Availability: Out of Stock

Character Notebook | Arcane Alcove

SKU: SKU: INV00021

500,00 ден

Секоја авантура започнува со идеја, но станува легенда во моментот кога е запишана. Со Arcane Alcove – Character Notebook го испишувате патот на карактерот. Тука херојот оживува, битката се слави, а тајната останува скриена.

Посветен е простор за пет карактери да сјаат низ персонални 18 страници. Секоја секција е полна со детали: класи, раси, спелови, способности и сé она што го прави карактерот незаменлив. Секој хајлајт, сон, спомен, средба, секоја таткика, секоја грешка живее низ страниците. Отстапени се и пет страници за напливи на креативност, за автопoртрети, мапи, планови за превртување судбини.

Вистинската магија на Arcane Alcove – Character Notebook е во нејзината функционалност. Тракерите за акции, спелови, бонус акции, реакции, овозможуваат лесно управување со секој аспект од играта. Благодариме и за референтните правила за почетници и просторот за NPC-а и задачи.

Ова дело ги следи нашите авантури и е предодредено за играчи кои внимаваат на стилот и деталноста, за оние кои ја вреднуваат организираноста и за оној кој верува дека добрата приказна мора да би запишана.

Arcane Alcove – Character Notebook е нашиот личен хроничар кој ги обликува авантурите, победите и катастрофите во епски легенди, никогаш заборавени.

Нема на залиха

Опис

Секција за карактери: 18 страници по карактер за раса, класа и детали

Спелови и способности: Простор за спелови до 9-ти левел, тракери за акции, бонус акции и реакции

Креативен простор: 5 страници по карактер

Дополнителни алатки: Референци за основните правила на играта и водич за почетници

Големина: A5 формат, пренослив и практичен

Дизајн и изработка: Филип Павлов и Благоја Димовски

Илустрација на корица: Ана Калајџиева

Јазик: Англиски

Креатор: Arcane Alcove

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.