-
Dragon Shield: Dice Companion – Midnight Blue
02.200,00 денНекои коцки, ја повикуваат магијата со збор. Ти ја повикуваш со d20 што слетува во тишина. Dice Companion: Midnight Blue е за играчи што знаат дека тишината има боја. Темна, како небо без месечина. Длабока, како мисла што сè уште не си ја кажал.
Изработен од Dragon Skin™, овој Companion е твојот ред, твојата скриена магија, твојот простор за коцки кои се однесуваат како сојузници. Внатре? Сатенска внатрешност, послана како ноќно небо – ја пригушува секоја вибрација, секоја несигурност. Место за шест комплети коцки. Минијатури. Белешки. Тајни. Клетви…
Сè е тивко. Сè шепоти. Не бара да биде забележано. Едноставно се појавува, и играта почнува да дише.
-
Glimmerglass
01.000,00 ден“Clarity reveals all truths, yet within its perfection lies a glimmer of mystery. To see clearly is to dream boldly.”
Glimmerglass – прозорец кон свет на неограничени можности. Носат чистота и јасност, рефлектираат блесок на сончеви зраци, како да се самите врежани во кристалот. Инспирирани се од магичните води на Faerûn, и затоа самите се капки чистота, облеани со таинствени искри магија.
Создадени се за оние кои не се плашат да погледнат подлабоко. За оние во потрага по вистината, по јасноста и по совршеноста на својата магија. Мајсторот на предвидувањето, Divination Wizard-от, беспрекорно им ја сфаќа силата. Секој рол му шепоти за судбина, му отвара нови врати. И нема мистерија што не може да ја открие или пак иднина која не може да ја види.
-
Dragon Shield, Player Companion – Blood Red
03.580,00 денКрваво црвен, како трага на битка останата на оружјето на легендарениот херој, Companion-ов зрачи со мистерија и моќ, и повикува на следна судбоносна авантура.
Elminster рекол: „Не смееш да го потцениш значењето на добра организација во хаосот на битката“. Е тука овој Companion блеска.
Изработен со издржливоста на речиси вистински Dragon Skin, овој Companion не е само кутија. Со простор за минијатури, коцки, моливи, cahracter sheets, мобилни, таблети, ни овозможува сè да ни е прегледно, без разлика дали сме во комбат со опасен монстер или во дискусија за решавање на политички интриги во Waterdeep. Време e за Greatsword, Eldritch Blast, Perception, Action, Slight of Hand, Athletics, и пријателов се претвора во dice tray на critical hits.
Си го поставуваме карактерниот лист под феноменално обмислена транспарентна покривка за многу лесно следење на HP и секакви податоци од важност. Грешките се веќе небитни – бришеме и продожуваме.
Со сатенската внатрешност и силен магнетен затворач, е спремен да го издржи секое патување – без разлика дали е низ Underdark, или Icewind Dale.
-
RPG Player’s Bag – Black
04.590,00 денОвaа длабока, црна, мистериозна торба го носи духот на ноќните авантури, подготвена да се стопи со сенките низ кампањата.
Ова е нашиот личен Bag of Holding.
Секој искусен авантурист знае дека вистинската сила не лежи само во Greataxe или Fireball, туку и во она што го носи со себе. Овде се нашите бележници, нашите спелбуци, нашиот аркана кит, нашето инвентори, нашата стратегија и агенда за патувањето низ секој предел на Forgotten Realms.
Изработката е магична, Dragon Hide – книгите, технологијата и карактерните листови се повеќе од безбедни. Кога и да ја отвориме е како да отвараме сеф на визард, со секоја преграда, секоја нишка, внимателно изработена за складирање на скролови. Како артефакт изваден од трезорите на Candlekeep, како чувар на историја, спремна да ги заштити тајните, и со едно одврзување на ременот, да ги распостеле мапите на Sword Coast, на Undermountain, на Icewind Dale, пред нас.
-
Purple/White Translucent, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Purple gleam, mysteries unfold,
These dice are sharp, precise, and bold.
Small in size, but big in power,
Roll them right, this is your hour.”
Идеални за:
Magic Missile – да, дефинивен е хитот на овие магични ракетки, но за комплетно, максимално оштетување, не земјате D4 од другите, вртете ја оваа, колку пати и да е потребно;
History – оние случувања од дамнина, кои никој никогаш не смета дека се потребно да се запамтат, ќе ви дојдат во глава како да се случиле вчера
Hand Crossbow – минијатурен проектил, но испуштен во вистинкиот момент, без шанса да утне;
-
Marble Calcite/Black, 7-Die Set (bonus die)
0780,00 ден“I walk the line between life and death, a shepherd for the souls lost in the void. The grave is not an end, but a transition—one I control with the will of the gods.”
Во древните некрополи на Faerûn, каде животот и смртта се во испреплетен танц, коцкиве ги обликуваат раце на чуварите на гробовите, моќни свештеници од Grave Domain. Нивните благослови лежат во секој рол, носејќи ја тежината на неизбежноста на смртта и кревкоста на животот.
Во рацете на Cleric, Grave Domain, овие коцки не се само алатка – тие се симбол на праведност и последно прибежиште за душите изгубени меѓу световите.
-
Jet Black – Eclipse 11
0930,00 ден“From the darkest corners, I emerge. Shadows cling to me like a second skin, their whispers filling my mind with forgotten secrets. My magic is not born of light but of shadow itself, and where I walk, the darkness follows.”
Oбликувани во длабочините на Shadowfell, каде светлината е само спомен и мракот владее, овие коцки го отсликува мистичниот извор на моќ на Shadow Sorcerer. Во негови раце, секој рол е моќ на прозивање на сенките, на контролирање, на менување на светот околу вас во вистинска, непродорна темнина.
Овие коцки не се само алатка – тие се конекцијата со Shadowfell, каналот за манипулација на мракот, по вашата волја.
-
Borealis, Luminary Icicle – Light Blue, 7-Die Set
0680,00 ден“In the heart of the storm, I see the light of the frozen stars. It is there, in the glow of the ice, that I find my strength. My enemies shall shatter like glass beneath the claws of the Blue Bear Tribe.”
Исковани во длабочините под Spine of the World, овие коцки ја носат моќта на развиорената зимска бура. И токму во рацете на Variant Human, Barbarian кој го следи патот на тотемски воин, канализираат сурова, незапирлива сила. Влегувате во Rage и духот на Сината Мечка е со вас на секој рол, носејќи ве до следниот Reckless Attack, смачкувајќи BBEG како мразот под нозете.
Овие коцки, не се обична алатка – тие се вашиот Greataxe, тие се вашата неизбежна победа во комбат.
-
CATS Dice Set, Daisy
01.320,00 денКоцки од суштествата кои одамна знаат дека куќата е нивна, а ние само плаќаме кирија.
Шепасто-розеви, со бели гравури од пози на нивното величество, клопчиња и симболи на контролирана анархија. Енергијата што ја пуштаат е онаа која мачката ја поседува кога планирано го турка стаклениот предмет, кој ни значи, од масата, додека нè гледа во очи. Онаа елегантна, ладнокрвна енергија која вели дека за неа не важат правила.
Играчи и DMи кај кои не се приметува паниката, туку само оденсувањето дека сè е според планот, би биле идеални корисници на овој ајтем.
-
Nebula Luminary Nocturnal/Blue Mini Polyhedral 7-Die Set
0390,00 денОвој минијатурен сет изгледа е собран од длабоките џебови на ноќта, од каде светлината бега, а магијата зуи.
Темни, а блескави, извалкани во прашина што фршти во мрак како да роламе во Astral Sea каде секоја искра е закана или ветување.
Ова се коцки за оние кои чуваат резервен спел во најмалиот можен формат, за оние кои вистински веруваат дека „мини“ апсолутно не значи „помалку опасно“.
И што е најбитно? Судбината не знае дека се мини.
-
2024 Dungeon Master’s Guide – Alt Cover
02.880,00 денВо ова алтернативно издание на Dungeon Master’s Guide 2024, магијата на раскажувањето се спојува со уметноста на дизајнот. Со ексклузивна корица што го доловува духот на мултиверзумот – мистериозна, интригантна, и полна со детали што зборуваат за величественоста на твојата улога на DM – ова издание e изјава.
Дизајнирана за вистинските мајстори на занданите и колекционерите, ова издание ја комбинира моќта на фантазијата со елеганција. Од моментот на првото отварање, веќе сме дел од нешто поголемо – авантура што започнува од нејзините корици и продолжува во светот кој го обликуваш.
Сценава: играчите се на раб на столиците, очите се вперени во тебе, воздухот тежи со неизвесност. Со изговорен збор обликуваш свет, оживуваш историја, испишуваш судбина. Dungeon Master’s Guide 2024 е алхемија на фантазијата, дизајнирана да те обликува во легендарен раскажувач.
Ова ново издание ги преобликува темелите на играта, овозможувајќи креација на незамисливи авантури со голема леснотија и длабочина. Ова е твојот клуч за епски приказни кои играчите ќе ги паметат многу долго по последната фрлена коцка.
- Бастиони: Заборави ги едноставните кампањи. Со новите правила за Бастиони, играчите добиваат можност да создаваат и водат свои бази – места на моќ, интрига, стратегија. Дали тврдина ќе биде засолниште или симбол на амбиција? Зависи од тебе.
- Нови магични ајтеми: Со над 400 преработени и нови магични ајтеми, предмети кои носат надеж, или менуваат реалност, секој чекор во приказната може да биде почеток на една незаборавна приказна… или катастрофа, можностите се бескрајни.
- Враќање во Greyhawk: Оваа легендарна поставка е повторно оживеана, детално, со мапи и моменти кои носат чувство на она како е да се биде дел од нешто поголемо од нас.
- Совети за совршена нарација: Без разлика дали станува збор за комбат или бустање на политичка интрига, тука се техниките за менување на обичните сцени во спектакуларни моменти.
- Енциклопедија на идеи: Со нови алатки за брза инспирација, секоја игра станува уникатна. Од митолошки ликови до структури на заговори, сè е подготвено и чека.
Dungeon Master’s Guide 2024 е револуција. Трансформира обичен собир во епска легенда.
-
Mosssquerade
01.000,00 ден“When nature dons its most vibrant attire, even the moss begins to masquerade as magic.”
Каков одраз на прекрасната, секогаш мистична, хармонија помеѓу природата и магијата! Како мов, разигран со светлината на скриен извор, бакнат од утринската светлина, разбуден за да го слави дивото, необичното и скриеното. Како мост помеѓу цивилизацијата и дивината, помеѓу разумното и инстинктивното.
Создадени се за оние кои во потполност ја разбираат моќта и инспирацијата на дивината. Повеќе од очигледно е дека Mosssquerade се совршенство во рацете на древната, друидска сила на природата, или пак на тивката ренџерска моќ. Но, секој би ги почувствувал во целост, без разлика дали е тргнат по патот на откривање нови слоеви на знаење низ природниот свет. Харизмата им лежи во чувството на слобода при секој рол.
-
Dungeon Master’s Screen: Dungeon Kit
01.500,00 денДлабоко под земјата, каде светлината не допира и само ехо од заборавените разговори го пробива мракот, леажт подземните лавиринти кои го тестираат и најхрабриот кој се осмелува да влезе.
Овој DM Screen е личен криптографски клуч, богат со статистика за предвидени средби со монстери, скриени реликвии во заборавени руини и мрачни, влажни, непријатни данџни. Зад него, се создава магијата, секоја пресвртница, секоја средба доживеана низ тунелите.
За време на подготовките или за импровизирани мапи, тука се 36-те geomorph карти – секоја со патеки и поврзувачки точки за бескрајни комбинации низ подземните простори. Лавиринтите се толку заплеткани, што слободно може да се остави на случајност дека излез од нив би бил пронајден.
Се разбуди ли комбат во подземјето, референтните листови вадат брза навигација низ правилата на играта, листот со нумериран грид овозможува тактичко поставување, основите за комбатот се сервирани до нив, а организирани картички за conditions и иницијатива настапуваат со лесно следење на секој пресврт.
Позади овој екран, не стои само DM, туку архитекот на подземјето, творецот на лавиринтите и чуварот на тајните што дремат неоткриени.
-
Dragon Shield, Player Companion – Iron Grey
03.580,00 денСо челично сива нијанса, како оклоп што претрпел безброј битки, овој Companion зрачи со одлучност.
Elminster рекол: „Не смееш да го потцениш значењето на добра организација во хаосот на битката“. Е тука овој Companion блеска.
Изработен со издржливоста на речиси вистински Dragon Skin, овој Companion не е само кутија. Со простор за минијатури, коцки, моливи, cahracter sheets, мобилни, таблети, ни овозможува сè да ни е прегледно, без разлика дали сме во комбат со опасен монстер или во дискусија за решавање на политички интриги во Waterdeep. Време e за Greatsword, Eldritch Blast, Perception, Action, Slight of Hand, Athletics, и пријателов се претвора во dice tray на critical hits.
Си го поставуваме карактерниот лист под феноменално обмислена транспарентна покривка за многу лесно следење на HP и секакви податоци од важност. Грешките се веќе небитни – бришеме и продожуваме.
Со сатенската внатрешност и силен магнетен затворач, е спремен да го издржи секое патување – без разлика дали е низ Underdark, или Icewind Dale.
-
Phandelver and Below: The Shattered Obelisk – Alt Cover
03.460,00 денОва издание на Phandelver and Below: The Shattered Obelisk е врата кон тајните длабочини на Phandalin, детално обвиено во мистериозна илустрација за она што го откриваме низ авантурата. Оваа колекционерска верзија носи уште подлабоко чувство на предизвик, како приказната да започнала уште пред да ја отвориме првата страница.
Phandalin е градче со историја полна со закопани мистерии. Под површината на оваа мирна населба, нешто се буди. Phandelver and Below: The Shattered Obelisk повикува на патување длабоко под земјата каде времето и просторот се извитоперуваат, а древни сили се подготвени да излезат од сенките.
Она што започнува како обична авантура во Phandalin, брзо се претвора во нешто поголемо. Соочени сме со разнишаните фрагменти на обелиск кој не смеело да биде откриен, оти оваа сила би го премостила прагот на самата реалност.
Времето како да е пресечено, како да не тече, исполнето со ехо од минатото. Стари култови, затскриени пактови и портали водат до нови димензии на хаос и заборавени моќи.
Обелискот кој лежи во срцето на авантурата не е само симбол, туку фрагмент од заборавена реалност кој ги менува законите на светот. Што претставува?
Секако, највредните награди лежат длабоко во мракот, но знаеме што ваквите реликвии би донеле. Секогаш е тешка одлуката меѓу нивно поседување и користење, или предавање на друг.
Непредвидливи битки и извртени магии се пред нас. Дали би успеале да ја искривиме дури и својата реалност доколку е потребно? Дали е паметно да се отворат сите врати? Дали сé треба да биде откриено?
-
Oxi Copper/White – Marble, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Copper green, worn with time,
These dice hold secrets in their prime.
Small but ancient, forged in stone,
Roll them well, and claim your throne.”
Идеални за:
Searing Smite – максимална оштета со врелата огнена фурија на следниот удар по активирање на спелот;
Insight – мудроста за кристално читање на намерите на другиот е неприкосновена со ролот;
Flail – маестрален замав, непрекината сила – нема бегање од железниот синџир
-
Luminary Sky/Silver, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“Glimmer of sky, flash of steel,
These dice know the secrets you conceal.
Small in size but sharp as fate,
Roll with intent, before it’s too late.”
Идеални за:
Call Lightning – небесни, молскавични, сили доаѓаат на дефинитивна помош и удираат точно каде треба;
Perception – не постои детал во околината кој би останал неприметен;
Longbow – далечен, многу далечен, прецизен и неверојатно ефективен удар;
-
Black Grey/Green – Gemini, Mini 7-Die Set
0390,00 ден“In the shadows, truths are spun,
Roll these dice, and watch them run.
Green like envy, black like night,
Trust them wisely—they bite.”
Идеални за:
Shadow Blade – дефинивен хит со мрачното сечило зацврстено во раката, создадено од совршени сенишни нишки;
Stealth – сенка сте, и сами не би се заприметиле;
Greataxe – тежок удар што би пресекол темнина;