Availability: In Stock
Trials of Tempus
SKU: DDO00012
6.420,00 ден
Изборот на херој не е само прашање на сила. Во светот на Trials of Tempus, секоја битка е непредвидлива, секоја задача клучна, а вашите сојузници – витални за успехот. Темпус, богот на војната во Ферунскот пантеон, ве повикува. Најхрабрите би го поминале судот, но потребно е нешто многу поголемо од храброст за победа.
Trials of Tempus е вашето искушение – битка во која моќта не секогаш значи победа, и мудроста и лукавоста можат да донесат поголема слава од мечот. Вашата задача? Да соберете Victory Points низ предизвици, богатство и надминување на соперниците во дружината. А вистинскиот триумф доаѓа кога Trial Guardian, ќе падне.
Храброст или Лукавост?
Во Trials of Tempus, секој потег го испишува следното поглавје на вашата авантура. Секој херој има своја приказна, свои вештини, и токму тие можат да направат разлика меѓу триумф и пораз. Мисиите никогаш не се исти, терените постојано се менуваат, а монстерите и предизвиците стануваат сè потешки. Дали ќе одберете да го нападнете непријателот со сета сила? Или ќе чекате трпеливо, собирајќи Loot и штедејќи го вашиот вистински потенцијал за финалниот судир?
Секоја игра е ново искушение. Темпус е суд на сè што покажувате. Битката не завршува кога монстерот ќе падне – вистинската победа е во тоа кој е докажаниот шампион на Темпус.
Повикот на Темпус е веќе тука. Храброста, лукавоста и тактиката се вашето оружје. Ќе го водите тимот до победа, или ќе останете зад ривалите? Секој потег има последица, и секоја грешка може да значи пораз.
1 на залиха
Критики
Нема критики сеуште.