• 2024 D&D Dungeon Master's Screen

    2024 D&D Dungeon Master’s Screen

    0

    Сите очи се вперени кон D20. Змејовите ја чуваат, а дружината надежно ја бара, свесни дека секој рол е судбински.

    Во срцето на секоја епска авантура стои Dungeon Master-от, креаторот на приказните и навигаторот низ непознатото, а Dungeon Master’s Screen 2024 му носи една нова димензија.

    Овој четири-панелен скрин, со спектакуларна панорамска сцена од Joy Ang, ги прикажува сите основни класи од петтата едиција на Dungeons & Dragons, сервирајќи визуелна магија на масата. Убавината не е составна само во неговата надворешност. Внатрешноста е внимателно дизајнирана, базирана на десет години повратни информации од Dungeon Master-и, за да ги обезбеди најкорисните информации. Секако дека и зад овој скрин, вашите белешки и резултати на сроланите коцки остануваат скриени, како иненадувањето би било комплетно неочекувано.

    Без разлика дали сте ветеран во улогата, или пак newbie со соништа за епски битки, Dungeon Master’s Screen 2024 останува ваш штит од хаосот, оружјето за незаборавни приказни и клучот за моменти кои и те како ќе се раскажуваат долго.

    1.500,00 ден
  • D&D Starter Set - Heroes of the Borderlands

    D&D Starter Set – Heroes of the Borderlands

    0

    Замисли ја границата на цивилизацијата каде мапите стануваат несигурни, монстерите страшно самоуверени, а локалците си викаат, „Извини, до кај се хероиве?“. Тука блеснуваат Heroes of the Borderlands, низ сет кој не те третира како почетник, туку како надежна легенда.

    Heroes of the Borderlands нè фрла во авантурата 5 минути по отворањето, без премногу објаснувања и со мала доза паника. Инстукциите, практично велат:

    • земи ги коцките,
    • отвори го прирачникот, фрли едно око,
    • одбери си еден од подготвените карактери,
    • и прај си се херој.

    Во Heroes of the Borderlands, светот веќе пулсира пред да ja фрлиш првата D20. Чекориш низ пустелии каде земјата помни премногу тишина, а сенките премногу глад. Се спушташ во пештери каде воздухот е густ од хаос и ветувања кои не дека би сакал да ги чуеш. Стоиш пред одамна падната тврдина, која, по некакава си случајност, сè уште си чека херој.

    Авантурите се движат како кадри од филм: стегнати, динамични, со темпо кое не секогаш дозволува криење позади правилата. И секоја сцена ќе предизвика набој да се поместат границите, да се сфати дека, можеби, најопасниот терен понекогаш не е мапата… туку одлуката што ја носиме.

    3.120,00 ден
  • Dezriel's Spellbook

    Dezriel’s Spellbook

    0

    Некои велат дека магијата била, божем, само алатка – неутрална и подготвена да служи. Dezriel влегол во суштината – сфатил, но по цена. Го слушал шепотот на огнот, лелекот на земјата, вековните тајни на водата, и би си рекле дека тука нема апсолутно ништо лошо. Но, следејќи ги, создал нешто што баш и не би требало да постои.

    Dezriel’s Spellbook е колекција од 37 нови магии, создадени низ неговите експерименти со елементите. Листајќи низ страниците влегуваме во умот на некој кој истовремено креирал визии и предупредувања. Забелешките се криптични, изопачени, праноични. Оттука сфаќање дека магиите се доказ за моќ која може да се стекне, и она што доаѓа отпосле.

    На крајот вели: „Товарот на јасноста е само мој. Оној кој нема да чуе, да разбере, не заслужува… Нема повеќе шепоти. Нема крици. Нема вистина. Нека сé пропадне во тишина. Нека заврши“.

    Користете го спелбуков мудро. 

    1.000,00 ден
  • DM's Bag: Collector's Edition (Blue Dragon) | ENHANCE

    DM’s Bag: Collector’s Edition (Blue Dragon) | ENHANCE

    0

    Оваa подвижна тврдина, оваа патувачка ризница, е создадена за раскажувачот на приказната, за чуварот на светот. Ова колекционерско издание на ДМ-скa торба обложена со змејска кожа, колку што е стил, толку е и сигурност.

    Ммм да, убаво прочитавте – змејска кожа! Слободно вртете Investigation или Arcana, или, не знам, кастајте Identify.

    Металниот медалјон не е орнамент – е силмбол дека си одбран. Од четири до осум гримоари можат да се засолнат внатре. Три прегради го делат просторот за коцки, бележници, и работи што никој друг нема да може да ги види. Простор за цела армија минијатури, за полна таверна, за 16 NPC-ња безбедно да стасаат на мапата и да се вратат назад. Надворешни прилагодливи ремени за транспорт на мапата која цела маса едвај ја чека, надежна дека нема за последен пат да ја види.

    И кога ременот легнува на рамото, чувствуваш само едно – товарот на приказната. А приказните убаво тежат.

    7.700,00 ден
  • DM's Bag: Collector's Edition (Dragon Silver) | ENHANCE

    DM’s Bag: Collector’s Edition (Dragon Silver) | ENHANCE

    0

    Оваa подвижна тврдина, оваа патувачка ризница, е создадена за раскажувачот на приказната, за чуварот на светот. Ова колекционерско издание на ДМ-скa торба обложена со змејска кожа, колку што е стил, толку е и сигурност.

    Ммм да, убаво прочитавте – змејска кожа! Слободно вртете Investigation или Arcana, или, не знам, кастајте Identify.

    Металниот медалјон не е орнамент – е силмбол дека си одбран. Од четири до осум гримоари можат да се засолнат внатре. Три прегради го делат просторот за коцки, бележници, и работи што никој друг нема да може да ги види. Простор за цела армија минијатури, за полна таверна, за 16 NPC-ња безбедно да стасаат на мапата и да се вратат назад. Надворешни прилагодливи ремени за транспорт на мапата која цела маса едвај ја чека, надежна дека нема за последен пат да ја види.

    И кога ременот легнува на рамото, чувствуваш само едно – товарот на приказната. А приказните убаво тежат.

    7.700,00 ден
  • Dragon Shield: Game Master Companion – Iron Grey

    Dragon Shield: Game Master Companion – Iron Grey

    0

    Секоја кампања носи свој, персонализиран хаос. Понекогаш доаѓа во форма на неочекувана одлука. Понекогаш, во форма на играч кој тргнал лево кога мапата води десно.

    Game Master Companion: Iron Grey не се губи во паниката. Тој стои со исправен грб, тивок поглед и подготвено сценарио. Тоа си ти.

    Не се фали – туку едноставно, функционира. Ги собира сите твои тајни мапи, стат блокови, карички за иницијатива, NPC табели, и ги заклучува со силата на магнетна прецизност. Внатре: простор за книги, минијатури, мапи, мобилни, таблети, за сè што е потребно за ДМ-аш без запирање — без хаос, без лов на белешки. Просторот е совршено организиран за она што треба да го сокриеш или пуштиш низ светот во вистинскиот момент.

    4.850,00 ден
  • Dragon Shield: Game Master Companion – Midnight Blue

    Dragon Shield: Game Master Companion – Midnight Blue

    0

    Не сите ДМи се слушнати. Некои се чувствуваат – во изборот на зборови, во начинот на кој тишината трае секунда подолго од што треба. Некои не креираат кампањи – ткаат реалност. И Game Master Companion: Midnight Blue, е создаден за нив.

    Ова не е само складиште. Ова е олтар. Изгледа како артефакт заборавен во архива на арчмејџ, како алатка за контрола. Dry-erase површини, простор за карти, книги, и минијатури, за таблет или мобилен, поставен под идеален агол како кристална топка за информации што само ти ги гледаш, тајни прегради кои ги криеш од љубопитни погледи. Бојата? Длабока… како планот на твоето омилено NPC. Смирена… како темнината пред самиот endgame.

    Ова не е придружник за секого. Ова е за оние кои не читаат на глас, туку ја шепотат приказната. Бидејќи Midnight Blue не е гласен. Тивко ги влече конците — и световите се покоруваат.

    4.850,00 ден
  • Dragon Shield: Game Master Screen – Blood Red

    Dragon Shield: Game Master Screen – Blood Red

    0

    Е, пред овој ДМ скрин – се молчи. Не затоа заплашува – туку затоа што наговестува. Како портата на последната зандана. Како крвта што веќе се исушила на сечилото. Game Master Screen: Blood Red е тврдината од која го движиш светот.

    Со боја на древна жртва, на скапоцена мастило, овој скрин е сведоштво за сите водени битки, и сите допрва покренати. Зад него се испишува судбина, се менува планот на херојот. Опасноста се чувствува, пред да настапи.

    Со воена прецизност е организиран целиот простор. Стоиш зад него со мирна совест бидејќи ништо не е случајно. Сè е тука: скриено, подготвено, брутално јасно.

    Blood Red не е за секој ДМ, туку за оној кој никогаш не прашува: „дали сте сигурни?“

    2.900,00 ден
  • Dragons of Stormwreck Isle - D&D Starter Set

    Dragons of Stormwreck Isle – D&D Starter Set

    0

    Ја започнуваме авантурата со Dragons of Stormwreck Isle – идеален сет за нови играчи со возбуда и магија на дофат на рака. Ова почетно сет-издание содржи сè што ни е потребно за да стапнеме во светот на епските авантури, околу митски суштества, без претходно искуство.

    Кој ќе биде храбриот што ќе ги поведе хероите низ тајните на Stormwreck Isle, каде змејови владеат со небото, а опасност демне зад секој агол?

    Со овој сет пред себе, толку лесно се влегува во светот на фантазијата, каде секоја акција е нова можност за херојство, и каде сите патеки водат кон нешто комплетно ново – совршена почетна точка за оние подготвени за авантура.

    1.360,00 ден
  • Dungeon Master’s Screen: Dungeon Kit

    Dungeon Master’s Screen: Dungeon Kit

    0

    Длабоко под земјата, каде светлината не допира и само ехо од заборавените разговори го пробива мракот, леажт подземните лавиринти кои го тестираат и најхрабриот кој се осмелува да влезе.

    Овој DM Screen е личен криптографски клуч, богат со статистика за предвидени средби со монстери, скриени реликвии во заборавени руини и мрачни, влажни, непријатни данџни. Зад него, се создава магијата, секоја пресвртница, секоја средба доживеана низ тунелите.

    За време на подготовките или за импровизирани мапи, тука се 36-те geomorph карти – секоја со патеки и поврзувачки точки за бескрајни комбинации низ подземните простори. Лавиринтите се толку заплеткани, што слободно може да се остави на случајност дека излез од нив би бил пронајден.

    Се разбуди ли комбат во подземјето, референтните листови вадат брза навигација низ правилата на играта, листот со нумериран грид овозможува тактичко поставување, основите за комбатот се сервирани до нив, а организирани картички за conditions и иницијатива настапуваат со лесно следење на секој пресврт.

    Позади овој екран, не стои само DM, туку архитекот на подземјето, творецот на лавиринтите и чуварот на тајните што дремат неоткриени.

    1.500,00 ден
  • -13% Dungeon Master’s Screen: Wilderness Kit

    Dungeon Master’s Screen: Wilderness Kit

    0

    Во далечната дивина, каде ветрот носи древен шепот, а шумата го крие неистраженото, чека следниот предизвик.

    Предводени сме од раце на вешт Dungeon Master кој знае како да ги носи своите авантуристи низ најопасните предели. Wilderness Kit-от е повеќе скришен сектор за белешките – ова е штит од хаосот, место за палета на тактики и клучна алатка за сервирање на епска приказна.

    Позади него лежи цел свет. Мапата со 100 празни хексагони е празен терен, но секој пат, секој премин, секоја средба е тука за да ја исполни. Ламинираниот лист со „Actions in Combat“ и референтните правила за теренот и акциите, се тука за сето знаење потребно за предизвик.

    Авантуристите фатиле XP? Многу лесно е следењето на нивниот прогрес, бележењето на средбите и контролата на резервите. Комбатот почнува? Нема проблем, ќе биде одигран со извонредна прецизност. Картите со conditions се спремни и слободно вртете иницијатива!

    Original price was: 1.500,00 ден.Current price is: 1.300,00 ден.
  • Dungeons & Dragons Spellbook Cards: Epic Monsters

    Dungeons & Dragons Spellbook Cards: Epic Monsters

    0

    Низ историјата на Dungeons & Dragons, не сé го буди стравот и восхитот како средбата со монстери од епски размери. Spellbook Cards: Epic Monsters е збирка од најимпресивните суштества кои некогаш чекореле низ фантастичен свет, прозорец кон моќта, интригата и предизвиците кои ја дефинираат секоја авантура.

    Со 77 ламинирани картички, секој монстер е феноменално визуелно претставен од едната страна, а деталнитиот стаст блок стои на другата. Моментот кога играчите се соочуваа со Tarrasque, чие присуство е доволно да си ги преиспитаме своите одлки, никогаш не ќе биде заборавен. А воопшто да не размислуваме за онаа преесметка со древен Lich!

    Дизајнирани се да го олеснат текот на играта, да ги оживеат овие легендарни кричерства, да протолкуваат што значи да се соочиш со вистинска моќ, да овозможат брза и лесна подготовка за средбите и пресметките, без никакво непотребно одолговлекување.

    Со Epic Monsters Spellbook Cards приказни ја добиваат заслужната длабочина.

    1.800,00 ден
  • Dungeons & Dragons Spellbook Cards: Magic Items

    Dungeons & Dragons Spellbook Cards: Magic Items

    0

    Малку нешта можат да го променат текот на авантурата, но има нешто многу посебно во моментите на пронајдок на ајтем во вистинскиот момент. Со Spellbook Cards: Magic Items, секое парче армор, оружје или чудесен, редок, многу редок, претерано редок ајтем станува дел епската приказна.

    Замисли го моментот на пронаоѓање на Horn of Valhalla, или моментот на тегнење и влечење за кој да го поседува Staff of the Magi, или кревањето револуција при појавата на еден Bag of Holding, а партито е од 4 авантуристи! кој секогаш има место за уште еден трофеј. Овие 294 картички не само што ги прикажуваат најмоќните предмети во D&D, туку ги претвораат во приказни што ќе се раскажуваат долго после завршувањето на сесијата.

    Од adamantine armor, кој пркоси на критичните удари на непријателот, до крилја кои нè носат надвор од досегот на опасноста, секој ајтем е претставен со јасност и деталност. 294 ламинирани картички ги сервираат ајтемите на дофат на играчите, подготвени за многу драма, тактика и возбуда.

    Оваа колекција е повеќе од ресурс – ова е билет за златните трезори на фантазијата. Како што Vorpal Sword ги сече главите на непријателите, така и Spellbook Cards: Magic Items ги сечат сите изговори за одложувања во играта.

     

    1.800,00 ден
  • Monster Cards: Mordenkainen's Tome of Foes

    Monster Cards: Mordenkainen’s Tome of Foes

    0

    Во светот на Dungeons & Dragons, секоја авантура носи нов предизвик. Нашиот е водич низ непознатото. Со Monster Cards: Mordenkainen’s Tome of Foes, би имал толку моќен сојузник и способност да ги постави најимпонзантните кричерства пред нас со таков интензитет и длабочина, оживеани низ приказната.Да речеме дека играчите влегуваат во древна гробница, несвесни за присуството на Allip, чиј шепот може да ги доведе до лудило. Или, можеби, се соочуваат со силата и интелигенцијата на моќниот Yagnoloth.

    109 ламинирани картички, детално го преставуваат секое суштество од Mordenkainen’s Tome of Foes, со јасни статистики и прекрасни илустрации. Оваа, не само ДМ-ски практична, туку и визуелна алатка, е дизајнирана да го олесни текот на играта. Потребата од постојано пребарување низ книги е сведена на, речиси, непостоечно ниво, и пристапот до организација и избор е толку олеснат, само за сесијата да тече глатко и возбудливо.

    1.500,00 ден
  • Spellbook Cards: Martial Powers & Races

    Spellbook Cards: Martial Powers & Races

    0

    Во светот на Dungeons & Dragons, не секоја моќ доаѓа од магијата – некои способности се израз на физичката сила, тактичката прецизност, или природниот дар на расите што чекорат низ теренот на авантурата. Со Spellbook Cards: Martial Powers & Races, овие уникатни способности се претставени со јасност и прецизност, подготвени за брза употреба и драматични моменти.

    Овој сет од 61 ламинирана картичка е твојот извор на инспирација и подготовка. Без разлика дали е потребно следење на battle maneuvers на фајтерот, racial traits за зајкнување на стратегија, или специјални способности на монкови и барбаријанци, Spellbook Cards: Martial Powers & Races ја олеснуваат секоја сесија, дозволувајќи фокус на играта, и што помалку прелистување страници.

    600,00 ден
  • Spellbook Cards: Xanathar's Guide to Everything

    Spellbook Cards: Xanathar’s Guide to Everything

    0

    Во светот на Dungeons & Dragons, магијата е ткаенината што ги поврзува сите нешта, а Xanathar’s Guide to Everything ја проширува оваа ткаенина со нови плетки. Со овие спелбук картички можноста вашите прсти да ги дофатат овие магиски способности е на дофат.

    Само замисли го моментот кога визардот ќе искаста Psychic Scream, или кога друид ќе анлишне Healing Spirit! Низ 95 ламинирани картички, секоја магија е јасно претставена со сите детали, овозможувајќи брз пристап без потреба од листање сорбуци и рулбуци. Симболите на картичките покажуваат кои класи можат да ги користат магиите, олеснувајќи го изборот и подготовката .

    Без разлика дали станува збор за искусен визард или новајлија во светот на магијата, Xanathar’s Guide to Everything помага во совладување на способности и отвара можност за многу лесен внес на истите во кампањите.

    Нека авантурата биде полна со магиски моменти за паметење!

    800,00 ден