Availability: In Stock

Dungeons & Dragons: Character Sheets 2024

890,00 ден

Овој куп празни полиња е личниот дневник на секоја наша можност, способност и неспособност. Не постои D&D карактер без приказна и затоа Character Sheets 2024 се распостелуваат да ги фатат сите детали: од првиот крит, до последната капка HP.

Новиот распоред на елементите дозволува секогаш да знаеме каде ни е иницијативата, дури и по три пива и еден fireball. Оставен е простор за сè што ДМ-от би можел да искористи против нас: оружја, ајтеми, спелови, контакти, непријатели, должници, љубовници. Како хартијава да е најиздржливиот авантурист – како да не се плаши од отпечатоци на мрсни прсти од тензична конзумација на грицки поради тешки одлуки кои следната сесија ќе видиме што донеле.

Во свет каде змеј би не испекол за помалку од шест секунди, ова можеби е единственото место каде карактерот ни е безбеден.

Донекаде…

5 на залиха

Опис

  • Издавач: Wizards of the Coast

  • Издание: 17 септември, 2024

  • Јазик: Англиски

  • Димензии: 21.6 x 0.5 x 28 cm

  • Препорачана возраст: 12+ години

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.