Availability: In Stock
Pathfinder Battles: Goblin Vanguard
SKU: EPM00028
3.100,00 ден
Ако некогаш сте си рекле: „Како да ни требаат повеќе проблеми на масата“ — еве ви го одговорот. Goblin Vanguard е сè што сакате и не поднесувате од гоблини: гласни, смрдливи, лути, преполни со идеи од кои сите се секогаш – лоши.
Овој премиум сет носи 6 детални, веќе бојадисани минијатури кои може да ги употребите како бандити или пак армија излезена од магичен… дампстер. Секој позира на различен начин, со различно оружје, со доволно карактер за да му оди на нерви дури и на најмилостивиот, мирен и кроток паладин.
Идеални се за воведување на партито во хаос уште од првото село, за креирање на гоблински шамани, или само… жртви, и за задоволството на ДМ-от од самата реплика: „Да, сè уште си постојат. Има уште четворица.“
Но, потребни се, што да кажеме… Ниту еден авантурист не станал легенда без да биде измалтретиран од гоблин, барем еднаш! Затоа, размислете, колку ли се овие подготвени да бидат првиот смдлив чекор на твојата приказна?
2 на залиха
Критики
Нема критики сеуште.