-
Dwarf Female Wizard – D&D Icons of the Realms
0590,00 денНејзиното име е Тандра и не е обичен дворф визард – таа е мастер бластер. Ја фаќате во момент на кастање Фајрбол, кој може да пеплоса армија – вистински тест за оние кои се осмелиле да ѝ застанат на пат. Но, нејзиниот спелбук не е полн само со разорувачки спелови – тој е испреплетен со длабока интелигенција и вековно знаење, пренесувано низ тајните на недопрените полици на бројни библиотеки.
Секој детаљ на оваа претходно насликана минијатура од WizKids носи приказна. Од сјајот на нејзината огнена магија до нејзината наметка, која трепери од енергијата на елементите, Тандра е подготвена за нешто грандиозно.
-
Fire Genasi Female Wizard – D&D Icons of the Realms
0590,00 денАшана – вистински мајстор на елементалната магија. Олицетворение е на самиот оган, но владее и над многу други мистични сили. Во раката ѝ се формира Chromatic Orb – кристализирана магија што извира од нејзината сила, подготвена да се насочи кон метата. Но, таа не е стриктно деструктивна. Го познава моментот кога треба да се вклучат стратегијата, софистицираноста и моќта. Не е секогаш неопходно да го запали пламенот.
Секој детаљ на оваа претходно насликана минијатура од WizKids носи приказна: нејзината огнена коса, наметката што трепери со елементална енергија, и магијата која се оформува, подготвена да биде фрлена со смртоносна прецизност.
-
Halfling Female Fighter – Nolzur’s Mini
0380,00 денТука е и Пени, храбра халфлинг фајтерка, подготвена за освојување кампањи – само чека да ѝ дадете живот со вашата четка. Нејзината маленкост никогаш не е за потценување.
Секој халфлинг има природен дар за Lucky моменти. Тргне ли нешто наопаку (како критикл фејл), единственото што Пени би направила е слатко преролување на D20-ка и обид за нова среќа. Да бидеме реални, храброста на оваа борка не може да биде заплашена од монструмите на Faerûn.
Овој искусен борец владее со разни маневри – мајстор за Riposte, секогаш подготвена да возврати удар кога непријателот е премногу самоуверен. А ако стане густо, активира Second Wind и прилично се освежува, подготвена за камбек со двојно поголема решеност.