• Animated Acid Breath - D&D Nolzur's Marvelous Miniatures

    Animated Acid Breath – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures

    0

    Забрефта ли Acid Breath – никој не е безбеден. Ова е совршен пример на деструктивната моќ на ацидниот змеј и неговата способност.

    Оваа епска минијатура, подготвена за бојадисување, ни овозможува да го наметнеме личниот стил на овој анимиран момент на чисто уништување.

    Со детализирани елементи и течна киселинска избивна форма, Animated Acid Breath е битен елемент на распосланата D&D маса.

    610,00 ден
  • Monsters D-F: D&D Classic Collection

    Monsters D-F: D&D Classic Collection

    0

    Извлечени од најдлабоките кошмари на Faerûn, овие монструми се подготвени да посеат вистински страв во срцата. Пред нас стојат некои од најозлогласените и најопасните суштества кои некогаш сме ги пресретнале.

    Displacer Beast, ѕвер кој ја манипулира реалноста, збунувајќи го секој што се осмелува да го нападне. Во секој напад, борбата е против сопствените очи, додека се обидуваме да го најдеме вистинскиот облик на ова чудовиште.

    Ако тоа не е доволно, Doppelganger демне во темнината, подготвен да се трансформира во еден од нас и да разлее сомнеж. Ќе нападне токму кога довербата е најважна, оставајќи нè да се прашуваме кому да веруваме.

    Четири Elemental духови, господари на елементите, ја тестираат секоја применета тактика. Секој од нив има посебна моќ и непредвидливи способности, правејќи ја секоја битка вистинска борба за опстанок.

    И да речеме дека најжесток меѓу нив е пеколниот Efreeti, духот на огнената стихија. Заедно со него е и двоглавиот Ettin. Едната глава секогаш планира, додека другата, безмилосно делува.

    6.060,00 ден
  • -15% Monsters G-J: D&D Classic Collection

    Monsters G-J: D&D Classic Collection

    0

    Монстeриве го преживеале тестот на времето, буквално и сликовито. Потребен е тактичен пристап за борба со овие класични чудовишни легенди подготвени да создадат стратешки, драматичен пресврт во кампањата.

    Знаеме дека Ghosts не само што го обесхрабруваат Greatsword-от, туку и самото нивно присуство е ехо на минатото – фрагмент од душа која никогаш не нашла мир.

    Гладниот ловец на мртвите, Ghoul, не ја познава границата меѓу животот и смртта. Тој е повеќе од обичен undead, закана што тивко демне под земјата, чекајќи да го нападне секој кој мисли дека безбедноста доаѓа со самракот.

    Gorgon е нешто сосема друго – монструм со метални рогови и бронзена кожа, кој црпи моќ од овие елементи и со еден здив може да го претвори непријателот во нешто комплетно различно.

    Но, не сите закани доаѓаат од земјата. Griffon, величествен и смртоносен, господар на небото, е симбол на борбата меѓу небото и земјата. Со крилја што го носат кон победата и канџи без милост, не познава пораз.

    Harpy, вистински предизвик, заведува со своите мелодии. Но, овој мелос не е обичен звук, туку повик кон пропаст. Доколку го чуеме низ атмосферата, можеби ќе биде предоцна.

    Од огнените бездни на Nine Hells излегува Hellhound, крволочниот пес, кој гори и прогонува сè околу себе, претставувајќи голема закана во секоја битка.

    Заканите доаѓаат и од длабочините. Hippocampus е господар на подводниот свет, суштество што нè чека под водата, подготвено да нè повлече надолу во неговата територија.

    А Imp, кој ни се смее од сенките како отровен бодеж, со вреќа полна со демонски финти, е спремен да го сврти текот на битката со еден удар и смртоносен хумор.

    Original price was: 5.950,00 ден.Current price is: 5.057,00 ден.
  • Monsters K-N: D&D Classic Collection

    Monsters K-N: D&D Classic Collection

    0

    Клучниве фигури кои ги менуваат нашите можности и сеат страв дури и на најискусните, ни доаѓаат од длабоките катакомби до најтемните морски длабочини и се обединуваат на бојното поле.

    Kobolds, иако мали и многу досадни, никогаш не треба да се потценуваат. Оваа групирана пакост може многу експедитивно да ни го потроши трпението.

    Од другата страна на спектарот е Lich, некогаш моќен визард кој сега контролира магија што го надминала животот. Тој не е само физичка закана – неговото присуство го уништува умот и предизвикува болка што трае.

    Lizardfolk, со нивната дива природа и прилагодливост, се мајстори на сурова борба, додека Mind Flayer нé вовлекува во комплетна, неизбежна агонија. Претпазливо, бидејќи овој телепатски кошмар е способен да ни ја исцрпи волјата за борба, ако не и самата душа.

    За чиста сила и безмилосност, тука е Minotaur, со својот огромен Greataxe и лавиринтски тактики. Тој не знае за зборот „милост“ и би не избришал од патот со непоколеблива моќ. Ако се најдеме низ водните длабочини, Merfolk ќе ја бранат својата територија со брзина и агилност што тешко можеме да ја следиме.

    И потоа хорор приказната продолжува со Mummy, која оживува за да сее проклетство со секој удар, оставајќи нè на тест на времето. Нема лесен спас од нејзината камена тупаница, освен ако не најдеме начин за прекин на древното проклетство.

    И, доколку сè уште не е доволно, ќе се соочиме и со Naga – полубожество во форма на змиско суштество, кое не треба да го потцениме. Нејзината контрола врз магијата е неверојатна, а тајните што ги носи – незамисливи.

    5.580,00 ден
  • Piercers - D&D Nolzur's Marvelous Miniatures

    Piercers – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures

    0

    Во длабочините на мрачните пештери, Piercers чекаат од заседа. Нивните камени школки не би ги разликувале од обични сталактити. Дремат и го чекаат правиот момент да се пуштат врз одбраната жртва од висината.

    Детектираат топлина и вибрации од огромни растојанија. Совршени замки за секој авантурист кој не гледа нагоре. Дури и кога би ги забележале, нивна способност е да ослободуваат корозивна киселина. Што значи дека се закана и кога се откриени.

    Однапред подготвени за бојадисување, овие минијатури даваат можност внес на нова динамика во кампањите.

    440,00 ден
  • Tlincalli - D&D Nolzur's Marvelous Miniatures

    Tlincalli – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures

    0

    Tlincalli, the scorpion folk, своето потекло го водат од мистичните џунгли на Maztica. Овие жестоки суштества со тек на време се прошириле до Underdark на Faerûn, каде нивната природна агресија ги направилa постојана закана за сите што патуваат низ подземjето.

    Нивнот напад е многу брз, а тактика смртоносна. Секогаш се подготвени да фатат жртва и да ја повлечат во мракот.

    Со оваа минијатура, подготвена за бојадисување имате шанса да го оживеете својот Tlincalli воин. Изборот е ваш – дали го боите во тоновите на Maztica, или во мрачната нијанса на Underdark.

    610,00 ден