• Spellbook Cards: Cleric

    Spellbook Cards: Cleric

    0

    Во секоја битка помеѓу светлината и мракот, клерикот е столбот на надежта, чуварот, непоколебливата рака на божественото. Со Spellbook Cleric Cards, молитвата и магијата не се само дел од играта, туку она што ќе го спаси денот, што ќе го благослови партито и ќе ја продолжи авантурата. Сред хаосот, овие мигови означуваат пресврт.

    153 ламинирани карти се опремени со јасен приказ на имињата на спеловите и деталите за нивните ефекти. Можноста е директно и уредно во вашите раце – од едноставните, но моќни кантрипи, како Sacred Flame, до величенствените магии од 9-ти левел, како Mass Heal. Напредне ли искуството, злает зема и спекастерската моќ, па тука се и дополнителните секции на картите со детали кои, во никој случај, не би сакале да ги изумиме.

    Клерикот ни е олицетворението на боженствениот допир во играта. Со Spellbook Cleric Cards, молитвите се повеќе од јасни, спеловите се моќни, а ефектот – загарантиран.

    1.200,00 ден
  • Gellow Red/Yellow, 7-Die Set (bonus die)

    Gellow Red/Yellow, 7-Die Set (bonus die)

    0

    “In the heat of the forge, where metal meets flame, I shape the divine into something tangible. With each strike of the hammer, I bring order to chaos, turning raw power into the tools of the righteous. My faith is the fire, my will the anvil, and with them, I craft destiny.”

    Во длабочината на Great Foundry во Sigil, посебен, ќе речеме дури и боженствен ковач, мајстор на уметноста, металот и магијата, се нафаќа да ги обликува овие коцки. Остава да го носат духот на жарот за Cleric од Forge Domain секогаш покрај себе да има симбол на бесконечна можност ако стасаат до неговите раце. Ги дофати ли, ќе бидат клуч за пат до светлината во моменти на мрак, за облик во хаосот и за танц на светото.

    Овие коцки не се само алатка – тие се светиот оган, креирани за оние кои знаат како блескавата, стопена руда, се претвара во моќ.

    780,00 ден
  • Smoke Gray - Eclipse 11

    Smoke Gray – Eclipse 11

    0

    “In the moments when light fades and darkness rises, I stand between the two, a guardian of the twilight. In the balance of dusk and dawn, I find my strength, where shadows are my shield and the night my guide.”

    На самрак, во Tower of Twilight во Waterdeep, во преодниот зрак, кога граница помеѓу светлината и темнината е толку тенка, овие коцки се создаваат за да го запечатат токму тој моментот. Нивната сила најдобро би ја извлекол Cleric од Twilight Domain, најдобро би го отсликал овој миг меѓу денот и ноќта.

    Овие коцки се повеќе од алатка – тие се одраз на посветеноста, грижата и присутноста во момент кога надежда се чини дека бледее со заминувањето на светлината.

    930,00 ден
  • Waterdeep - Vinyl Game Mat

    Waterdeep – Vinyl Game Mat

    0

    Ммм, Waterdeep… Градот каде приказна пулсира под секој камен и се испреплетува низ улиците со незапирливите бранови на трговија и интрига. И во секоја сенка се крие нова – од раскошните домови на Sea Ward, каде подеднакво се коваат сојузи и предавства, до мракот на Dock Ward, каде внимателен би требало да ни биде секој чекор.

    Пред нас е клучот кон срцето на еден од најмоќните и мистериозни градови на Forgotten Realms. Замислете да го слушнеме ли гласот на Blackstaff додека нè набљудува низ улиците од својата кула? Или замислете ги сретнеме очите на Masked Lords, секогаш скриени, а секогаш присутни во секој агол?

    Waterdeep е жива, дишечка сила. Го обликуваат толку многу работи – од сјајот на Castle Waterdeep, до мистериозните длабочини на Undermountain. И нашата аватнура има прилика да се развива по улиците што своите имиња ги врежале во историјата.

    Нека шепоти Skullport стравови во умот на секој кој се осмелува да се приближи. Нека стане Yawning Portal наша нова почетна точка и слободно нека биде нашата тактика ставена на тест од опасноста на Field Ward.

    Ова е Waterdeep. Град што не заборава, град што постојано се менува, но никогаш не губи од својата моќ и привлечност.

    1.900,00 ден
  • Vinyl RPG Battlemat, Reversible - Chessex

    Vinyl RPG Battlemat, Reversible – Chessex

    0

    Секој епски судир заслужува совршена сцена. Vinyl RPG Battlemat – Chessex е токму тоа – бојно поле каде стратегијата се спојува со магијата. Терен за победи… и грешки.

    На секој визард му е позната моќта на Fireball и тремата која доаѓа откако спелот е искастан со шанса дел од партито да биде зафатено во пламен. Добрa вест – сега е послесно да се визуализираат ефектите, движењето и секој непредвидлив потег што може да го промени текот на битката.

    Мапата е тактички рај. Со двојна страна Chessex Battlemat е подготвена да ја издржи секоја критична одлука на карактерите, без разлика на расположението, на околината, на амбиентот во мрачен данџн, или отворено поле за комбат.

    Изработена е од винил и спремна за безброј фрлања на коцки, грешки и повторувања на легендарни моменти.

    1.650,00 ден
  • The Legend of Drizzt

    The Legend of Drizzt

    0

    Низ Underdark, само храбрите и вештите стекнуваат слава и богатство. The Legend of Drizzt е епска приказна за легендарниот драо елф, Drizzt Do’Urden, и неговата банда авантуристи. Во овој свет, пријателствата се стекнуваат во борба, предизвиците се тешки, но на крајот на сите препреки, ќе бидете запишани меѓу легендите.

    Како играч влегувате во чизмите на Drizzt, на Bruenor Battlehammer, или на Catti-brie, и битката против орди монстери од ферунскиот Underdark, започнува. Мудро планирајте, секој потег е важен.

    Со секој успех, богатството ви се доближува, но успехот не е загарантиран. Потребно е заедништво против кричерствата кои демнат низ подземјето. Во кулминацијата на комбатот ќе ги пресретнете Shimmergloom, Yochlol, Errtu, но веќе би биле потковани со артефакти како би се справиле.

    Легендата е жива. Доволно ли сте храбри за да го испишете следното поглавје?

    4.410,00 ден
  • -10% Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen - Deluxe Edition

    Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen – Deluxe Edition

    0

    Започнете го вашето патување низ Krynn, каде мрачни сили се подготвуваат за војна, а самата судбина на светот е тотално несигурна. Во Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen – Deluxe Edition, сте дел од оваа епска приказна во првите борбени редови и секој потег може да го промени текот на војната против моќната Dragon Army.

    Со вас имате богатство од компоненти. Ќе ви служат најдобро доколку прикажете тимска работа и тактичко мајсторство во вашата истрага на Krynn, како дел од најдраматичните моменти од неговата историја. Со комбинацијата на Warriors of Krynn, како стратегија за водење на масовни битки, и наративната длабочина на Shadow of the Dragon Queen, оваа иксуство е непроценливо.

    Пишувате историја во легендарниот свет на Dragonlance. Соочени сте со катастрофалното уништување на светот што го познавате, од рацете на армиите на змејовите. Вашите одлуки, вашите битки и сојузниците ќе го обликуваат резултатот на војната.

    Original price was: 8.680,00 ден.Current price is: 7.812,00 ден.
  • Van Richten's Guide to Ravenloft

    Van Richten’s Guide to Ravenloft

    0

    Добредојдовте во Ravenloft, светот каде самата темнина има душа, а ужасот демне од секој агол. Van Richten’s Guide to Ravenloft те воведува во сите домени на стравот, каде тешка магла носи неизвесност и смрт, а монструмите не се секогаш она што изгледаат. Под водство на прочуениот монстер хантер, Rudolph van Richten, оваа книга отвора врата кон мрачните и застрашувачки авантури.

    Ова е патоказ кон светот на бесмртни владетели, тирани кои владеат над своите кошмарни царства, и херои кои треба да се соочат со сили што ги надминуваат нивните најголеми стравови. Во Ravenloft, самиот воздух е исполнет со мистерија и хорор.

    Од готскиот ужас на Barovia до кошмарниот свет на Bluetspur, Van Richten’s Guide to Ravenloft ве запознава со разни домени на стравот. Секоја област е уникатно поле на тајни кои допрва треба да се откријат.

    Имаме избор на нови подкласи, бекграунди и ајтеми за карактери кои се амбициозни и љубопитни да ги истражат темните и изопачени страни на Ravenloft. За DM-ите, ова е совршената алатка за креација на кошмарни авантури.

    Од undead кричерства до абоминации, Van Richten’s Guide to Ravenloft нуди нови, страшни предизвици. Сè живо зад себе носи своја мрачна приказна и специфичен терор кој принудува да се размисли пред моментот на соочување со нив.

    Магијата во Ravenloft е подеднакво опасна колку и нејзините владетели. Проклетствата можат да ја трансформираат самата реалност, и тоа секогаш со цена што може да ја проголта душата на оној што ја применува.

    Van Richten’s Guide to Ravenloft е водич за оние што се осмелуваат да зачекорат во светот на кошмарот, каде самата светлина се бори да преживее.

    2.880,00 ден
  • Guildmasters' Guide to Ravnica

    Guildmasters’ Guide to Ravnica

    0

    Добредојдовте во Ravnica, град кој пулсира со магија и политика, каде високите кули и испреплетените улици се дом на моќни еснафи кои ги контролираат сите аспекти на животот. Во Guildmaster’s Guide to Ravnica, карактерите влегуваат во уникатен свет на постојани интриги и ривалства, каде секој еснаф има своја визија за иднината и своја моќна мрежа на сојузници и непријатели.

    Оваа книга, покрај тоа што е извор на информации, е и клуч за разбирање на сложените односи и игри на Ravnica. Дали дел од партито ќе се приклучи на моќниот Azorius Senate, или ќе го следи слободниот дух на Gruul Clans? Секој избор носи свои предизвици и можности.

    Од магиите на Izzet League до темните манипулации на Dimir, Guildmaster’s Guide to Ravnica истражува десет еснафи. Карактерите имаат богат избор за креација на нарав со длабока лојалност, но и со скриена агенда.

    Уникатен е светот, полн со живописна култура. Ravnica е град што никогаш не спие. Секоја улица, секоја зграда и секој еснаф има своја историја и своја цел. Политиката и магијата се нераскинливо поврзани, и внимание е потребно на секој чекор.

    Моќни ритуали и скриени агенди се сеприсутни. Guildmaster’s Guide to Ravnica е патоказ за преживување и доминација во град каде сојузите може да се претворат во предавства за миг.

    Или ќе се прегрнат можностите на Ravnica, или ќе се потоне во сложените мрежи на моќ и интриги.

    2.880,00 ден
  • Tasha's Cauldron of Everything

    Tasha’s Cauldron of Everything

    0

    Сите знаат и поседуваат одредени магии. Некои се затуткани во древни скролови и умешно скриени. Некои самиот Candlekeep не дозволува да видат ден. Но, една книга поседува котел на хаос, можности и идеи кои можат да ги поместат границите на играта.

    Од умот на прочуената спелкастерка Tasha, покрај нови правила, добиваме и мудрост која ја обликувала магијата низ еони. Ова е патот до необјаснива моќ. Ова е алатка на DM-от која ги менува правилата.

    Нови подкласи: Повеќе од 30 подкласи за секоја класа, отворајќи нови патишта за Fighter, Rogue, Sorcerer, Cleric… Сега секој може да стане нешто повеќе од она што некогаш бил.

    Мултикласирање и прилагодување: Во Tasha’s домејнот, ништо не е едноставно како што изгледа. Креирај оригинал, направи чорба од правилата и отвори уникатни комбинации со кои никој никогаш не би изгледал ни приближно слично.

    Нови артефакти и ајтеми: Дајте малку да се освежиме. Па Tasha подготвила Eldritch Staffs, Shadow Gauntlets и уште какви се не артефакти на располагање кои и најискусните би ги ставиле во искушение.

    Правила за измени на магии: Можност да ги обликуваме и изменуваме спеловите по свој ќејф?! Не постои фиксно правило, туку она кое јас би го создал?

    Банди и NPCs: Така е, зошто да се оди сам? Tasha размислила дека верен сојузник не мора да биде само NPC, туку сѐ од homunculus до battle companions.

    DM алатки: Сервирани се и нови техники за DM, генератори на настани, насоки на приказни за досега неискусени, невидени моментуми и предизвици за партито.

    И додека се врти рулбуков, лист по лист, доаѓаме до откровение дека всушност Tasha не нуди само правила, туку поттикнува револуција! Па ова е лажица во котел на бескрајни можности! Ни треба нешто ново – Tasha го има. Треба малку да ги бенднеме правилата? Веќе сторено.

    2.880,00 ден
  • Deck of Many Things

    Deck of Many Things

    0

    Некои ајтеми имаат моќ да променат сè. Deck of Many Things е токму таков артефакт. Овој легендарен ајтем е познат по своите спектакуларни ефекти. Ова не е само алатка за хаос, туку влезница за совршено обликувана непредвидливост.

    Пред нас е The Book of Many Things, со упатство за користење на декот во креација на авантура, пресврт и мистерија. Ја листаме и наоѓаме нови содржини за карактерни опции, ајтеми, организации, нови монстери и локации.

    И потоа се фаќаме за најславната колекција од 66 судбоносни карти – Deck of Many Things! Убаво, фино, студиозно ги проучуваме низ водичот и веќе можеме да ги користиме како традиционален пророк или креатор кој директно ќе ја инспирира авантурата.

    Она што го прави толку легендарен е следното: два нови бекграунди, бидејќи не секој е толерантен на судбината! И нови спелови и фитови!

    На крајот излегува дека ова не е само wild magic алатка, туку креативна прилика. Прашањето не е дали би можеле да се соочиме со хаосот, туку дали сме спремни да го обликуваме?

    6.210,00 ден
  • Vecna: Eve of Ruin – Alt Cover

    Vecna: Eve of Ruin – Alt Cover

    0

    Во ова алтернативно издание на Vecna: Eve of Ruin, мракот не само што го обвива светот, туку пулсира низ самите страници. Ова колекционерско издание го доловува ликот на Vecna, предвесникот на пропаст, исклучителниот, застрашувачкиот, бесмртниот некогаш-човечки крал и лич од Oerth кој се издигнал до божественост.

    На рабовите на очај и ужас, Vecna: Eve of Ruin е патување низ свет проголтан од мрак. Vecna се крева од сенките со единствена цел: да ја врати својата изгубена моќ. Ова не е приказна за херои, туку пресметка со самата смрт и со сојузите кои ги држат световите заедно.

    Се спушта ноќта и сме соочени со армијата на Vecna. Немртви војски, тајни кои подобро никогаш да не бидат откриени, битки кои преобликуваат судбини, и чекори кои водат сè подлабоко кон неговата неизбежна сила.

    Силата на мракот е на негова страна. Vecna собира моќни следбеници, ужасни суштества со амбиција да сторат сè за неговото дело. Артефакти се распрснати наоколу. Некои од нив му го цементираат патот кон целосна доминација, но некои би му ја скратиле бесмртноста. Се вплеткуваме во трка по овие реликвии, борејќи се со времето.

    Vecna: Eve of Ruin не е само предвесник на крајот.

    3.460,00 ден
  • Tales from the Yawning Portal

    Tales from the Yawning Portal

    0

    Влагаме во Yawning Portal?

    Какво прашање… Божем би останале пред вратите на легендарното место што го чува влезот кон најмистериозното подземје за кое секој втор зборува.

    Под бледото светло на свеќите, маж со остри очи и брада стои зад шанкот. Durnan, сопственикот на Yawning Portal, ги слуша легендите што се раскажуваат од секое ќоше на инот – приказни за херои што се осмелиле да се спуштат во темните лавиринти на Undermountain. Ретко кој се вратил да ги раскаже своите авантури, но ние сме поинакви.

    Додека ги крцка тврдите прсти, ни намигнува со предизвик да направиме чекор понапред во инот. Сепак, Yawning Portal не е само место за приказни, туку и за добар ејл, добра храна и влез во Undermountain.

    На масата пред нас мапата на Undermountain лежи отворена, со ветувања за непредвидливи стапици и монстери, додека сенките на Halaster Blackcloak, господарот на овие длабочини, нè набљудуваат од темнината. И тоа, наводно, е само почеток. Од длабоките гробници на Tomb of Horrors, каде, практично, ниеден чекор не е безбеден, до мистериозните предизвици на White Plume Mountain, патувањето ветува повеќе отколку што замислуваме.

    Патешествието започнува со чекор надолу. Следниот чекор: еден по еден, да исчезнеме во отворот на Yawning Portal во центарот на инот, за нашата судбина да се испреплете со древни закани и легендарни предизвици.

    Се спуштаме ли надолу? Durnan чека да ни наплати.

    2.880,00 ден
  • Planescape: Adventures in the Multiverse - Alt Cover

    Planescape: Adventures in the Multiverse – Alt Cover

    0

    Од првиот поглед, ова алтернативно издание на Planescape отвора врата кон бескрајниот мултиверзум. Со уникатни корици на сите три книги и ДМ скринот, ова сет-издание е само по себе патување низ димензии. Портите на Sigil, мистериите на Outlands, и бескрајните можности на плејновите оживуваат преку внимателниот дизајн.

    Добредојдовте во Planescape, каде портите кон бесконечноста се секогаш отворени, а самата реалност е уште една димензија на бескрајниот мултиверзум. Со Adventures in the Multiverse, влегуваме во светот на Sigil, Градот на Портите, каде секоја врата води кон чудо, опасност или заборавена божествена сила. Ова е место каде смртниците и бесмртните се движат заедно, каде цели светови се обликуваат и уништуваат за миг, и каде законите на физиката не важат подеднакво за сите.

    Истражуваме длабоко низ Outer Planes, населени со божества, демони и изгубени души, кои тераат своја агенда во вечната борба за доминација. Од енигматските порти на Sigil до далечните чудесни градови на Outlands, она што нè чека е подеднакво неизвесно колку што е величествено.

    Боговите го следат секој чекор од далеку. Можноста да ја доведат нашата умешност на тест е огромна, можноста демонот да се обиде да ја открие нашата слабост – уште поголема, и можноста да се вплеткаме во заговори кои ја надминуваат границата на животот и смртта додека сме расшетани низ плејновите – е загарантирана.

    Сетот содржи:

    • Sigil and the Outlands: 96-страничен прирачник за кампањата што ги претставува Sigil, Градот на Портите, и Outlands, срцето на Outer Planes
    • Turn of Fortune’s Wheel: 96-странична авантура поставена во Sigil и Outlands, дизајнирана за карактери од 3 до 10 левел
    • Morte’s Planar Parade: 64-страничен бестијар на живописниот и застрашувачкиот свет на Outer Planes
    • Постер мапа на Sigil и Outlands: Двострана постер мапа на Sigil и Outlands, која може да се користи како авантуристичка локација или како кампањски центар за патувања низ плејновите
    • DM Screen: Четири-панелен екран за DM украсен со уметнички приказ на Planescape сетингот
    5.380,00 ден
  • Phandelver and Below: The Shattered Obelisk

    Phandelver and Below: The Shattered Obelisk

    0

    Phandalin е градче со историја полна со закопани мистерии. Под површината на оваа мирна населба, нешто се буди. Phandelver and Below: The Shattered Obelisk повикува на патување длабоко под земјата каде времето и просторот се извитоперуваат, а древни сили се подготвени да излезат од сенките.

    Она што започнува како обична авантура во Phandalin, брзо се претвора во нешто поголемо. Соочени сме со разнишаните фрагменти на обелиск кој не смеело да биде откриен, оти оваа сила би го премостила прагот на самата реалност.

    Времето како да е пресечено, како да не тече, исполнето со ехо од минатото. Стари култови, затскриени пактови и портали водат до нови димензии на хаос и заборавени моќи.

    Обелискот кој лежи во срцето на авантурата не е само симбол, туку фрагмент од заборавена реалност кој ги менува законите на светот. Што претставува?

    Секако, највредните награди лежат длабоко во мракот, но знаеме што ваквите реликвии би донеле. Секогаш е тешка одлуката меѓу нивно поседување и користење, или предавање на друг.

    Непредвидливи битки и извртени магии се пред нас. Дали би успеале да ја искривиме дури и својата реалност доколку е потребно? Дали е паметно да се отворат сите врати? Дали сé треба да биде откриено?

    3.460,00 ден
  • Journeys Through the Radiant Citadel – Alt Cover

    Journeys Through the Radiant Citadel – Alt Cover

    0

    Ова не е само уште едно издание на Journeys Through the Radiant Citadel – ова е уметност. Корицава ја одразува волшебната светлина на Цитаделата во целост, и ова издание е дизајнирано да биде нешто повеќе од книга – ова е духот на чудото и мистеријата што ја обвиткуваат оваа магична локација, носејќи ново ниво на магија и престиж за оние кои ја имаат во раце.

    Некои приказни започнуваат во мракот, но не и овие. Radiant Citadel е светлина што ги привлекува изгубените и нераскажаните од далечните ѕвездени патеки на плејновите. На патување сме, полно со чудесии и мистерии, далеку од познатото.

    Radiant Citadel е не само почетна точка за нашите авантури, туку и магичен центар каде судбини се плетат. Ова е жив град, изгравиран во магичен кристал, чии патишта водат до незамисливи локации – секоја со своја култура, митологија и вистина.

    Патуваме низ толку различни, но истовремено поврзани светови – од живописните фестивали на San Citlán до мистичните храмови на Godsbreath. Влетуваме во социјални интриги, политички сплетки, откриваме древни заклетви што ни ја загрозуваат самата реалност. Потопени сме во културата длабоко всадена во Radiant Citadel. Секој свет ни сервира уникатни традиции, верувања и конфликти, и легендите и обичаи кои не се толку романтични.

    Ова е крстопат на плејновите што нè носи подалеку од познатите граници. Предизвиците се тешки, загатките бараат многу од умот, а магијата менува многу. Дом е на многу мејџови и духовни патници кои чекаат да ги споделат своите сознанија. Приказните исткаени од генијални алхемичари до мистериозни чувари на древни тајни се нешто што трајно ќе го запечати нашето патување.

    Journeys Through the Radiant Citadel не е само патување низ физички простори, туку и низ богатите приказни што ги одржуваат овие светови живи. Ова е можност за влез во нови културни конфликти.

    Ќе си ја најдеме ли судбината во светлините на цитаделата, или ќе се изгубиме во безбројните патеки што ги поврзуваат световите?

    2.880,00 ден
  • Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen - Alt Cover

    Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen – Alt Cover

    0

    “Ова верзија на Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen со алтернативна корица носи естетика која единствено најверните љубители на Dragonlance ќе ја препознаат и ценат. Уникатната уметност и ексклузивниот дизајн, го прават изданието колекционерски ајтем. Наменето е за стил кој ја надминува обичната приказна и поинаку би го носел епскиот свет на Krynn во свои раце.“

    Krynn е свет каде минатото и сегашноста се судираат во битка од епски размери, а судбината на светот виси на конец. Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen директно нè фрла во срцето на оваа вечна борба. Древниот непријател, одново повиканата Takhisis, носи со себе драгонска армија и легии на ужасни воини.

    Затоа ова не борба за обичен опстанок – ова е војна за душата на Krynn.

    Кампањата нуди повеќе од класичен конфликт. Го открива длабокиот слој на светот на Dragonlance, каде ликовите се во конфликт со непријатели и соочени со морални избори кои ќе ја обликуваат иднината.

    Се наоѓаме во центарот на градот под опсада, Kalaman. Секој чекор значи борба за живот или смрт. И тука не сме обични војници, туку стратези, водачи на одбраната на градот против навалата на војската на Dragon Queen.

    Длабоко во пустошот на Taman Busuk, скриена меѓу планинските врвови е долината кои крие тајни единствено за храбрите. Доколку веќе се осмелуваме да им пристапиме, би било добро да би знаеле што нè демне таму.

    Со нови механики за војување, не се бориме сами за себе, туку предводиме армија, планираме напади, организираме одбрана, се соочуваме со предизвици што само генерал би ги разбрал.

    Древни артефакти излегуваат низ борбата против Takhisis, од мечеви до изгубени спелбуци кои ни го дефинираат патот. На секоја нова локација нè чека нов аспект на култура, религија, заборавена цивилација која има своја, лична улога во тековниот конфликт.

    Во Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen, нашиот избор ќе резонира низ целата историја на Krynn. Ќе го прифатме ли повикот на оваа епска сага, или ќе паднеме под сенката на кралицата?

    2.880,00 ден
  • Call of the Netherdeep - Critical Role

    Call of the Netherdeep – Critical Role

    0

    Длабоко под површината на светот лежи Netherdeep – мистериозна бездна, каде водите би нè потпоиле и би ни земале многу. Ова е место на изгубени соништа и заборавени богови, место каде древни сили чекаат да бидат ослободени или потиснати уште подлабоко. Во Critical Role: Call of the Netherdeep, не се впуштаме во просто истражување на светот, туку ја впуштаме својата волја во самиот мрак кој го држи овој свет под контрола.

    Ова е кампања со секакви предизвици. Светот на Exandria никогаш не изгледал така… кршлив. Како се спуштаме сè подлабоко во Netherdeep, секој чекор нè носи поблиску до вистините што се изгубени со еони. Ќе ги прифатиме или игноираме?

    Вознемирувачки настани нè будат на површината – градови скриени од својата вистинска природа, тајни кои чекаат да бидат откриени. Вистинската мистерија е потопена длабоко во Netherdeep, каде времето и просторот, сами по себе, стануваат дел од загатката. Наша задача е да патуваме низ светови каде ништо не е како што изгледа, меѓу богови, полузаборавени духови и нешта многу постари од цивилизациите.

    Ова не е просто патување низ мистериозни пештери или подземни тврдини. Netherdeep влијае на нашата судбина, нè соочува со своите внатрешни демони и го тестира личниот ни интегритет. Минатото не можеме да го избегнеме – ќе се врати да не прогонува со секоја одлука што некогаш сме ја направиле.

    И како што задлобучаваме во приказната, забораваме на борбата за богатство и моќ, бидејќи ја водиме онаа за сопственото разбирање на себеси. Ништо не е едноставно.

    И на крајот, ова не е обична авантура – ова е патување низ најдлабоките страни на светот и умот, каде секоја одлука ќе носи последици.

    2.880,00 ден