-
Dwendalian Empire: Factions of Wildemount – Critical Role (Box Set)
03.060,00 денВлезени сме во срцето на Dwendalian Empire, најмоќната сила во Wildemount, каде редот и контролата се наметнати со железен стисок, но не секој е задоволен со оваа власт. Пред нас стојат дел од најважните фигури на Империјата – од моќни воини до тајни агенти и луѓе кои се обидуваат да преживеат во свет што постојано се менува.
Запознајте го Volstrucker Agent, смртоносен шпион со секавичен напад подготвен во левата рака, секогаш на мисии нарачани од сенките на империјалната власт. Придружете им се на Ravenite и Draconblood Dragonborn, кои водат лична борба и наследство во оваа империја, секој од нив со своја судбина. Фигурите од обичниот живот, како Dwendalian Aristocrat и Dwendalian Farmer, покажуваат дека зад секоја империја стојат луѓе кои ја поддржуваат, па дури и контролираат.
Но, империјалната војска не е за потценување. Со Dwendalian Crownsguard и Righteous Brand Soldier, силата на царството е секогаш подготвена за битка. А Pumat Sol, еден од најспособните арканисти во Wildemount, ги држи тајните на Империјата во своите раце.
-
-
Animated Acid Breath – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures
0610,00 денЗабрефта ли Acid Breath – никој не е безбеден. Ова е совршен пример на деструктивната моќ на ацидниот змеј и неговата способност.
Оваа епска минијатура, подготвена за бојадисување, ни овозможува да го наметнеме личниот стил на овој анимиран момент на чисто уништување.
Со детализирани елементи и течна киселинска избивна форма, Animated Acid Breath е битен елемент на распосланата D&D маса.
-
CATS Dice Set, Pixel
01.320,00 денВајбот Pixel со боја на двор кој мириса на лето и светли гравурии од траги на шепи низ утринската, оросена трева, е оној на мачка која живее кај нас, а јаде кај комшиите.
На секоја страна е прикажана во разиграна поза, но веројатно потајно одлучува каде ќе вечера.
Со секој рол влечеме чувство на мачка која одеднаш, лесно и самуерено се појавува, едноставно го зема она што и следува и исчезнува преку оградата оти одмна проценила дека правила важат само за луѓето.
Препорачуваме сетот да го користат оние доволно сигурни дека ќе бидат добредојдени на повеќе адреси.
-
Dwarven Dice Set, Jewels
01.200,00 денОвој сет изгледа како еден мајстор-дворф да решил повеќе да не прави никаков друг накит освен судбоносен. Површината блеска како искра што за првпат паѓа врз руда, а врежаните дворфски симболи ја имаат онаа непогрешлива геометрија која они сакаат да ја нарекуваат „Ете, завршена работа“, а останатите, „Како го направиле ова бе?“.
Овие коцки не молат за почит – многу добро да даваат тоа до знаење.
Секоја линија, секој агол, секој број изгледа како да бил издлабан со чекан со свое име и репутација.
Сетот Jewels е создаден за играчи кои сакаат нивните ролови да вадат звук на мала ковачница, за клериците на Moradin кои читаат древни натписи со очи, не со магија, за оние кои сакаат звукот на фрлената d20-ка да се слуша до другата соба.
-
Elvish Dice Set, Cobalt & Silver
01.200,00 денДлабоки како ноќта над Evereska, со сребрени врежани руни кои светкаат како ракопис под месечината. Овие елфски коцки се создадени за играчи кои го разбираат концептот на дисциплинирана магија.
Нивниот кобалтен сјај не се наметнува — само потсетува дека постои елеганција во контролата, и опасност во прецизностa.
Секој број изгледа како да е извлечен од мала фраза во магичен трактат која не смееш да го прочиташ без дозвола од мејџ. Се тркалаат лесно и чисто, како самиот Weave да решил дека ќе ја почитува твојата одлука… или промени.
Овој сет е создаден за оние кои знаат дека арканата е музика, не експлозија, за оние кои не не трчаат, туку размислуваат, за оние кои ја сакаат магијата тивка и префинета.
-
Vortex Green/Gold, 7-Die Set
0680,00 денКако вител кој никнал од сржта на природата, носејќи ароганцијата на злато кое точно знае колку вреди. Коцкиве личат на момент кога шумата одлучува да зборува низ аркана — зелени струи испревртени околу златни искри, како да држат неизговорлива тајна кои друиди штом еднаш ја чујат ќе зажалат.
Секој рол изгледа на муабет меѓу елементите: помалку суров, премногу искрен, и секогаш со допир на судбина која не ни должи објаснување.
Идеални се за играчи што сакаат природата да има стил, за ренџери кои никогаш не забораваат дека и дивината има хумор, и за DM кој сака ролот да звучи како шепот на шумата — таинствен, убав, но апсолутно непредвидлив.
-
Violet, Glass Stones Tube
0280,00 денViolet – Како стаклени семиња украдени од градина во Feywild — прекрасни, но не знаеме што ќе израсне.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Frosted Opal Black, Glass Stones Tube
0280,00 денFrosted Opal Black – Нијансата на тивкиот вакуум што останува по неуспешен Teleport.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Frosted Crystal Clear, Glass Stones Tube
0280,00 денFrosted Crystal Clear – Како кондензирани парчиња светлина што не успеала да стане spell — па решила да си биде само чиста убавина.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Catseye Yellow, Glass Stones Tube
0280,00 денCatseye Yellow – нијанса на последната искра надеж што трепка пред да сфатиш дека DC-то е 18, а ти имаш +1.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Catseye Orange, Glass Stones Tube
0280,00 денCatseye Orange – баш онаа онаа нијанса што ја имаат компонентите за спел кој вели, „Без гајле, ова ќе биде брзо“.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Xanathar’s Guide to Everything
02.660,00 денВо свет полн со мудреци, архиви и библиотеки што се протегаат до тавани, еден бихолдер успева да биде најдобро информираната креација. Сосема несоодветно за еден монструозен надзорник на криминалното подземје, кој одлучил да го сподели своето „знаење“.
Од добрина? Не. Од досада? Можеби. Од желба да го посматра хаосот? Дефинитивно.
Xanathar’s Guide to Everything е книга не само што отвора врати, туку и прашање дали некои врати воопшто требало да се отворат. Листаме и откриваме нови класи, карактерни нијанси, DM-ски алатки што ја прават играта побрза и почиста, нови идеи кои ни го менуваат начинот на кој ја размислуваме нашата улога.
Листаме, но во ниту еден момент не забораваме – сè што читаме… го чита и тој.
Xanathar нè следи низ книгата со ист жар со кој ја следи и неговата златна рипка, Sylgar. И се чини како секоја забелешка, секоја маргина, секоја идеја да ја напишал додека висел со едното око свртено над нас, и со останатите десет, насекаде.
Ова не е баш типичен сорсбук. Ова е личност. Гласна, сомнителна, параноична личност која тврди дека знае сè…
и стварно така делува. -
Princes of the Apocalypse
02.660,00 денВо Princes of the Apocalypse, заканата доаѓа од природа која одеднаш почнува да се однесува како да има волја, намера… и бес. Ветрови пресекуваат камен, пожари се гасат единствено со молитва, земја се отвара како ѕвер, а пилимата надоаѓа кога никој не ја очекува.
Стихиите се развиорени и некој, или пак нешто, ги води.
Патот нè води низ Dessarin Valley, регион што изгледа мирно само за оние кои не гледаат подалеку. Под површината движат култови, секој посветен на еднa од четирите елементални сили – копаат, самонуваат, будат. И ако продолжат, стихиите нема да останат одделни.
Патуваме низ заборавени храмови, преговараме со преживеани, се соочуваме со ентитети кои изгледаат како дел од пејзажот сè додека не се помрднат. Битките ги тргаме настранана, бидејќи нашите истраги ни отвараат систем кој е многу поголем од човекот. Секој култ има своја логика, своја естетика, филозофија, и секој пат кога ќе си речеме дека ни е јасно, природата ни покажува дека апсолутно не е така.
И на крајот, кога светот почнува да заминува, прашањето не е како да победиме, туку како да ја преживееме победата.
Ова е приказна за оние кои ја сакаа реакцијата на светот на нивните одлуки.
-
Nebula Gelatinous/White, 7-Dice Set (with bonus die)
0780,00 денКоцкиве бараат Con Save пред да ги допреме. Ова е сет изваден од стомакот на Gelatinous Cube кој, за чудо, за промена, решил да биде великодушен со авантуристите. Ги имаат и манирите на Gelatinous Cube: бавни, тивки, со „без брзање, ќе те стасам“ присуство.
Во многу концентриран простор, пулсира зелена маса која се чини дека проголтала три неуспешни спела на визард, School of Transmutation.
Коцките имаат dungeon goo естетика. Предвидени се за оние кои тврдат дека Ooze се дел од природниот циклус. Се тркалаат како контролирана хемиска реакција – не драматично, но со решителен, зелен реализам.
-
Lustrous Neptune/Grey, 7-Dice Set (with bonus die)
0780,00 денСет за оние кои ја сакаат длабочината, мракот под површината и ударот од темнината.
Neptune Grey е мистериозната боја на морските длабочини со ехо на нешто старо што чека да се разбуди. Светкавата, сјајна завршница додава елеганција — како првиот рол да сме го направиле на палуба во момент кога огромен бран удира во бродот.
Овој сет нема да ни донесе многу пријатели. Не е пожелно да го поседуваат оние кои се плашат од тешки одлуки и оние кои имаат проблем да прговараат со Umberlee.
Ова е сет за играчи кои веруваат дека вистинската сесија почнува откако ќе заринкаме во глечерот.
А бонус d6ката – тоа е свежиот бран.
-
Borealis Passion/White – Luminary 7-Dice Set (with bonus die)
0780,00 денОвој сет изгледа како charm spell од тип што некој DM категорично би го забранил. Провидно розеви, со бел блесок кој во темнината како да вели, „Да, јас сум твојата нова омилена d20, не се прави дека не гледаш“.
Passion/White е tough and tender комбинација – излгеда невино, со сјај кој ветува многу проблеми. Ги користат шармантните додека прават одлуки поради кои останатите остануваат да се прашуваат дали стварно ова беше најдобрата идеја.
Не беше. Но, многу добро изгледаше.
Блескавиот ефектот им дава вкус на магија која никој не ја контролира — светнуваат во темница како sending кој некој го испратил по грешка, а сите се вклучени во пораката.
А бонус коцката? Таа е за чекор понапред, за играчи чиј рол може да предизвика политичка криза во Waterdeep.
-
Translucent Smoke/White | 7-Die Set
0680,00 денКоцкиве изгледаа како последна трага од магија која не сака да објасни како исчезнала. Провидни, темни и тивки како чад кој се провлекува под сомнителна врата во некоја си напуштена кула, со бели бројки како единствен доказ дека во коцкиве се крие нешто што не припаѓа на обичниот свет.
Секој рол дава впечаток како нешто да сака да биде отркиено пред да биде фрлено, како тајна чувана подолго одошто е безбедно.
Ова е сет за оние кои уживаат во суптилната игра, за оние кои знаат дека вистинската закана не доаѓа гласно, туку со тивкиот и бавен пад на коцката.
Ништо во нив не e бучно, и апсолутно ништо не е безопасно.