• Waterdeep: Dragonheist - D&D Icons of the Realms (Box Set 1)

    Waterdeep: Dragonheist – D&D Icons of the Realms (Box Set 1)

    0

    Добредојдовте во Waterdeep, градот каде ништо не е како што изгледа. Зад секоја блескава фасада се крие мрачна тајна, а секој „пријател“ можеби единствено го чека моментот кога нож ќе ви биде забиен во грб. Ова не е град за наивните. Овде застануваат оние кои знаат како се движи низ матните води на политиката, богатството и моќта.

    Xanathar, елдерот beholder, држи под контрола повеќе одошто би сакале да знаете од својот подземен домен. Не би биле во завидна позиција во негов видик. Винмвајте и на Laeral Silverhand, дамата која се движи низ овој свет како да е создаден за неа — мудра, енигматична, и никогаш без план. А ако ги знаете вистинските фигури, ќе го препознаете Jarlaxle, чиј шарм е подеднакво опасен како и неговите намери.

    Ова не се обични минис — ова е Waterdeep. Ова е градот каде златото може да ви купи сè, освен доверба. Веројатно сте подготвени за учество во игра на заговори и непредвидливи сојузи.

    3.120,00 ден
  • Waterdeep: Dragonheist - D&D Icons of the Realms (Box Set 2)

    Waterdeep: Dragonheist – D&D Icons of the Realms (Box Set 2)

    0

    Waterdeep повторно отвора врати за авантуристи и вистинската игра, започнува тука. Ова не е место за почетници, бидејќи овие ликови, не играат чесно. Ја контролираат секоја улица, секој поглед, секој заговор што се одвива во сенките.

    Со Urstul Floxin на теренот, очекувајте бескомпромисна сила од подземјето. Додека авантурата ве води низ заседи, Drow Gunslinger ве има на нишан, чекор понапред, невидлив и подготвен да го повлече чкрапецот кога најмалку се очекува.

    Вистинска опасност може да дојде од место каде би очекувале безбедност. Yalah Gralhund и нејзиниот сопруг Orond Gralhund плетат мрежи од политички маневри, а нивниот дом чува тајни и закани што го надминуваат видливото. Во исто време, Barnibus Blastwind и Saeth Cromley можеби изгледаат како спокојни чувари на законот, но зад професионалната маска се крие упорност која не би ви дозволила да одбегнете прашање.

    А Nimblewright, чека зад аголот, подготвен за хаос во секој момент.

    3.120,00 ден