Availability: In Stock

Mythic Odysseys of Theros

SKU: GRM00012

2.880,00 ден

Добредојдовте во Theros, свет каде боговите не се само набљудувачи, туку активно вклучени во судбината на смртниците. Mythic Odysseys of Theros нè носи на патување каде легендите оживуваат, херои се раѓаат, а богови се интересираат за нивниот успех… или неуспех.

Во оваа кампања, полна со митологија, секој чекор е исполнет со божествено влијание, а секој комбат е дел од поширока космичка игра во која сме избраници, создадени да го обликуваме текот на историјата.

Во Theros нè чекаат предизвици што бараат повеќе од храброст. Со благослови или проклетства, исполнуваме судбоносните задачи кои ја менуваат иднината. Легендарни се приказните кои ги пишуваме – од пресрети со монстери до решавање политички конфликти. Пред нас, излезени директно од митологијата, заканата ја носат хидрата, минотаурот, величествената сфинга, дојдени да ги тестираат нашите граници.

Можноста да станеме шампион на бог, избрани да ја спроведеме неговата волја, е голема. Но, благословот често доаѓа со цена – непредвидливи се, и она што денес е подарок, утре може да биде нешто сосема спротивно.

Дополнително, Theros е свет на моќни градови-држави, секоја со своја култура, богови и амбиции. Ќе мора да се снаоѓаме помеѓу ривалските полиси на Akros, Meletis и Setessa.

И чудесните артефакти и легендарни оружја не изостануваат. Дел се од митовите и имаат своја волја, големина и одговорност.

Во Mythic Odysseys of Theros сме длабоко навлезени во древните приказни и божествените интриги. Ќе излеземе ли од сенката на боговите за да создадеме своја легенда?

4 на залиха

Опис

Димензии: ‎21.08 x 27.43 x 1.78 cm

Издавач: Wizards of the Coast (21 јули, 2020)

Јазик: Англиски

Тврда корица: 256 страници

Препорачана возраст: 12+

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.