• Spellbook Cards: Martial Powers & Races

    Spellbook Cards: Martial Powers & Races

    0

    Во светот на Dungeons & Dragons, не секоја моќ доаѓа од магијата – некои способности се израз на физичката сила, тактичката прецизност, или природниот дар на расите што чекорат низ теренот на авантурата. Со Spellbook Cards: Martial Powers & Races, овие уникатни способности се претставени со јасност и прецизност, подготвени за брза употреба и драматични моменти.

    Овој сет од 61 ламинирана картичка е твојот извор на инспирација и подготовка. Без разлика дали е потребно следење на battle maneuvers на фајтерот, racial traits за зајкнување на стратегија, или специјални способности на монкови и барбаријанци, Spellbook Cards: Martial Powers & Races ја олеснуваат секоја сесија, дозволувајќи фокус на играта, и што помалку прелистување страници.

    600,00 ден
  • Spellbook Cards: Xanathar's Guide to Everything

    Spellbook Cards: Xanathar’s Guide to Everything

    0

    Во светот на Dungeons & Dragons, магијата е ткаенината што ги поврзува сите нешта, а Xanathar’s Guide to Everything ја проширува оваа ткаенина со нови плетки. Со овие спелбук картички можноста вашите прсти да ги дофатат овие магиски способности е на дофат.

    Само замисли го моментот кога визардот ќе искаста Psychic Scream, или кога друид ќе анлишне Healing Spirit! Низ 95 ламинирани картички, секоја магија е јасно претставена со сите детали, овозможувајќи брз пристап без потреба од листање сорбуци и рулбуци. Симболите на картичките покажуваат кои класи можат да ги користат магиите, олеснувајќи го изборот и подготовката .

    Без разлика дали станува збор за искусен визард или новајлија во светот на магијата, Xanathar’s Guide to Everything помага во совладување на способности и отвара можност за многу лесен внес на истите во кампањите.

    Нека авантурата биде полна со магиски моменти за паметење!

    800,00 ден
  • Glitter Ruby/Gold, Mini 7-Die Set

    Glitter Ruby/Gold, Mini 7-Die Set

    0

    “Ruby glint and golden gleam,

    Tiny dice, but quite the scheme.

    They shimmer bright, but strike with might,

    Roll them once and end the fight.”

    Идеални за:

    Scorching Ray – метата секогаш ќе биде надената; трите зрака ќе бидат беспрекорно испорачани и смртоносни, со гаранција;

    Stealth – леснотија и брзина во секој чекор, совршени за невидливост и нечујност во просторот;

    Shortsword – елегантен, но моќен удар за мајсторски напади и максимален демиџ;

    390,00 ден
  • Tomb of Annihilation - Map Set

    Tomb of Annihilation – Map Set

    0

    Древни тајни, непроодни џунгли, и смртоносни стапици нé чекаат на секој чекор во Chult. Сет од четири детални мапи на Tomb of Annihilation, се сервирани на масата за да ја откријат и оживеат мистеријата како визуелен патоказ низ најопасните предели во Dungeons & Dragons.

    Главната мапа на Chult е платното на патувањето. DM-от нè води низ руини, густи шуми, скриени, непроодни патишта и ги следи нашите одлуки низ овој опасен предел. Три дополнителни мапи од Chult и Port City од сетот, кријат нешот друго и без разлика која насока и да ја одбереме, секој квадратен сентиметар ќе биде совршено возбудлив.

    Можноста да се бележи познатиот, одминатиот и новиот пат е лесна бидејќи е овозможена со wet-erase маркери.

    Нè чека свет што сака да биде отркиен.

    2.380,00 ден
  • Icewind Dale - Vinyl Map

    Icewind Dale – Vinyl Map

    0

    Надвор од суровата зимска тишина и под бескрајното сивило на облаците, Icewind Dale е дом на древнa моќ, заборавени цивилизации и битија што ја дефинираат дивината.

    Reghed Glacier, недостапен и непредвидлив, го чува својот злобен дух и ги предизвикува оние што се осмелуваат да се приближат. Некаде под ледената површина се слушаат шепоти, остатоци од времето на Netherese, кои изгубиле во борбата со магијата. Оние кои тргнале по патот кон Revel’s End, познатиот затвор на далечниот север, го осетиле вкусот на стравот.

    Низ тивките планини во близина на Kelvin’s Cairn движат дворфови, елфови, барбаријанци, гордо застанати пред своите домови наспроти суровата околина. Auril the Frostmaiden, ги брца своите замрзнати прсти на секоја патека. Гневот и се чувствува како завеан ветер и најладниот допир некогаш осетен.

    Тука, не постои само една вистина. Icewind Dale е место каде легендите се ипишуваат на мразот, а судбината е замрзната во времето, чекајќи ги храбрите.

    1.900,00 ден
  • Guildmasters Guide to Ravnica - Map Pack

    Guildmasters Guide to Ravnica – Map Pack

    0

    Ravnica е метрополата што не познава граници, каде магијата и моќта танцуваат низ улиците и кулите што се издигнуваат високо над облаците. Ова е градот кој никогаш не спие, каде илјадници жители секојдневно ги следат своите патеки низ политичките игри што ги обликуваат деветте еснафи на градот.

    Пред нас имаме повеќе ресурси одошто би можеле да искористиме на една сесија, но сѐ е патоказ низ срцето на Ravnica’s Tenth District – центарот на моќ, трговија и мистерија.

    И да се изгубиме низ тесните улички на Undercity каде еснафот Dimir секогаш демне во сенките, или низ грандиозните булевари на Precinct One, дом на Azorius Senate, каде законите се впишуваат длабоко во ткаенината градот, што има врска.

    Пред нас е материјал испреплетен со инфорации и детали кои, практично, ќе ги оживеат скапоцените реликвии на Gruul Clans или интелектуалните вртлози на Izzet League. Секој дел од градот е мапиран и подготвен.

    Пред нас се испишани приказните на еснафите. Со помош на dry-erase markers се следат движењата додека се истражува Selesnya Conclave или се подготвуваат магиски експерименти во лабораториите на Simic Combine, или се влегува во самото срце на тајните операции на Orzhov Syndicate!

    Секој агол на Ravnica е мапиран, без разлика дали сме во улога на DM или плеер.

    1.500,00 ден
  • Eberron - Map Set

    Eberron – Map Set

    0

    Во светот на Eberron, магијата и технологијата се испреплетуваат во една неверојатна синергија. Лебдечките тврдини се носат низ ветрот на elemental airships, а Warforged чекорат рамо до рамо со елфови, тролови и џинови.

    Пред нас се три мапи со најфасцинантните терени на светот каде иновацијата постојано ја преобликува реалноста.

    Масивниот континент на Khorvaire, каде градовите на Sharn се издигнуваат како механички чуда додека шумите како Towering Wood кријат древни тајни, е место каде интригите на Dragonmarked Houses го обликуваат политичкиот пејзаж, а House Cannith продолжува да ги турка границите на магиската технологија.

    Aerenal, домот на вечните елфови, е земја каде древната мудрост и мистичната култура создаваат уникатно духовен и магиски свет. Xen’drik е дом на древни цивилизации, одамна изгубени во времето. И храбрите се премислуваат пред рушевините и дивите џунгли тука.

    Прекрасно би било да сме натокмени со мапите пред нас, без разлика дали сме се фатиле во истражување на воздушни бродови, антропоморфни градови или сме во потрага по изгубени артефакти.

    2.380,00 ден
  • Character Sheets - Dungeons & Dragons

    Character Sheets – Dungeons & Dragons

    0

    Сé започнува со лист хартија. Ова е нашата магична врата, порталот низ кој карактерот оживува и со него неговите соништа, стравови и амбиции.

    Сетот содржи посебен introductory character sheet – едноставен и подготвен за првите  чекори во светот на D&D. Поискусните херои добиваат три различни вида на двострани character sheets – простор за забележување на новите можности, на веќе откриените тајни, настани, средби. И, се разбира, магијата не би била комплетна без специјалните spell sheets, каде спекастерите ги нижат своите познати, научени, најдени, спремни, неспремни спелови.

    Перото е спремно да ја испише светлата и темната страна на историјата на авантурата.

    610,00 ден
  • Sword & Sorcery: Immortal Souls

    Sword & Sorcery: Immortal Souls

    0

    Петмина херои, извлечени од мртвите со моќна магија, стојат на прагот на вечноста подготвени да го спасат кралството од претстојниот мрак.

    Sword & Sorcery – Immortal Souls е епска приказна во која сме во улога на бесмртни херои. Секој херој е вратен да се борив против злото контролирано од иновативен систем кој дозволува непријателите да се движат и напаѓаат на интелигентен начин. Битката е диманична и многу предивикувачка, брз потреба од Game Master.

    Да, херои паѓаат во битка, но тука не е крајот. Се трансформираат во духовна, етерична форма способна да ја продолжи борбата преку Ghost Shouts. Воскреснуваат на олтарите на боговите, трошејќи ги своите Soul Points, и се враќаат назад за повторно да ја водат борбата.

    Како напредуваме низ приказните, така зајакнуваме, освојуваме Soul Points, враќаме легендарни моќи, магии, и собираме моќни артефакти и Soul Weapons за одбрана на кралството.

    Софистицираниот систем на борба и магија дава посебна длабочина, а херојот е прилагодлив за обликување според нашиот стил на игра. Можности за стратегии и победи има безброј, без разлика дали фокусот ни е насочен кон физичка сила, магични напади или тактичко искористување на артефактите.

    Solo Play е момент со кој ги водиме хероите сами низ авантури додека модулите и картите создаваат уникатни мапи и сценарија за секој нова приказна.

    5.230,00 ден
  • Trials of Tempus

    Trials of Tempus

    0

    Изборот на херој не е само прашање на сила. Во светот на Trials of Tempus, секоја битка е непредвидлива, секоја задача клучна, а вашите сојузници – витални за успехот. Темпус, богот на војната во Ферунскот пантеон, ве повикува. Најхрабрите би го поминале судот, но потребно е нешто многу поголемо од храброст за победа.

    Trials of Tempus е вашето искушение – битка во која моќта не секогаш значи победа, и мудроста и лукавоста можат да донесат поголема слава од мечот. Вашата задача? Да соберете Victory Points низ предизвици, богатство и надминување на соперниците во дружината. А вистинскиот триумф доаѓа кога Trial Guardian, ќе падне.

    Храброст или Лукавост?

    Во Trials of Tempus, секој потег го испишува следното поглавје на вашата авантура. Секој херој има своја приказна, свои вештини, и токму тие можат да направат разлика меѓу триумф и пораз. Мисиите никогаш не се исти, терените постојано се менуваат, а монстерите и предизвиците стануваат сè потешки. Дали ќе одберете да го нападнете непријателот со сета сила? Или ќе чекате трпеливо, собирајќи Loot и штедејќи го вашиот вистински потенцијал за финалниот судир?

    Секоја игра е ново искушение. Темпус е суд на сè што покажувате. Битката не завршува кога монстерот ќе падне – вистинската победа е во тоа кој е докажаниот шампион на Темпус.

    Повикот на Темпус е веќе тука. Храброста, лукавоста и тактиката се вашето оружје. Ќе го водите тимот до победа, или ќе останете зад ривалите? Секој потег има последица, и секоја грешка може да значи пораз.

    6.420,00 ден
  • Dragonlance: Warriors of Krynn

    Dragonlance: Warriors of Krynn

    0

    Нашата авантура започнува во Krynn. Соочени сме со застрашувачката Dragon Army. Битката е интензивна, но целта е да се промени судбината на светот. Одбрани сме за да изведеме клучни маневри кои ќе го променат текот на војната. Што попрво? Одбрана на критичните локации или впуштање во опасна мисија? Одбрана на нашиот фронт или ризични потраги по начин да се фати Dragon Army во заседа?

    Се базираме на нашата тактичка умешност, тимска работа, адаптација и почит. Кој пат до триумф и да го одбереме, е клучен. Најдобро би било кога би пронашле баланс меѓу водење на војската и истражување на непознати територии, оти без сомнеж би биле супериорни против змејските армии.

    Да се надеваме на брзо носење на одлуки и да го извадиме најдоброто од нас – добра стратегија, добра позиција на спелкастери и воини, како нашата приказна би станала легендарен дел од оваа епска војна.

    4.960,00 ден
  • D&D Onslaught: Zhentarim 1 - Expansion

    D&D Onslaught: Zhentarim 1 – Expansion

    0

    Во сенките на Forgotten Realms, една сила потивко се движи, подготвена да удри со прецизност и немилосрдност. Zhentarim, господари на манипулација и интригa, ги повикуваат своите озлогласени асасини. Четири нови агенти се приклучуваат во редовите, мајстори на хаосот, со уникатна тактика и моќ што го обликува бојното поле по своја желба.

    Впуштете се во битка заедно со Vonkar Zzod, хобгоблин Cleric, поткован со својот Spiritual Weapon кој ги фрла темните благослови на својот бог наоколу.

    “Ruby Eye” Doireann, дворф Barbarian која едвај чека некој да ја нападне. Очите и засветуваат како рубини, а силата е бесмилосна.

    На самата граница на хаосот стои Sha’Bel, Life-Sever, голијат Fighter, сјајот на фронтот. Ја разнесува душата на непријателите, отсекувајќи ја секоја надеж за опстанок. Нека му ја мисли оној пред кого ќе застане оваа жива катастрофа.

    Во сенките над комбатот стои Daiyu Tseng, Bard, и уметноста не е нејзиниот избор на експресија, туку смртта. Psychic Blades невидливо летаат кон непријателот, и нејзиниот шепот е она што последно ќе го чујат.

    Напомена: Потребен е D&D Onslaught: Core Set за играње.

    2.820,00 ден
  • D&D Onslaught: Scenario Kit - The Benefactor

    D&D Onslaught: Scenario Kit – The Benefactor

    0

    Неочекувано, во тишината на ноќта, стасано е непотпишано писмо. Нема име, ниту пак потекло – само ветување за голема награда. Вашата задача? Наводно, да расчистите данџн полн со коболди. Но, додека ги смачкувате по патот, едно прашање останува неодговорено – кој е овој мистериозен испраќач? И, дали може да му се верува?

    Dungeons & Dragons Onslaught: Scenario Kit – The Benefactor е повик кон далбочините на еден свет каде довербата е скапоцена, а секоја грешка може да ве чини повеќе од живот. Со шест нови сценарија кои го прошируваат вашиот Onslaught – Core Set, ова дополнување е идеално за повеќе мистерија, заплет, и уште поинтригантен комбат.

    Напомена: За играње ви се потребни Onslaught – Core Set и дополнителни минијатури.

    1.800,00 ден
  • D&D Onslaught: Many-Arrows 1 - Expansion

    D&D Onslaught: Many-Arrows 1 – Expansion

    0

    Во срцето на комбатот, постои фракција која ги користи своите уникатни вештини за да го контролира бојното поле. Четири нови херои влегуваат во игра, секој со способност комплетно да ја промени динамиката.

    Водете ги вашите сојузници до победа со Diarmuid, Cleric, шампион на природата, кој не само што пушта Healing Words наоколу, туку и ги открива противниците кои влегуваат во негов домен.

    По сенките на бојното поле, без да остави трага, движи Sarzumina, Rogue, фантом, брза и неверојатно ефикасна.

    Но, кога магијата станува опасна, Falenyn, Wizard Vanguard, го расипува планот на противникот и ги штити сојузниците со моќни, аркански, одбрамбени ѕидови од својот арсенал. Со Falenyn, вашата фракција е непробојна тврдина.

    И во исто време, магијата на Thurkear the Wise, Warlock од расата лизардфолк, е обвиена со илузии. За момент сте невидливи и нападите повеќе не ве следат. Се пренасочувате на одлична позиција и ги фаќате противниците во небрано.

    Напомена: Потребен е Dungeons & Dragons Onslaught: Core Set за играње.

    2.820,00 ден
  • D&D Onslaught: Harpers vs. Zhentarim - Fundamentals Kit

    D&D Onslaught: Harpers vs. Zhentarim – Fundamentals Kit

    0

    Овој Fundamentals Kit не вклучува минијатури или коцки, но веќе имаме цел арсенал, нема потреба. И затоа е совршена можност да ги поставиме омилените епик минис во епик кофнликт меѓу две легендарни фракции – Harpers и Zhentarim.

    Во светот на Forgotten Realms, веќе ништо не е исто. Древните фракции се судираат за моќ и контрола. На едната страна се Harpers – чувари на слободата, правдата и тајните кои со векови ја одржуваат рамнотежата во светот. На другата, Zhentarim се господари на интригите, трговци во мракот, инволвирани во опасни игри на манипулација и доминација, стремејќи се кон апсолутна моќ.

    Сега е наш ред да предводиме една фракција. Битката станува лична. Секој избор критичен. Армијата е под наша команда и ние избираме дали ќе застанеме зад правдата, или ќе се впуштиме по мрачната патека кон превласт.

    5.600,00 ден
  • D&D Onslaught: Harpers 1 - Expansion

    D&D Onslaught: Harpers 1 – Expansion

    0

    Нешто се менува во воздухот, како да носи шепот на судбината. Харперси бараат нови шампиони и четири нови херои се подготвени да ја избистрат темнината.

    Ayur, Aarakocra Monk – замавнува со крилата и противникот нема време за одбрана. Се движи низ бојното поле како бура, во судир со повеќе противници истовремено. Ова е мајстор на брзина и боречки вештини.

    Adnan Zarehm, Fire Genasi Cleric – оваа боженствена моќ прави чистка од непријателот на патот, и сојузникот, и те како, се потпира на радијантните зраци кои му го чуваат грбот. Нè води низ мракот и не дозволува да нè проголта.

    Eileen Rumrunner, Sorcerer Hybrid – никогаш не го фаќа лесниот пат. Судбината ја врзала со хаосот на Wild Magic која менува тек, менува судбина на комбатот. Среќата е на наша страна и со победа, триуфот е многу, многу голем.

    Nurith, Locathah Rogue – демне од сенките и го чека правиот момент. Мајстор е на заседи и совршено ја користи неочекуваноста за да го заврши нападот. Не постои побезбеден асасин на бојното поле. Нејзиното присуство е она што непријателот последно ќе го види.

    Напомена: За играње ви е потребен D&D Onslaugh: Core Set

    2.820,00 ден
  • D&D Onslaught: Core Set

    D&D Onslaught: Core Set

    0

    Во D&D Onslaught – Core Set сте архитектот на авантурта, херојот, монстерот низ лавиринтот на моќ. Тука се крие мрачната борба помеѓу двете моќни фракции: Harpers – чуварите на балансот, неуморните воини посветени на спречување на злоупотребата на моќта и грижа кон невините; и Zhentarim – црната мрежа, мајсторите на манипулација, посветени кон поставување влијание низ сите слоеви на власта.

    Оттука, D&D Onslaught не е само игра – ова е комплексен симулатор на стратегија и тактика. Секоја минијатура, носи посебен карактер и способност, од храбри паладини и интелигентни визарди, до демони и манипулативни воени лидери.

    9.700,00 ден
  • D&D Onslaught: Red Wizards 1 - Expansion

    D&D Onslaught: Red Wizards 1 – Expansion

    0

    Red Wizards доаѓаат со нова моќ и тактита! Култот на црвената магија, озлогласената, спелкастерска, владејачка класа од негостољубивиот They, се дел од вашата фракција.

    Моќта на зборот на Zhaleshah the Bard, е токсична. Нападот е во умот на непријателот и често далеку подеструктивен од физичкиот.

    Во срцето на дестукцијата е Stagharr, Druid, со контрола над огнот низ Wildfire Spirit. Stagharr не прави разлика меѓу креација и деструкција – за него сé дел од ист пламен.

    Со мрежа пајаци во своја служба, Vendrah Regalle, Ranger, ја шири својата стратегија. Со секој потег создава нова замка за да го задржи противникот на колена.

    И Jalana Stalos, Paladin, влетува со божествена сила директно во комбат. За неа нема време за одмор. Divine Smite е пуштен на најјако во првите борбени редови, непоколебливо и немилосрдно.

    Напомена: Потребен е Dungeons & Dragons Onslaught: Core Set за играње.

    2.820,00 ден