• Chessex Reversible Megamat – Black/Grey Hexes

    Chessex Reversible Megamat – Black/Grey Hexes

    0

    Во светот на тактичките игри, секој потег е важен, а секоја позиција може да значи разлика меѓу победа и пораз. Со Chessex Reversible Megamat, играта добива нова димензија на прецизност и реалност.

    Оваа двострана мапа, со хексагонални полиња од 2,5cm, нуди црна и сива страна, овозможувајќи флексибилност во визуелниот приказ на авантуриte. Изработена од издржлив винил, мапата е идеална за долготрајна употреба и лесно се чисти.

    Важно е да се користат само маркери со водена основа (wet-erase markers) за обележување на мапата. Избегнувај употреба на dry-erase маркери, бидејќи можe да предизвикаат трајни дамки. Не оставајте обележувања на мапата преку ноќ, особено во бои како црвена, виолетова, кафеава и портокалова, кои имаат поголема тенденција да остават траги.

    Со димензии од приближно 87.6 cm x 121.9 cm, оваа мапа обезбедува доволно простор за комплексни битки и сценарија, правејќи ја совршен избор за секој сериозен ДМ или стратег.

    2.920,00 ден
  • D&D Dungeon Tiles Reincarnated: City

    D&D Dungeon Tiles Reincarnated: City

    0

    Замислете го пулсот на градот – камени улички одекнуваат со чекори во ноќта, канализации шепотат тајни, грандиозни куќи кријат богатства и заговори. Со D&D Dungeon Tiles Reincarnated: City, градот е жив.

    Овие двострани плочки овозможуваат да се создаде град каде хероите ќе се соочат со многу повеќе од што би можеле да замислат – потери низ тесни сокаци, ловење мрежа на заговор во сенишните дворови на благородникот. Секој плоштад, секоја зграда, секој премин е дел од приказната во обликување.

    И ова не е едноставна алатка – ова е ДМ-ско тајно оружје кое ја видоизменува масата во град кој дише, кој грие безброј можности зад секој агол. Градот не просто место за авантури, туку нивниот извор.

    1.500,00 ден
  • Eberron - Map Set

    Eberron – Map Set

    0

    Во светот на Eberron, магијата и технологијата се испреплетуваат во една неверојатна синергија. Лебдечките тврдини се носат низ ветрот на elemental airships, а Warforged чекорат рамо до рамо со елфови, тролови и џинови.

    Пред нас се три мапи со најфасцинантните терени на светот каде иновацијата постојано ја преобликува реалноста.

    Масивниот континент на Khorvaire, каде градовите на Sharn се издигнуваат како механички чуда додека шумите како Towering Wood кријат древни тајни, е место каде интригите на Dragonmarked Houses го обликуваат политичкиот пејзаж, а House Cannith продолжува да ги турка границите на магиската технологија.

    Aerenal, домот на вечните елфови, е земја каде древната мудрост и мистичната култура создаваат уникатно духовен и магиски свет. Xen’drik е дом на древни цивилизации, одамна изгубени во времето. И храбрите се премислуваат пред рушевините и дивите џунгли тука.

    Прекрасно би било да сме натокмени со мапите пред нас, без разлика дали сме се фатиле во истражување на воздушни бродови, антропоморфни градови или сме во потрага по изгубени артефакти.

    2.380,00 ден
  • Guildmasters Guide to Ravnica - Map Pack

    Guildmasters Guide to Ravnica – Map Pack

    0

    Ravnica е метрополата што не познава граници, каде магијата и моќта танцуваат низ улиците и кулите што се издигнуваат високо над облаците. Ова е градот кој никогаш не спие, каде илјадници жители секојдневно ги следат своите патеки низ политичките игри што ги обликуваат деветте еснафи на градот.

    Пред нас имаме повеќе ресурси одошто би можеле да искористиме на една сесија, но сѐ е патоказ низ срцето на Ravnica’s Tenth District – центарот на моќ, трговија и мистерија.

    И да се изгубиме низ тесните улички на Undercity каде еснафот Dimir секогаш демне во сенките, или низ грандиозните булевари на Precinct One, дом на Azorius Senate, каде законите се впишуваат длабоко во ткаенината градот, што има врска.

    Пред нас е материјал испреплетен со инфорации и детали кои, практично, ќе ги оживеат скапоцените реликвии на Gruul Clans или интелектуалните вртлози на Izzet League. Секој дел од градот е мапиран и подготвен.

    Пред нас се испишани приказните на еснафите. Со помош на dry-erase markers се следат движењата додека се истражува Selesnya Conclave или се подготвуваат магиски експерименти во лабораториите на Simic Combine, или се влегува во самото срце на тајните операции на Orzhov Syndicate!

    Секој агол на Ravnica е мапиран, без разлика дали сме во улога на DM или плеер.

    1.500,00 ден
  • Icewind Dale - Vinyl Map

    Icewind Dale – Vinyl Map

    0

    Надвор од суровата зимска тишина и под бескрајното сивило на облаците, Icewind Dale е дом на древнa моќ, заборавени цивилизации и битија што ја дефинираат дивината.

    Reghed Glacier, недостапен и непредвидлив, го чува својот злобен дух и ги предизвикува оние што се осмелуваат да се приближат. Некаде под ледената површина се слушаат шепоти, остатоци од времето на Netherese, кои изгубиле во борбата со магијата. Оние кои тргнале по патот кон Revel’s End, познатиот затвор на далечниот север, го осетиле вкусот на стравот.

    Низ тивките планини во близина на Kelvin’s Cairn движат дворфови, елфови, барбаријанци, гордо застанати пред своите домови наспроти суровата околина. Auril the Frostmaiden, ги брца своите замрзнати прсти на секоја патека. Гневот и се чувствува како завеан ветер и најладниот допир некогаш осетен.

    Тука, не постои само една вистина. Icewind Dale е место каде легендите се ипишуваат на мразот, а судбината е замрзната во времето, чекајќи ги храбрите.

    1.900,00 ден
  • RPG Grid Mat - Campaign Kit

    RPG Grid Mat – Campaign Kit

    0

    Што и да стои пред нас – lich или заседа во шумите на Forgotten Realms, ваква алатка е потребна за создавање на тактичко ремек-дело. Да ја земеме во предвид како платно каде секој квадрат е потенцијална клучна точка за живот или смрт.

    Големината од 91.44 cm x 60.96 cm, овозможува комплетно ожување на целата битка, од првиот тактички потег до последната фрлена коцка. Секој квадрат е совршено измерачен за да ги одреди границите на пресметките.

    Четири dry erase маркери – црвен за bludgeoning damage, зелен за природни стапици, син за поморски закани и црн за мистериозни данџни – се комплетниот арсенал за создавање на сценарија.

    Но, вистински херои се грижат и за деталите. Со dry eraser грешките или тактичките одлуки кои не одеа според планот, многу лесно ги снемува. На крајот, еден едноставен шприц од шишенцето, и мапата е спрена за нов ден и нови пресврти.

    Сите елементи се спакувани во Battle Scroll Sleeve кој уредно ги чува сите ајтеми на безбедно.

    Каде и да води авантурата, оваа мапа и нејзините инструменти стојат зад секој твој потег.

    2.562,00 ден
  • Tomb of Annihilation - Map Set

    Tomb of Annihilation – Map Set

    0

    Древни тајни, непроодни џунгли, и смртоносни стапици нé чекаат на секој чекор во Chult. Сет од четири детални мапи на Tomb of Annihilation, се сервирани на масата за да ја откријат и оживеат мистеријата како визуелен патоказ низ најопасните предели во Dungeons & Dragons.

    Главната мапа на Chult е платното на патувањето. DM-от нè води низ руини, густи шуми, скриени, непроодни патишта и ги следи нашите одлуки низ овој опасен предел. Три дополнителни мапи од Chult и Port City од сетот, кријат нешот друго и без разлика која насока и да ја одбереме, секој квадратен сентиметар ќе биде совршено возбудлив.

    Можноста да се бележи познатиот, одминатиот и новиот пат е лесна бидејќи е овозможена со wet-erase маркери.

    Нè чека свет што сака да биде отркиен.

    2.380,00 ден
  • Vinyl RPG Battlemat, Reversible - Chessex

    Vinyl RPG Battlemat, Reversible – Chessex

    0

    Секој епски судир заслужува совршена сцена. Vinyl RPG Battlemat – Chessex е токму тоа – бојно поле каде стратегијата се спојува со магијата. Терен за победи… и грешки.

    На секој визард му е позната моќта на Fireball и тремата која доаѓа откако спелот е искастан со шанса дел од партито да биде зафатено во пламен. Добрa вест – сега е послесно да се визуализираат ефектите, движењето и секој непредвидлив потег што може да го промени текот на битката.

    Мапата е тактички рај. Со двојна страна Chessex Battlemat е подготвена да ја издржи секоја критична одлука на карактерите, без разлика на расположението, на околината, на амбиентот во мрачен данџн, или отворено поле за комбат.

    Изработена е од винил и спремна за безброј фрлања на коцки, грешки и повторувања на легендарни моменти.

    1.650,00 ден
  • Waterdeep - Vinyl Game Mat

    Waterdeep – Vinyl Game Mat

    0

    Ммм, Waterdeep… Градот каде приказна пулсира под секој камен и се испреплетува низ улиците со незапирливите бранови на трговија и интрига. И во секоја сенка се крие нова – од раскошните домови на Sea Ward, каде подеднакво се коваат сојузи и предавства, до мракот на Dock Ward, каде внимателен би требало да ни биде секој чекор.

    Пред нас е клучот кон срцето на еден од најмоќните и мистериозни градови на Forgotten Realms. Замислете да го слушнеме ли гласот на Blackstaff додека нè набљудува низ улиците од својата кула? Или замислете ги сретнеме очите на Masked Lords, секогаш скриени, а секогаш присутни во секој агол?

    Waterdeep е жива, дишечка сила. Го обликуваат толку многу работи – од сјајот на Castle Waterdeep, до мистериозните длабочини на Undermountain. И нашата аватнура има прилика да се развива по улиците што своите имиња ги врежале во историјата.

    Нека шепоти Skullport стравови во умот на секој кој се осмелува да се приближи. Нека стане Yawning Portal наша нова почетна точка и слободно нека биде нашата тактика ставена на тест од опасноста на Field Ward.

    Ова е Waterdeep. Град што не заборава, град што постојано се менува, но никогаш не губи од својата моќ и привлечност.

    1.900,00 ден