• CATS Dice Set, Daisy

    CATS Dice Set, Daisy

    0

    Коцки од суштествата кои одамна знаат дека куќата е нивна, а ние само плаќаме кирија.

    Шепасто-розеви, со бели гравури од пози на нивното величество, клопчиња и симболи на контролирана анархија. Енергијата што ја пуштаат е онаа која мачката ја поседува кога планирано го турка стаклениот предмет, кој ни значи, од масата, додека нè гледа во очи. Онаа елегантна, ладнокрвна енергија која вели дека за неа не важат правила.

    Играчи и DMи кај кои не се приметува паниката, туку само оденсувањето дека сè е според планот, би биле идеални корисници на овој ајтем.

    1.320,00 ден
  • CATS Dice Set, Muffin

    CATS Dice Set, Muffin

    0

    Мачкарскиве Muffin коцки, пандишпанести, топли, целите шармантни и самоуверени без никој тоа да го побара тоа од нив, носат енергија на штотуку вечерана мачка чија следна активност е мирно предење во скут, за по многу кратко време да реши дека не и се допаѓа нашата укочена и непомрдната позиција на која е вгнездена и ги пушти зумисот во акција со апсолутна убеденост дека е правилна одлука.

    Овој план е и отлискан на сите страни од коцките. Веројатно, најдобро би соработувале со карактери базирани на харизма.

    1.320,00 ден
  • CATS Dice Set, Pixel

    CATS Dice Set, Pixel

    0

    Вајбот Pixel со боја на двор кој мириса на лето и светли гравурии од траги на шепи низ утринската, оросена трева, е оној на мачка која живее кај нас, а јаде кај комшиите.

    На секоја страна е прикажана во разиграна поза, но веројатно потајно одлучува каде ќе вечера.

    Со секој рол влечеме чувство на мачка која одеднаш, лесно и самуерено се појавува, едноставно го зема она што и следува и исчезнува преку оградата оти одмна проценила дека правила важат само за луѓето.

    Препорачуваме сетот да го користат оние доволно сигурни дека ќе бидат добредојдени на повеќе адреси.

    1.320,00 ден
  • CATS Dice Set, Waffle

    CATS Dice Set, Waffle

    0

    Коцки од суштествата кои изгледаат достоинствено, сè додека не се препуштат на хаосот во 3 наутро.

    Црни се како ноќ што има свои планови, со сребрени гравури кои светкаат како мачкини очи кои веќе знаат што ни е слабост. Ова се коцки со голема мистериозност и со многу мала почит кон редот.

    Енергијата која ја пуштаат е онаа на мачка која мирно и идилично седи на прозорец за одеднаш беспричински да сруши половина од покуќнината. Елегантно, брзо и целосно уверена дека никому ништо не должи.

    Веројатно, играчи и DMи кои остануваат смирени додека сè околу нив гори, би биле идеални корисници на овој ајтем.

    1.320,00 ден
  • Dwarven Dice Set, Gold

    Dwarven Dice Set, Gold

    0

    Овој сет изгледа како еден мајстор-дворф да решил повеќе да не прави никаков друг накит освен судбоносен. Површината блеска како искра што за првпат паѓа врз руда, а врежаните дворфски симболи ја имаат онаа непогрешлива геометрија која они сакаат да ја нарекуваат „Ете, завршена работа“, а останатите, „Како го направиле ова бе?“.

    Овие коцки не молат за почит – многу добро да даваат тоа до знаење.

    Секоја линија, секој агол, секој број изгледа како да бил издлабан со чекан со свое име и репутација.

    Сетот Gold е создаден за играчи кои сакаат нивните ролови да вадат звук на мала ковачница, за клериците на Moradin кои читаат древни натписи со очи, не со магија, за оние кои сакаат звукот на фрлената d20-ка да се слуша до другата соба.

    1.200,00 ден
  • Dwarven Dice Set, Jewels

    Dwarven Dice Set, Jewels

    0

    Овој сет изгледа како еден мајстор-дворф да решил повеќе да не прави никаков друг накит освен судбоносен. Површината блеска како искра што за првпат паѓа врз руда, а врежаните дворфски симболи ја имаат онаа непогрешлива геометрија која они сакаат да ја нарекуваат „Ете, завршена работа“, а останатите, „Како го направиле ова бе?“.

    Овие коцки не молат за почит – многу добро да даваат тоа до знаење.

    Секоја линија, секој агол, секој број изгледа како да бил издлабан со чекан со свое име и репутација.

    Сетот Jewels е создаден за играчи кои сакаат нивните ролови да вадат звук на мала ковачница, за клериците на Moradin кои читаат древни натписи со очи, не со магија, за оние кои сакаат звукот на фрлената d20-ка да се слуша до другата соба.

    1.200,00 ден
  • Elvish Dice Set, Cobalt & Silver

    Elvish Dice Set, Cobalt & Silver

    0

    Длабоки како ноќта над Evereska, со сребрени врежани руни кои светкаат како ракопис под месечината. Овие елфски коцки се создадени за играчи кои го разбираат концептот на дисциплинирана магија.

    Нивниот кобалтен сјај не се наметнува — само потсетува дека постои елеганција во контролата, и опасност во прецизностa.

    Секој број изгледа како да е извлечен од мала фраза во магичен трактат која не смееш да го прочиташ без дозвола од мејџ. Се тркалаат лесно и чисто, како самиот Weave да решил дека ќе ја почитува твојата одлука… или промени.

    Овој сет е создаден за оние кои знаат дека арканата е музика, не експлозија, за оние кои не не трчаат, туку размислуваат, за оние кои ја сакаат магијата тивка и префинета.

    1.200,00 ден
  • Elvish Dice Set, Translucent & Black

    Elvish Dice Set, Translucent & Black

    0

    Провидни како утринска магла над Evermeet, со натписи црни како мастило кое мејџови го чуваат под строг надзор.

    Коцкиве се став, став, дисциплина и суптилна ароганција на раса која има доволно долг животен век да не брза со ништо… освен со прецизност. Секој број е гравиран во калиграфскки стил на Myth Drannor, оној краснопис кој се раѓа кога магијата и естетиката одлучуваат да соработуваат.

    Толку е тивок ролот, и не затоа што е нежен, туку зошто елфовите веруваат дека прекумерниот звук е знак на лош карактер.
    И да, дури и коцките се креирани со таа филозофија.

    Овој сет е за играчи кои претпочитаат грациозност пред сила, кои знаат дека одлуки се носат без ниту мала доза паника, кои сакаат нивниот лик да изгледа како да знае нешто што другите не го знаат.

    1.200,00 ден