-
Vortex Blue/Gold, 7-Die Set
0680,00 денКоцки со естетика на бурното небо кое решило да ја признае својата слабост пред златото, за во блискоста да се роди магија.
Изгледаат како замрзнат момент од storm sorcery: сини вртлози во спој со златни нишки кои делуваат премногу самоуверено за да бидат само боја. Секое фрлање личи на мал грмотен совет — краток, остар и доволно ефикасен за да ја преиспитаме својата стратегија… или самодоверба.
Ова е сет за оние кои сакаат одлуките да зрачат во боја на хоризонт пред бура, за сорсерерот кој се потпира на хаос многу повеќе одошто признава. За DM кој знае дека тивок рол од распуштени сини и златни вртлози, е секогаш доволно драматичен, без да се подигне тон.
-
Vortex Green/Gold, 7-Die Set
0680,00 денКако вител кој никнал од сржта на природата, носејќи ароганцијата на злато кое точно знае колку вреди. Коцкиве личат на момент кога шумата одлучува да зборува низ аркана — зелени струи испревртени околу златни искри, како да држат неизговорлива тајна кои друиди штом еднаш ја чујат ќе зажалат.
Секој рол изгледа на муабет меѓу елементите: помалку суров, премногу искрен, и секогаш со допир на судбина која не ни должи објаснување.
Идеални се за играчи што сакаат природата да има стил, за ренџери кои никогаш не забораваат дека и дивината има хумор, и за DM кој сака ролот да звучи како шепот на шумата — таинствен, убав, но апсолутно непредвидлив.
-
Vortex Mega-hedral Bright Green/Black 7-Die Set
01.200,00 денКоцкиве делуваат како спел кој требало да биде суптилен… но, на крајот не бил.
Сетов е последица од нечив неуспешен експеримент, во чие времетрање постојано се слушало, „опуштено, сè е под контрола“. Зеленото фршти како родено во Feywild, црното ќути како трага од енергија која нема намера да се смири.
Совршени се за визарди кои сакаат драмa, за ренџери чии signatue чекови е многу битно да свртат добро, дури и за роугот кој никогаш нема да признае колку му се свиѓаат.
Секоја изгледа како мини-пукнатина во реалноста, или во масата — понекогаш среќна, понекогаш катастрофална, но секогаш спектакл.
Поголеми се од стандардните коцки. Само колку да доминираат.
-
Vortex Orange/Black, 7-Die Set
0680,00 денКоцкве изгледаат како некој да ги фатил од срцевината на Elemental Chaos и да ги набутал во акрил. Портокалови струи не престануваат бесно да се вртат околу темно јадро, како последица од многу лош план.
Така и се однесуваат на маса: непредвидливо „чесни“.
Не нè мразат, да речеме, но апсолутно уживаат да докажуваат дека предводење на сесија „по интуиција“ не е стратегија.
Совршени се за оние кои драматично ролаат на маса, за ворлоци кои тврдат дека патронот им е стварно супер, и за секој DM чии ролања се тивки потсетувања дека светот не работи во наша корист.
-
Vortex Purple/Gold, 7-Die Set
0680,00 денКако мејџ да го превртел небесниот свод, како да го стуткал во рака и го пуштил да се слее со злато што никогаш не простува грешка. Затоа коцкиве изгледаат како магија која долго се акумулирала во воздухот над Sigil — виолетови вртлози испреплетени со тенки, дрски, златни линии.
Не светкаат. Не се разгалени. Ова се коцки кои нè потсетуваат дека арканата има стил, но и карактер. Доколку сме паметни, ќе ни служат; доколку сме претерано самоуверени, ќе ни објаснат статистика на многу брутален начин.
Совршени за оние кои сакаат ролот да им има тежина на древно знаење, па дури и за бардови кои обожаваат да си играат со туѓи емоции. Па дури и за DM чиј initiative roll мора да изгледа како естетски закана.