Availability: In Stock
Dragon Delves (D&D Adventure Anthology) – Alt Cover
SKU: GRM00040
3.330,00 ден
Алт-кавер изданието на Dragon Delves не изгледа како книга што се купува — туку како книга што те избира. Корицава без би стоела на пиедестал во змејска ризница, со релјеф кој вели дека книга не е само антологија, туку релик што преживеал премногу авантури за да биде обичен.
Замисли врата. Ама замисли ја величенствено, оти зад неа чека свет каде змејовите се почеток. Е сега, замисли десет такви врати, оти Dragon Delves ти нуди токму толку.
Во повеќето авантури, змејот е крјот. Точката. Кулминацијата. Но, Dragon Delves ја превртува таа логика и го става онаму каде смета дека отсекогаш му било местото: змеј не е крајот – змеј е целиот континент.
Секоја авантура во оваа антологија е мало кралство изградено околу личноста на својот змеј. Не пештера — психологија. Не лавиринт — доктрина. Секој змеј создава свет кој го отсликува – од мрзливи, накострешени зелени змејови кои режираат хаос како аматерски театар, до колоси кои ти го мерат секој чекор како да решаваат равенка старa илјадници години.
Dragon Delves не е само серија битки, туку одговори на задолжителни прашања:
– Што значи да преговараш со нешто што те смета за незначителен?
– Колку далеку ќе одиш за богатство што можеби не постои?
– И дали на крајот ќе сфатиш дека најголемото богатство е приказната што преживеала?
Визуелниот идентитет на книгата е посебен блесок: десет делови, секој илустриран во стил кој го отсликува змејот домаќин.
Ова не се само авантури — 0ва се десет книги во една, десет авторски енергии споени во една антологија.
3 на залиха
Критики
Нема критики сеуште.