Опис
Димензии: 21.34 x 28.32 x 1.52 cm; 899 g
Издавач: Wizards of the Coast (6 декември, 2022)
Јазик: Англиски
Тврда корица: 224 страници
Препорачана возраст: 12+
2.880,00 ден
Krynn е свет каде минатото и сегашноста се судираат во битка од епски размери, а судбината на светот виси на конец. Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen директно нè фрла во срцето на оваа вечна борба. Древниот непријател, одново повиканата Takhisis, носи со себе драгонска армија и легии на ужасни воини.
Затоа ова не борба за обичен опстанок – ова е војна за душата на Krynn.
Кампањата нуди повеќе од класичен конфликт. Го открива длабокиот слој на светот на Dragonlance, каде ликовите се во конфликт со непријатели и соочени со морални избори кои ќе ја обликуваат иднината.
Се наоѓаме во центарот на градот под опсада, Kalaman. Секој чекор значи борба за живот или смрт. И тука не сме обични војници, туку стратези, водачи на одбраната на градот против навалата на војската на Dragon Queen.
Длабоко во пустошот на Taman Busuk, скриена меѓу планинските врвови е долината кои крие тајни единствено за храбрите. Доколку веќе се осмелуваме да им пристапиме, би било добро да би знаеле што нè демне таму.
Со нови механики за војување, не се бориме сами за себе, туку предводиме армија, планираме напади, организираме одбрана, се соочуваме со предизвици што само генерал би ги разбрал.
Древни артефакти излегуваат низ борбата против Takhisis, од мечеви до изгубени спелбуци кои ни го дефинираат патот. На секоја нова локација нè чека нов аспект на култура, религија, заборавена цивилација која има своја, лична улога во тековниот конфликт.
Во Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen, нашиот избор ќе резонира низ целата историја на Krynn. Ќе го прифатме ли повикот на оваа епска сага, или ќе паднеме под сенката на кралицата?
4 на залиха
Димензии: 21.34 x 28.32 x 1.52 cm; 899 g
Издавач: Wizards of the Coast (6 декември, 2022)
Јазик: Англиски
Тврда корица: 224 страници
Препорачана возраст: 12+
Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.
Критики
Нема критики сеуште.