-
Bard’s Lagoon
01.000,00 ден“By the lagoon’s edge, where melodies dance with the whispers of twilight, stories are born, and legends take their first breath.”
Кога бард се кваси во тишината на лагуната, каде водата, до тој момент, мирно го одразувала ноќното небо, речиси секогаш би пуштил еден магичен мелос од самото задовоство и би ги разбудил дури и најдлабоките слоеви на природата, би ја оживеал лагуната, би ја променил бојата на водата и би ја инспирирал до степен да започне да го апсорбира звукот. Со таа помисла и се родија Bard’s Lagoon – коцки инспирирани од моментот кога природата попушта на магичниот мелос.
И, најинтересно е тоа што сметаме дека овие коцки би требало да се чуваат понастрана од бардови, бидејќи бласт од хаос несомнено би следел. Па затоа нека бидат за сите кои воопшто ја носат силата на инспирацијата, чии зборови менуваат реалност, чии ветувања и заклетви траат – за оние кои вистински ја чувстуваат моќта на магичниот момент.
Bard’s Lagoon не се само коцки – тие се одраз на свет полн со приказни, каде секој рол е нов бран, нов мелос, нова легенда, и секоја авантура е подлабока, поблескава и комплетно ваша.
-
Blood Waltz
01.000,00 ден“Strength is not given; it is claimed, forged in blood and tempered in resolve. To wield it, you must be willing to bleed.”
Blood Waltz пулсираат во ритам на решителност, создадени за оние што разбираат една вистина – силата доаѓа по цена, а цената е крв. Со транспарентна основа и длабоки црвени виори налик на размрдани артерии, овие коцки ја отсликуваат борбата на Blood Hunter-от.
Совршени се за овие посебни поединци кои ја користат хемокрафт магијата при пресметки со противници кои останатите се плашат дури и да ги именуваат. Секој рол е момент на храброст, секој број – потсетник на жртвата што е неопходна за успех. Со Blood Waltz, Crimson Rites и Blood Curses се прецизни, немилосрдни, а со нив и вие.
Овие коцки не се само алатка – тие се сведоци на приказните испишани со крв. Ако сте подготвени да платите со својата сила за да ја освоите, Blood Waltz е вашиот идеален сојузник.
-
Buzzluck
01.000,00 ден“Luck isn’t random—it’s a game. And the best players never leave it to chance.”
Некои веруваат во судбина, но ти точно знаеш што е работата, едноставно е. Потребна е умешноста за ја обликуваш, и како најдобро ако не со брзина, мудрост, ризик. И среќа. Buzzluck не се коцки за оние кои чекаат судбината да ги примети и да се насмевне, туку за оние кои ќе ја намамат да дојде.
Овој медено-златен сјај блеска со богати ветувања, а под површината крие нешто поголемо – можност. Со нив не се потпираме на шансите, туку ги создаваме. И додека сите се свестат дека играат по нашите правила, навистина е доцна.
Секому се потребни. Секој има момент кога среќата е единственото нешто што може да реши. Затоа Buzzluck се намера, префинетост, и слаткото чувство на ризикот направен за планот да се оствари.
-
Glimmerglass
01.000,00 ден“Clarity reveals all truths, yet within its perfection lies a glimmer of mystery. To see clearly is to dream boldly.”
Glimmerglass – прозорец кон свет на неограничени можности. Носат чистота и јасност, рефлектираат блесок на сончеви зраци, како да се самите врежани во кристалот. Инспирирани се од магичните води на Faerûn, и затоа самите се капки чистота, облеани со таинствени искри магија.
Создадени се за оние кои не се плашат да погледнат подлабоко. За оние во потрага по вистината, по јасноста и по совршеноста на својата магија. Мајсторот на предвидувањето, Divination Wizard-от, беспрекорно им ја сфаќа силата. Секој рол му шепоти за судбина, му отвара нови врати. И нема мистерија што не може да ја открие или пак иднина која не може да ја види.
-
Jungle Hex
01.000,00 ден“In the heart of mystery lies precision, and in the precision, there is power waiting to be unleashed.”
Jungle Hex зборуваат за темнината обвиена со енергија – коцки со длабока црна боја која со себе ја влече моќта на таинственото. Зеленкастите честички да ги земеме како сигнал на непозната димензија кој дополнително ја нагласува мистерија околу нив, и љубопитноста за нив.
Се разбира дека се креирани за оние кои знаат дека сенките не се само засолниште. Совршени за авантуристи кои се потпираат на стратегија и суптилност – за Arcane Trickster во постојана потрага по балансот меѓу магијата и интригата, или пак некој кој со амбиција и задволство би се впуштил во истражување на сите слоеви на реалноста.
Jungle Hex се симбол на интелект што го носат хероите кои мислат пред да дејствуваат.
-
Mosssquerade
01.000,00 ден“When nature dons its most vibrant attire, even the moss begins to masquerade as magic.”
Каков одраз на прекрасната, секогаш мистична, хармонија помеѓу природата и магијата! Како мов, разигран со светлината на скриен извор, бакнат од утринската светлина, разбуден за да го слави дивото, необичното и скриеното. Како мост помеѓу цивилизацијата и дивината, помеѓу разумното и инстинктивното.
Создадени се за оние кои во потполност ја разбираат моќта и инспирацијата на дивината. Повеќе од очигледно е дека Mosssquerade се совршенство во рацете на древната, друидска сила на природата, или пак на тивката ренџерска моќ. Но, секој би ги почувствувал во целост, без разлика дали е тргнат по патот на откривање нови слоеви на знаење низ природниот свет. Харизмата им лежи во чувството на слобода при секој рол.
-
Ruby Rage
01.000,00 ден“Some colors whisper, others sing—but red demands. It commands attention, respect, and admiration.”
Ruby Rage се сила заробена во форма. Рубиновскава црвена, толку жива што изгледа како да пулсира, со искра која потсетува на соларен излив, ја носи магијата на животната енергија, незаузданата страст и неприкосновената доминација. Не шепотат за внимание, туку толку гласно го бараат, го наметнуваат! Не се ова коцки за скриените во сенките. Оној кој сака да ја промени приказната, да отави белег, да поттикне стравопочит, вистински ќе ги почувствува низ секој рол.
Пламенов што никогаш не гасне кој го нарекуваме Ruby Rage е привлечен од таква сила, од онаа на паладинот, чуварот на блесокот, од визардот кој би можел да ја исконтролира, или пак едноставно од авантуристот доволно храбрар да ризикува сè.
-
Void Confetti
01.000,00 ден“From the abyss of silence comes the spark of creation, a chaos that dances with purpose.”
Void Confetti се парчиња извадени од самото срце на Првобитниот хаос – мракот, темнината, празнината од која световите беа обликувани. Ја отелотворуваат бездната на непостоењето додека честички во зелена, виолетова и розова ветуваат искри на првата креативна експлозија. Како ова би биле само коцки? Ова е ехо на древните, мултиверзумски сили.
Создадени за оние кои ги разбираат слоевите на хаосот и редот – судбински магнет за Sorcerer-от кој црпи сила од моќта на елементите, или Warlock-от чиј пакт потекнува од примордијалите. Создадени се за космичка моќ и оној кој е доволно храбар да ја допре.
-
Witching Hour
01.000,00 ден“The stars align, the veil thins, and power stirs in the shadowed hour. With these dice, destiny bends to your will.”
Кога стрелките на часовникот се преклопуваат во Witching Hour, магијата се расплетува низ ноќта. И во тој миг, границите меѓу реалноста и сонот исчезнуваат, а мистериите на мултиверзумот шепотат тајни за храбрите да ги чујат. Овој Cantrip Crit сет од 7 коцки е симбол на моќ и елеганција, создаден за оние кои вистински ја разбираат природа на магијата – сурова, а бескрајно убавa.
Секоја коцка од Witching Hour е повеќе од алатка. Секоја е искра на заборавено време, со боја која блеска како небесен портал прошаран со честички во форма на остатоци од некогашни ѕвезди. Приказните на спелкастерите и авантуристите кои чекорат по работ на непознатото, се испишуваат со секој рол, со секој елдрич хорор, со секој искастан фамилијар – вплетени се во магичната мрежа на Witching Hour, одбрани и одбликувани од Cantrip Crit.