The Old Nan

Што ако постои место каде правилата на Dungeons&Dragons не се прости насоки туку конци исткаени во жива приказна? Тоа е чувството што го имаме кога зборуваме за The Old Nan, делото створено од Здружението за обликување фантастични светови, Кантрип.

Не би ви објаснувале нешто што самите веднаш ќе го забележите – како ова не е едноставен сајт со нафрлени содржини, туку буквално патување низ бескрајните можности на D&D. Создаден е за да инспирира, да го претстави огнот на идејата потпален од креативноста што секој може да ја отклучи. Не е битна вашата улогa во играта, битно е колку ќе дозволите фантазијата да се ослободи и какви световите од неа ќе се издиганат.

The Old Nan е признание, убедување дека D&D навистина распалува мисли без ограничување, создаден е да инспирира, да отклучува, и да допушти креатиноста да надвладее.

Добредојде во Nan’s Manor

Се одминува The Unicorn Run, и со добар survival и отворен ум, се стасува до место каде магијата има многу природен тек, како трач во ин. Однадвор, може да делува сомнително, големо, сред никаде, малку раскрцкано, со по некој искривен оџак, но турнете ја вратата и ќе посведочите на сè освен на нешто стандардно и обично. Толку се живи приказните, акраната и ексцентричноста што јасно ни е дека постојано ќе потцупнуваме.

Ене го и мастермајндов зад оваа прекрасна, цврста крпеница на магија и мистерија, расклацнан на импонзантен дрвен стол покрај џиновското огниште, божем нè чека. Била страшна авантуриска, сега во пензија, го сменила greatsword-от со спелови, и деновите на смачкување личови и се претвориле во попладниња на пиење чај (ама таков бапски, со скришно притурње рум повеќе од чај) и пресретнување чудни посетители кои си го нашле патот до нејзиниот Manor.

Loman Muckbuckle

Валгаме, возбудени и залетани кон the Common Room, но едно високофреквентно, остро подзакашлување, за кое време ни треба да забележиме од кого доаѓа, како да спушта рампа. Една маленкост од фигура на gnome нè набљудува и проучува од зад неговото многу уредно биро. Мириса на остар интелект. Мало ќумбенце го топли оти вратата очигледно често се отвара и прави промаја. Ги навалува очилата и нè запрашува токму она што го очекуваме: „Име, презиме, што ве довел патот наваму?“

Се вика господин Loman Muckbuckle, и не е домаќин, туку logkeeper, одговорен за сé што е потребно да се знае за секој посетител. Има многу хартии, тефтери, бележници околу него. Јасно е дека има страшно добра меморија и склоност кон ред – квалитети што го прават непроценлив за случувањата низ Manor-от. Културен е, но не значи дека е и послушен. На плотната од ќумбенцето стои еден чајник, кој, откако нè заверува во дневникот, го зема во рака го остава во близина на нашата маса во Common Room-от. Чајникот, е всушност Whispering Teapot, негов личен изум, кој ги снима нашите разговори и тајни и му ги истура во увото, како ништо не би пропуштил, а ние ништо не би скриле.

Деновите пред да велзе во Nan’s Manor, ги поминува во Lantan каде работи за престижен Лорд, но обврските му се далеку од лордовски и престижни. Уклучен во матни здлелки од работодавецот, се изморува од неморалноста во работата и новиот почеток му го овозможува Old Nan, која се наоѓа на правото место во право време.

И денес, бескпрекорниот талент на artificer, комбинаториката на иновцаии и магија, му е резервирана за Manor-от, каде ништо не дозволува да влезе незабележано и неевидентирано.

Wilbur Bramblefoot

Мирисот, дури и вкусот, на свежо печен леб, печено месо и расклокотена чорба, нé влече кон Кујната, каде Wilbur, halfling master chef-от на Manor-от и поранешен авантурист, се расфрла со тенџериња, пцости, зачини.

Познат по кулинарска моќ и во најхотични околности, како на пример и во заседа, Вилбур e срцето на авнатуристичкото парти на Old Nan. Се зпознваат во периодот на нејзините рани квестови. Old Nan е оттогаш изненадена како маленкоста може да преобликува најсомнителни состојки во оброк за крал. Додека партито замавнувало со оружја и спелови, Wilbur замавнувал со шпатули, зачини и бил сам назначен за одговорен на оброците како расположението постојано би се држело на ниво, без разлика на опасноста од ситуацијата во која се наоѓаат.

Денес е главен на Кујната во Nan’s Manor. Односот кој го имаат со Old Nan е прав театар кога би имале прилика да го приметите – пренкови, глупости, туткање чудни состојки во омилените јадења, суптилни експозии и други драми.

Рецептите му се насобрани од сите краишта на светот и подалеку. Инсистира да му бидат набавени најдобрите состојки за припрема на оброците, без разлика колкав пат треба да поминат и во каков магичен релм треба да се најдат. И нормално дека кујната ја има претворено во авантура сама по себе.

Gorath the Unlikely

Е ова е навистина фигура која пркоси на сите очекувања – Gorath the Unlikely, half-orc wizard-от. Низ животот бил отпадник, но денес е главен, одговорен, гардијан на библотеката во Nan’s Manor, каде древни текстови и акранско знаење мируваат под неговото будно око.

Минатото му е навистина тажно. Исмејуван, избегнуван, неприметен поради оркската нетипичност, поради отвореноста и наклонестота кон знаењето, многу повеќе од кон бруталната сила. Завршува како заробеник на Mordryb Varruk, користен како арканска алатка поради комбинацијата на сила и потенцијалот на магија во него. Таму и ја сретнува Old Nan, фатена од тајново друштво од други причини. Заедно успеваат да ги искомбинираат силите, да најдат начин да преживеат и успешно да оркестрираат бегство.

Откако за прв пат во животот е слободен, Old Nan го насочува во Arcane Sanctum на Silverymoon, каде правилно ја усовршува дарбата, и ја заокружува со признание и почести.

Денес е Master Librarian во Nan’s Manor, среќен и исполнет. Библиотеката му е отстапена за тука да ги продолжи своите учења, дивинации, спелови, и да открива тајни од заборавени томови.

Има нежна природа и сува смисла за хумор. Библотеката е секогаш безбедна и додека е таму останува светилиште, достапно за достојните.

Valyndra Moonshroud

Во тивкоста и мистичноста на Allfaiths Shrine во Nan’s Manor, Valyndra Moonshroud, Eladrin cleric на Selûne, држи позиција на лунарна свештеничка.

Нејзината поврзаност со светото и посветеноста на Twilight Domain-от ја обликуваат како водич на оние во потрага по баланс и утеха помеѓу смртното и боженствено царство. Има етерично присуство и длабока духовност. Не е едноставен исцелител, туку заштитник кој канализира енергии на самрак за да ја одржува храмонијата во светилиштето.

Патот го започнува од Evermeet. Се усовршува во Lunar Conclave, блескајќи со вештините во мистицизмот, лунарните двинации и светите обреди на Selûne. По вековна служба, извршува значајни дела кои ја именуваат како Twilight’s Guardian. Неприкосновена и е способноста да комуницира со боговите низ месечевтите мени и можноста да восприема нивни пораки како би ги водела другите.

Нејзината улога во Allfaiths Shrine е неуморено да ја одржува духовната светост на просторот. Нејзиното присуство овозможува молитвите на верниците да стасаат до боговите, а магијата го заштитува светилиштето. Има длабока почит кон Old Nan, стекната низ заеднички цели – да ги водат и штитат оние кои бараат утеха во Manor-от. Old Nan и доделува почесна титула на Keeper of the Twilight, и отсекогаш се гордее со нејзината непоколеблива посветеност на балансот меѓу царствата.

Skadi

Како High Warden of the Woodlands, Skadi е заштитник на дивината околу Nan’s Manor, заедно со нејзиниот верен придружникот, волкот Hatti, секогаш покрај неа. Како искусен ranger на Emerald Enclave, го посветува животот на зачувување на рамнотежата меѓу цивилизацијата и природата со секогаш будно око, за заканите никогаш да немаат чиста прилика да посметаат.

Односот со Old Nan се темели на взаемна почит, бидејќи Skadi знае дека Nan е мудар и моќен сојузник во заштитата на природниот свет. Има интровертна природа, и оттаму ја носи и удобноста во дивината. Но, жестока е и лојална кон оние за кои вистински ја штитат.

Патот и започнва во High Forest, со тренинг во Circle of the Wild, фракцијата на Emerald Enclave посветена на одбрана на дивината. Искуството ја обликува во неприкосновен заштитник, и покрај сите усовршени скилови ја обликува и длабоката духовна врска со суштествата. Hatti и е повеќе од повеќе од пријател. Врската им е легендарна и ја претставува совршената хрмонија помеѓу ренџерот и ѕверот.

Тактичката моќ ја краси. Герилски војува и неповторливи се нејзините способности за лов на сеништа, трекинг и елиминирање на недобредојдени суштества кои ја загрозуваат светоста на дивината. Титулата Shadowhunter е симбол на немилосрдната потрага по корумпирани суштества.

И покрај нејзината тивкост, Skadi е сила која дивината благодари што ја има до себе.

The Old Nan

Old Nan e арканскиот матријарх на Manor-от. Пензиониран, моќен спелкастер чија мудрост и мајсторство го обликуваат местово. Авантурите се одамна завршени, но силата останува. Домот го води со непроценлива грижа кон сите кои престојуваат, или пак само поминуваат низ него.

Деновите ги поминува во арканската кула, мешајќи во котелот, пишувајќи во дневникот и спелбукот, сигурна дека сé е секогаш безбедно.

Но, иако на сите им се чини дека ресичи сé им е познато за неа, длабоко во себе знаат колкава мистерија кружи околу Old Nan. Не можеме да и ја одредиме возраста иако со сигурност кажуваме дека е многу стара. Изгледот и е безвременски, или пак некаде застанат и заглавен. Вистинското потекло сме сигурни дека не ни е точно кажано. Секако дека ќе нé смота со муабетите во зависност од тоа како е расположена и што и прелетало низ глава дента. Голем дел од приказната е оставен на шпекулации.

Сите се чувстуваат сигурни во нејзиниот дом, благодрарни и среќни, водени од мудроста и магијата што мирисаат во просторот, но да бидеме реални – речиси сé околу персонава е обвиткано во тајност.

Напишете коментар