-
Adult Brass Dragon – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures
06.370,00 денМитски и величествен, овој Adult Brass Dragon е симбол на мудрост, моќ и златна енергија. Brass Dragons не се само обична огнена сила – тие се чувари на знаењето, љубопитни и полни со приказни.
Овој змеј чека да биде обоен според вашата фантазија. Претходно подготвен за обработка, идеален е за оние кои сакаат да внесат сопствен стил и уметност во своите авантури.
Дали ќе му дадете златно-бронзен сјај или ќе го трансформирате во нешто уникатно? Без разлика, тој ве чека да му дадете живот, и со своите распослани крила да стане централната фигура во вашата D&D колекција.
-
D&D Icons of the Realms: Adult Deep Dragon
05.200,00 денНе секој змеј сака слава, злато или потпалени села. Некои живеат длабоко во подземјете, без сонце, каде лудилото шепоти низ мракот.
Adult Deep Dragon не е типичен змеј. Тој е кошмар од Underdark, обвиткан во сенки, спори, и отрови што го извртуваат умот. Скелестиов ужас е создаден за кампањи кои се одвиваат на место каде каде реалните шанси партито да излезе на површина… се малку потешки. Ова е змејот кој има огромна шанса да не праша: „А што ако светлината е лага?“
Што ли да издвоиме дека посебно го краси? А да! Способноста да ја распрснува темнината и да предизвикува халуцинации. Кој е за кампањи со многу psychic damage и безумие? Да ве чуеме!
-
Dracohydra – D&D Fizban’s Treasury of Dragons
08.500,00 денСоздадена со мрачно и магично експериментирање, Dracohydra е жив доказ за амбицијата на оние кои целат кон реинкарнација на моќта на Tiamat. Комбинирањето на магијата на хроматските змејови со крвта на хидрата резултира во ова повеќеглаво, крилесто, гламурозно чудовиште со неколку опашки, кое не носи добри вести.
Dracohydra блуе маса на мултиколорна енергија која ја содржи елементалната моќ на секој хроматичен змеј. Секој здив е како удар од повеќе змејови во едно. Колку е важно да не ја изгубиме надежта ако се пресретнеме со неа.
Нека оваа гигантска фигура ја збогати нашата D&D маса, а најдобро би било да седи настрана во амбиентот, како украс.
-
Hydra – D&D Icons of the Realms
03.360,00 денАвантуристи! Пред вас стои древен кошмар на Faerûn…
Хидрата. Пет глави ве гледаат гладно, секоја подготвена да ви го направи денот многу, многу полош. Мислите дека би можеле да отсечете една и да завршите работа? Заборавете! Се надевам дека Паладинот е подготвен за повеќекратен Divine Smite, затоа што еден не би значел крај. Дали Визардот и Клерикот имаат подготвено доволно спелови? Да видиме…
Ова не е обична минијатура; ова е монструозен предизвик што ќе ве тестира до крајни граници. Hydra од WizKids Icons of the Realms колекцијата, со детален, колоритен финиш, е совршен катализатор за незаборавен комбат. Ова не е монстер за слабите; ова е легенда што крева огромна паника.