Availability: In Stock

Quests from the Infinite Staircase – Alt Cover

SKU: GRM00018

3.460,00 ден

Ова алтернативно издание на Quests from the Infinite Staircase не само што отвора врата кон бесконечни светови, туку тоа го прави со стил што самиот по себе е уметничко дело. Kолекционерсково издание ја доловува мистеријата и магијата на бескрајното скалило, ветувајќи незаборавни авантури уште пред да го отворите. Создадено e за колекционери и оние кои тежнеат за нешто што е повеќе од приказна.

Постојат патеки кои водат кон непознати плејнови, но Infinite Staircase е пресек на сите можни светови, влез во енигматски универзуми каде времето е флуидно, а реалноста искривена. Вовлечени сме во мистериозно патување каде секое скалило отвора нова врата кон длабочини кои би ја преобликувале судбината на мултиверзумот.

Од градови на небесни острови до царства со кои владеат древни, заборавени богови, кој пат и да го одбереме ќе нè однесе кон неочекуваното и кон свет со нови закони кои би требало да ги почитуваме.

Демнат заборавени тајни и под површината, парчиња историја на цивилизации кои постоеле, фрагменти на знаење поврзани со самото потекло на сè. Не сите кои нè пресретнуваат на бескрајното скалило ни се пријатели. Некои го преминале секој закон на природата, ја предизвикале структурата на реалноста, не се дел од познат свет, туку рефлексија на нешто древно.

Нашата волја и перцепција се на тест. Се качуваме кон слава или пропаст. Моралните избори не се очигледни, а секогаш се од голема важност за судбината на авантурата.

Но, Quests from the Infinite Staircase е повеќе од обична авантура. Тоа е патување низ сржта на мултиверзумот, низ светови кои пркосат на сите закони на физиката и магијата.

Ќе успееме ли да го следиме патот на скалилото и да ги најдеме одговорите кои лежат на неговиот крај? Или судбина ни е засекогаш да останеме изгубени во неговата бесконечност?

4 на залиха

Опис

Димензии: ‎21.34 x 28.32 x 1.52 cm

Издавач: Wizards of the Coast (16 јули, 2024)

Јазик: Англиски

Тврда корица: 224 страници

Препорачана возраст: 12+

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.