веќе е испишана со Tarroka Deck картите од кои еден извлечен симбол може да промени сé. Ова е искуство кое мора да си дозволиме да го доживееме – влез во свет на мрак и мистериите, каде најхрабрите се единствените преживеани во играта на Страд.
-
-
Spellbook Cards: Cleric
01.200,00 денВо секоја битка помеѓу светлината и мракот, клерикот е столбот на надежта, чуварот, непоколебливата рака на божественото. Со Spellbook Cleric Cards, молитвата и магијата не се само дел од играта, туку она што ќе го спаси денот, што ќе го благослови партито и ќе ја продолжи авантурата. Сред хаосот, овие мигови означуваат пресврт.
153 ламинирани карти се опремени со јасен приказ на имињата на спеловите и деталите за нивните ефекти. Можноста е директно и уредно во вашите раце – од едноставните, но моќни кантрипи, како Sacred Flame, до величенствените магии од 9-ти левел, како Mass Heal. Напредне ли искуството, злает зема и спекастерската моќ, па тука се и дополнителните секции на картите со детали кои, во никој случај, не би сакале да ги изумиме.
Клерикот ни е олицетворението на боженствениот допир во играта. Со Spellbook Cleric Cards, молитвите се повеќе од јасни, спеловите се моќни, а ефектот – загарантиран.
-
Gellow Red/Yellow, 7-Die Set (bonus die)
0780,00 ден“In the heat of the forge, where metal meets flame, I shape the divine into something tangible. With each strike of the hammer, I bring order to chaos, turning raw power into the tools of the righteous. My faith is the fire, my will the anvil, and with them, I craft destiny.”
Во длабочината на Great Foundry во Sigil, посебен, ќе речеме дури и боженствен ковач, мајстор на уметноста, металот и магијата, се нафаќа да ги обликува овие коцки. Остава да го носат духот на жарот за Cleric од Forge Domain секогаш покрај себе да има симбол на бесконечна можност ако стасаат до неговите раце. Ги дофати ли, ќе бидат клуч за пат до светлината во моменти на мрак, за облик во хаосот и за танц на светото.
Овие коцки не се само алатка – тие се светиот оган, креирани за оние кои знаат како блескавата, стопена руда, се претвара во моќ.
-
Smoke Gray – Eclipse 11
0930,00 ден“In the moments when light fades and darkness rises, I stand between the two, a guardian of the twilight. In the balance of dusk and dawn, I find my strength, where shadows are my shield and the night my guide.”
На самрак, во Tower of Twilight во Waterdeep, во преодниот зрак, кога граница помеѓу светлината и темнината е толку тенка, овие коцки се создаваат за да го запечатат токму тој моментот. Нивната сила најдобро би ја извлекол Cleric од Twilight Domain, најдобро би го отсликал овој миг меѓу денот и ноќта.
Овие коцки се повеќе од алатка – тие се одраз на посветеноста, грижата и присутноста во момент кога надежда се чини дека бледее со заминувањето на светлината.
-
Waterdeep – Vinyl Game Mat
01.900,00 денМмм, Waterdeep… Градот каде приказна пулсира под секој камен и се испреплетува низ улиците со незапирливите бранови на трговија и интрига. И во секоја сенка се крие нова – од раскошните домови на Sea Ward, каде подеднакво се коваат сојузи и предавства, до мракот на Dock Ward, каде внимателен би требало да ни биде секој чекор.
Пред нас е клучот кон срцето на еден од најмоќните и мистериозни градови на Forgotten Realms. Замислете да го слушнеме ли гласот на Blackstaff додека нè набљудува низ улиците од својата кула? Или замислете ги сретнеме очите на Masked Lords, секогаш скриени, а секогаш присутни во секој агол?
Waterdeep е жива, дишечка сила. Го обликуваат толку многу работи – од сјајот на Castle Waterdeep, до мистериозните длабочини на Undermountain. И нашата аватнура има прилика да се развива по улиците што своите имиња ги врежале во историјата.
Нека шепоти Skullport стравови во умот на секој кој се осмелува да се приближи. Нека стане Yawning Portal наша нова почетна точка и слободно нека биде нашата тактика ставена на тест од опасноста на Field Ward.
Ова е Waterdeep. Град што не заборава, град што постојано се менува, но никогаш не губи од својата моќ и привлечност.
-
Vinyl RPG Battlemat, Reversible – Chessex
01.650,00 денСекој епски судир заслужува совршена сцена. Vinyl RPG Battlemat – Chessex е токму тоа – бојно поле каде стратегијата се спојува со магијата. Терен за победи… и грешки.
На секој визард му е позната моќта на Fireball и тремата која доаѓа откако спелот е искастан со шанса дел од партито да биде зафатено во пламен. Добрa вест – сега е послесно да се визуализираат ефектите, движењето и секој непредвидлив потег што може да го промени текот на битката.
Мапата е тактички рај. Со двојна страна Chessex Battlemat е подготвена да ја издржи секоја критична одлука на карактерите, без разлика на расположението, на околината, на амбиентот во мрачен данџн, или отворено поле за комбат.
Изработена е од винил и спремна за безброј фрлања на коцки, грешки и повторувања на легендарни моменти.