-
Planescape: Adventures in the Multiverse – D&D Icons of the Realms
03.320,00 денДобредојдовте во мултиверзумот, каде правилата на обичните светови запираат, а нов поредок – е хаосот. Тука не сме во кофликт единствено со монстери, туку и со сопствените перцепции за пријателите.
Внимавајте! Morte, саркастичниот лебдечки череп има збор за секого (ретко корисен). Shemeshka, опасната „Ravager of Sigil“, плете мрежа од интриги погуста од најмрачните спелови. Да не ги заборавиме и трансценденталните филозофи кои живеат повеќе во своите глави отколку во реалноста.
Колку и да се сметате подговени за предизвик, вакви ликови не дозволуваат да се остане безбеден. Mercykiller Bloodhound ви е спас или проблем додека Fell шепоти тајни од сенките на Sigil.
-
Showdown Setting: The Temple of Light – D&D Icons of the Realms
05.210,00 денВо бесконечноста на Astral Plane, каде светлината не е секогаш симбол на надеж, се издигнува Храмот на Светлината – сцена за епска пресметка помеѓу најмоќните фигури на Astral Elves. Тука, судбините на принцовите и принцезите се испреплетуваат во битка за моќ, чест и контрола.
Prince Xeleth, гордиот лидер е подготвен да ја брани својата кралска крв, а неговата сестра, Princess Xendalli, владее со светлината и многу умешно ја користи магијата. Prince Xavra, со своите сопствени амбиции, е подготвен да го заземе своето место на престолот, без оглед на жртвите. Тука е и мистериозниот Zodar, конструктот со застрашувачко присуство.
Војската на Astral Elves се подготвува за борба која ќе го обликува текот на иднината. Сето ова се одвива околу величествениот мистичен извор на енергија.
Покрај фигурите, пред нас лежи и детална мапа со приказ на Храмот на Светлината, идеален за спектакуларна, епска битка.