Опис
Димензии: 21.34 x 27.94 x 1.78 cm
Издавач: Wizards of the Coast (19 септември, 2023)
Јазик: Англиски
Тврда корица: 224 страници
Препорачана возраст: 12+
3.460,00 ден
Ова издание на Phandelver and Below: The Shattered Obelisk е врата кон тајните длабочини на Phandalin, детално обвиено во мистериозна илустрација за она што го откриваме низ авантурата. Оваа колекционерска верзија носи уште подлабоко чувство на предизвик, како приказната да започнала уште пред да ја отвориме првата страница.
Phandalin е градче со историја полна со закопани мистерии. Под површината на оваа мирна населба, нешто се буди. Phandelver and Below: The Shattered Obelisk повикува на патување длабоко под земјата каде времето и просторот се извитоперуваат, а древни сили се подготвени да излезат од сенките.
Она што започнува како обична авантура во Phandalin, брзо се претвора во нешто поголемо. Соочени сме со разнишаните фрагменти на обелиск кој не смеело да биде откриен, оти оваа сила би го премостила прагот на самата реалност.
Времето како да е пресечено, како да не тече, исполнето со ехо од минатото. Стари култови, затскриени пактови и портали водат до нови димензии на хаос и заборавени моќи.
Обелискот кој лежи во срцето на авантурата не е само симбол, туку фрагмент од заборавена реалност кој ги менува законите на светот. Што претставува?
Секако, највредните награди лежат длабоко во мракот, но знаеме што ваквите реликвии би донеле. Секогаш е тешка одлуката меѓу нивно поседување и користење, или предавање на друг.
Непредвидливи битки и извртени магии се пред нас. Дали би успеале да ја искривиме дури и својата реалност доколку е потребно? Дали е паметно да се отворат сите врати? Дали сé треба да биде откриено?
4 на залиха
Димензии: 21.34 x 27.94 x 1.78 cm
Издавач: Wizards of the Coast (19 септември, 2023)
Јазик: Англиски
Тврда корица: 224 страници
Препорачана возраст: 12+
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.