-
2024 D&D Dungeon Master’s Screen
01.500,00 денСите очи се вперени кон D20. Змејовите ја чуваат, а дружината надежно ја бара, свесни дека секој рол е судбински.
Во срцето на секоја епска авантура стои Dungeon Master-от, креаторот на приказните и навигаторот низ непознатото, а Dungeon Master’s Screen 2024 му носи една нова димензија.
Овој четири-панелен скрин, со спектакуларна панорамска сцена од Joy Ang, ги прикажува сите основни класи од петтата едиција на Dungeons & Dragons, сервирајќи визуелна магија на масата. Убавината не е составна само во неговата надворешност. Внатрешноста е внимателно дизајнирана, базирана на десет години повратни информации од Dungeon Master-и, за да ги обезбеди најкорисните информации. Секако дека и зад овој скрин, вашите белешки и резултати на сроланите коцки остануваат скриени, како иненадувањето би било комплетно неочекувано.
Без разлика дали сте ветеран во улогата, или пак newbie со соништа за епски битки, Dungeon Master’s Screen 2024 останува ваш штит од хаосот, оружјето за незаборавни приказни и клучот за моменти кои и те како ќе се раскажуваат долго.