-
Frosted Teal/White, 7-Die Set
0680,00 ден“In the heat of battle, where sword and magic become one, my enemies tremble. Arcane energy flows through my veins, intertwined with the weight of steel, and with every strike, I wield the power of both worlds. I am the storm on the horizon – a perfect fusion of magic and might.”
Во длабочините на ковачниците на Mirabar, под суровите снежни врвови на Silver Mountains, мајсторски раце комбинираат челик со арканска магија и ги обликуваат овие коцки. Создадени се за Eldritch Knight како би ја пренеле моќта и стратегијата на оние кои владеат со мечот и магијата како едно. Секој рол е совршен спој на тактика и мистична сила.
Овие коцки не се само алатка – тие се симбол на прецизност и магиска моќ потребна во арканските битки и епските комбати.
-
Festive, Waterlily White, 7-Die Set
0680,00 ден“The earth speaks through me, its whispers guiding my hand. I am the voice of the wild, the guardian of all that grows, and the wrath of the storm when balance is disturbed.”
Обликувани во светилиштето на Silvanus, во густите шуми на High Forest, овие коцки се создадени со намера Cleric со Nature Domain да би имал најголема корист од нив. Заедно би ја носеле суштината на природата со секој рол, би биле моќни колку самите елементи. Боженствена би била оваа поврзаност за заштитата и балансот на природата.
Овие коцки не се само алатка – тие се симбол на живот, род и хармонија, благослов од самиот Silvanus.
-
Arctic White – Eclipse 11
0930,00 ден“In the stillness of the frozen air, I find clarity. The world slows, the frost whispers, and my ki flows like the cold winds of the mountain peaks. I am both the calm before the storm and the strike of winter’s chill.”
Во Citadel of the White Worm, сместена на непристапните врвови на Earthspur Mountains, овие коцки се обликуваат со чистота, дисциплина и огромна концентрација. Во рацете на Monk, Way of the Four Elements, толку лесно се канализира нивната кристална моќ, менувајќи го ударот во ледена експлозија. Прецизноста и контролата се она што посебно ги краси, како Монкот би можеч многу лесно да го одржи балансот меѓу елементите.
Овие коцки не се само алатка – тие се симбол на дисциплината и моќта што се крие зад секој внимателен и прецизен удар.
-
Pink/White Opaque, 7-Die Set
0280,00 ден“With a smile on my lips and secrets in my heart, I weave tales that charm the soul and twist the mind. Beware the words not spoken, for they carry the most dangerous truth.”
Во College of Whispers, каде зборовите се оружје, а тајните валута, овие коцки се обликувани од самите ткаачи на приказните. Идеални би биле за Halfling Bard, College of Whispers, оти секој рол ќе носи моќ да се замати умот на другиот, или пак да се извлече најдлабоката, скриена тајна од сојузникот. Полни се со шепоти и интриги, водени од вешта манипулација и контрола.
Овие коцки не се само алатка – тие се симбол на моќта на зборот, на шепотот кој може да промени судбини.
-
Borealis, Luminary Light Green – Gold, 7-Die Set
0680,00 ден“In the heart of the forest, beneath the ancient boughs, I feel the pulse of nature’s endless cycle. In the shimmer of the leaves and the glow of the moon, my power flows from the earth itself. With every step, the wilds shift and the beasts answer my call.”
Во џиновски дворец кој виси на масивно дрво во центарот на Feywild, летната кралица, Titania, ги креира овие коцки. Ги обликува многу лесно, но ги потопува со магијата наоколу, преполна со растенија, цвеќиња, свила и по некој конец од ткаенината на разлетаните самовили. Во рацете на Wood Elf, Druid од Circle of the Moon, моќта би излетала од нив.
Овие коцки не се само алатка – тие се дар од кралицата, симбол на магиското наследство на природата и ваш сојузник во битките под зракот на Месечината.
-
Waterdeep: Dragonheist – D&D Icons of the Realms (Box Set 2)
03.120,00 денWaterdeep повторно отвора врати за авантуристи и вистинската игра, започнува тука. Ова не е место за почетници, бидејќи овие ликови, не играат чесно. Ја контролираат секоја улица, секој поглед, секој заговор што се одвива во сенките.
Со Urstul Floxin на теренот, очекувајте бескомпромисна сила од подземјето. Додека авантурата ве води низ заседи, Drow Gunslinger ве има на нишан, чекор понапред, невидлив и подготвен да го повлече чкрапецот кога најмалку се очекува.
Вистинска опасност може да дојде од место каде би очекувале безбедност. Yalah Gralhund и нејзиниот сопруг Orond Gralhund плетат мрежи од политички маневри, а нивниот дом чува тајни и закани што го надминуваат видливото. Во исто време, Barnibus Blastwind и Saeth Cromley можеби изгледаат како спокојни чувари на законот, но зад професионалната маска се крие упорност која не би ви дозволила да одбегнете прашање.
А Nimblewright, чека зад аголот, подготвен за хаос во секој момент.
-
Waterdeep: Dragonheist – D&D Icons of the Realms (Box Set 1)
03.120,00 денДобредојдовте во Waterdeep, градот каде ништо не е како што изгледа. Зад секоја блескава фасада се крие мрачна тајна, а секој „пријател“ можеби единствено го чека моментот кога нож ќе ви биде забиен во грб. Ова не е град за наивните. Овде застануваат оние кои знаат како се движи низ матните води на политиката, богатството и моќта.
Xanathar, елдерот beholder, држи под контрола повеќе одошто би сакале да знаете од својот подземен домен. Не би биле во завидна позиција во негов видик. Винмвајте и на Laeral Silverhand, дамата која се движи низ овој свет како да е создаден за неа — мудра, енигматична, и никогаш без план. А ако ги знаете вистинските фигури, ќе го препознаете Jarlaxle, чиј шарм е подеднакво опасен како и неговите намери.
Ова не се обични минис — ова е Waterdeep. Ова е градот каде златото може да ви купи сè, освен доверба. Веројатно сте подготвени за учество во игра на заговори и непредвидливи сојузи.
-
Dragonlance Warrior Set – D&D Icons of the Realms
03.270,00 денДобредојдовте во светот на Dragonlance, каде храброста на воините го обликува текот на историјата. Пред нас стојат воини од различни делови на светот, секој со своја приказна, свои битки, и легенди што чекаат да бидат испишани.
Iriad of the Kagonesti, воинот од дивите шуми, е брз и смртоносен, носејќи ги старите традиции на својата раса. Неговата врска со природата е длабока и му овозможува да се движи и бори со страшна грациозност.
Tem Temble носи тежок товар на својата судбина. Секој чекор му е обележан со решителност, а неговата верност кон своите сојузници го прави незаменлив на бојното поле.
Levna Drakehorn, гордиот витез на Соламнија, е олицетворение на доблест и чест. Нејзиниот оклоп блеска во битката против неправдата, подготвена да го заштити своето кралство и своите сојузници.
Hrigg Roundrook не е типичен воин, но неговата сила лежи во издржливост и упорност. Војната е во неговиот код, а тупаницата му е одговор на секоја закана што застанува на патот.
Andir Valmakos, спелкастерот кој комбинира магија и меч во една епска комбинација. Моќта лежи во неговото знаење и способност да создава стратегија што ги остава неговите непријатели збунети.
Ayik Ur е мистериозниот воин чии мотиви остануваат скриени. Неговото оружје е секогаш подготвено, но најопасна е неговата умешна тактичка игра со противникот.
-
Dwendalian Empire: Factions of Wildemount – Critical Role (Box Set)
03.060,00 денВлезени сме во срцето на Dwendalian Empire, најмоќната сила во Wildemount, каде редот и контролата се наметнати со железен стисок, но не секој е задоволен со оваа власт. Пред нас стојат дел од најважните фигури на Империјата – од моќни воини до тајни агенти и луѓе кои се обидуваат да преживеат во свет што постојано се менува.
Запознајте го Volstrucker Agent, смртоносен шпион со секавичен напад подготвен во левата рака, секогаш на мисии нарачани од сенките на империјалната власт. Придружете им се на Ravenite и Draconblood Dragonborn, кои водат лична борба и наследство во оваа империја, секој од нив со своја судбина. Фигурите од обичниот живот, како Dwendalian Aristocrat и Dwendalian Farmer, покажуваат дека зад секоја империја стојат луѓе кои ја поддржуваат, па дури и контролираат.
Но, империјалната војска не е за потценување. Со Dwendalian Crownsguard и Righteous Brand Soldier, силата на царството е секогаш подготвена за битка. А Pumat Sol, еден од најспособните арканисти во Wildemount, ги држи тајните на Империјата во своите раце.
-
Animated Acid Breath – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures
0610,00 денЗабрефта ли Acid Breath – никој не е безбеден. Ова е совршен пример на деструктивната моќ на ацидниот змеј и неговата способност.
Оваа епска минијатура, подготвена за бојадисување, ни овозможува да го наметнеме личниот стил на овој анимиран момент на чисто уништување.
Со детализирани елементи и течна киселинска избивна форма, Animated Acid Breath е битен елемент на распосланата D&D маса.
-
CATS Dice Set, Pixel
01.320,00 денВајбот Pixel со боја на двор кој мириса на лето и светли гравурии од траги на шепи низ утринската, оросена трева, е оној на мачка која живее кај нас, а јаде кај комшиите.
На секоја страна е прикажана во разиграна поза, но веројатно потајно одлучува каде ќе вечера.
Со секој рол влечеме чувство на мачка која одеднаш, лесно и самуерено се појавува, едноставно го зема она што и следува и исчезнува преку оградата оти одмна проценила дека правила важат само за луѓето.
Препорачуваме сетот да го користат оние доволно сигурни дека ќе бидат добредојдени на повеќе адреси.
-
CATS Dice Set, Waffle
01.320,00 денКоцки од суштествата кои изгледаат достоинствено, сè додека не се препуштат на хаосот во 3 наутро.
Црни се како ноќ што има свои планови, со сребрени гравури кои светкаат како мачкини очи кои веќе знаат што ни е слабост. Ова се коцки со голема мистериозност и со многу мала почит кон редот.
Енергијата која ја пуштаат е онаа на мачка која мирно и идилично седи на прозорец за одеднаш беспричински да сруши половина од покуќнината. Елегантно, брзо и целосно уверена дека никому ништо не должи.
Веројатно, играчи и DMи кои остануваат смирени додека сè околу нив гори, би биле идеални корисници на овој ајтем.
-
Dwarven Dice Set, Jewels
01.200,00 денОвој сет изгледа како еден мајстор-дворф да решил повеќе да не прави никаков друг накит освен судбоносен. Површината блеска како искра што за првпат паѓа врз руда, а врежаните дворфски симболи ја имаат онаа непогрешлива геометрија која они сакаат да ја нарекуваат „Ете, завршена работа“, а останатите, „Како го направиле ова бе?“.
Овие коцки не молат за почит – многу добро да даваат тоа до знаење.
Секоја линија, секој агол, секој број изгледа како да бил издлабан со чекан со свое име и репутација.
Сетот Jewels е создаден за играчи кои сакаат нивните ролови да вадат звук на мала ковачница, за клериците на Moradin кои читаат древни натписи со очи, не со магија, за оние кои сакаат звукот на фрлената d20-ка да се слуша до другата соба.
-
Elvish Dice Set, Cobalt & Silver
01.200,00 денДлабоки како ноќта над Evereska, со сребрени врежани руни кои светкаат како ракопис под месечината. Овие елфски коцки се создадени за играчи кои го разбираат концептот на дисциплинирана магија.
Нивниот кобалтен сјај не се наметнува — само потсетува дека постои елеганција во контролата, и опасност во прецизностa.
Секој број изгледа како да е извлечен од мала фраза во магичен трактат која не смееш да го прочиташ без дозвола од мејџ. Се тркалаат лесно и чисто, како самиот Weave да решил дека ќе ја почитува твојата одлука… или промени.
Овој сет е создаден за оние кои знаат дека арканата е музика, не експлозија, за оние кои не не трчаат, туку размислуваат, за оние кои ја сакаат магијата тивка и префинета.
-
Vortex Green/Gold, 7-Die Set
0680,00 денКако вител кој никнал од сржта на природата, носејќи ароганцијата на злато кое точно знае колку вреди. Коцкиве личат на момент кога шумата одлучува да зборува низ аркана — зелени струи испревртени околу златни искри, како да држат неизговорлива тајна кои друиди штом еднаш ја чујат ќе зажалат.
Секој рол изгледа на муабет меѓу елементите: помалку суров, премногу искрен, и секогаш со допир на судбина која не ни должи објаснување.
Идеални се за играчи што сакаат природата да има стил, за ренџери кои никогаш не забораваат дека и дивината има хумор, и за DM кој сака ролот да звучи како шепот на шумата — таинствен, убав, но апсолутно непредвидлив.
-
Vortex Orange/Black, 7-Die Set
0680,00 денКоцкве изгледаат како некој да ги фатил од срцевината на Elemental Chaos и да ги набутал во акрил. Портокалови струи не престануваат бесно да се вртат околу темно јадро, како последица од многу лош план.
Така и се однесуваат на маса: непредвидливо „чесни“.
Не нè мразат, да речеме, но апсолутно уживаат да докажуваат дека предводење на сесија „по интуиција“ не е стратегија.
Совршени се за оние кои драматично ролаат на маса, за ворлоци кои тврдат дека патронот им е стварно супер, и за секој DM чии ролања се тивки потсетувања дека светот не работи во наша корист.
-
Violet, Glass Stones Tube
0280,00 денViolet – Како стаклени семиња украдени од градина во Feywild — прекрасни, но не знаеме што ќе израсне.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Frosted Opal Black, Glass Stones Tube
0280,00 денFrosted Opal Black – Нијансата на тивкиот вакуум што останува по неуспешен Teleport.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.