Availability: In Stock

The Wild Beyond the Witchlight

SKU: GRM00022

2.880,00 ден

Магијата на Feywild не следи правила – ги прекршува. Патуваме низ свет каде ништо не е како што изгледа, каде смеата и ужасот танцуваат заедно, и секоја одлука го менува текот на самото време.

Witchlight Carnival доаѓа еднаш на неколку години, носејќи со себе магија, радост и тајни. Но, оваа година, патот води подалеку од светлината на карневалот, длабоко во срцето на Feywild, каде изгубеното се наоѓа, по цена.

Witchlight Carnival не е само спектакл. Тука се движиме низ фантастични шатори полни со чудесни појави. Зад секоја насмевка може да демне сенка на заборавени пактови кои чекаат да бидат прекршени.

Feywild е магичен плејн. Реалноста е флуидна, а времето не функционира на начин познат за нас. Што правиме? Да почнеме со откривање на срцето на светов на хаос и магија. Но, што ако засекогаш се изгубиме низ илузиите?

Флени сме во интригите на Archfey и други магични суштества. Да внимаваме на секој збор, на секој договор, на секој трик на Puckish Pixies, и примамливите понуди на Hags, оти ветувањата секогаш се врзани со магија и многу лесно би станале судбоносни.

Додека се движиме по патиштата, пресретнуваме ликови кои исто така бараат нешто – изгубени спомени, заборавени души, или нешта од младоста. Некои ќе ни станат сојузници, а некои каде ли ќе нè одведат?

Имаме можност патот да го изодиме без комбат, да се фокусираме на интеракција, решавање мистерии низ сложени приказни, отплеткувајќи ги слој по слој. Не секогаш од нас ќе се побара сила, туку умешност и трпение.

Ќе успееме ли да го откриеме она што го бараме во Feywild и да се вратиме со неоштетена душа?

4 на залиха

Опис

Димензии: ‎21.59 x 27.94 x 1.78 cm

Издавач: Wizards of the Coast (21 септември, 2021)

Јазик: Англиски

Тврда корица: 256 страници

Препорачана возраст: 12+

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.