-
D&D Onslaught: Core Set
09.700,00 денВо D&D Onslaught – Core Set сте архитектот на авантурта, херојот, монстерот низ лавиринтот на моќ. Тука се крие мрачната борба помеѓу двете моќни фракции: Harpers – чуварите на балансот, неуморните воини посветени на спречување на злоупотребата на моќта и грижа кон невините; и Zhentarim – црната мрежа, мајсторите на манипулација, посветени кон поставување влијание низ сите слоеви на власта.
Оттука, D&D Onslaught не е само игра – ова е комплексен симулатор на стратегија и тактика. Секоја минијатура, носи посебен карактер и способност, од храбри паладини и интелигентни визарди, до демони и манипулативни воени лидери.
-
D&D Onslaught: Harpers 1 – Expansion
02.820,00 денНешто се менува во воздухот, како да носи шепот на судбината. Харперси бараат нови шампиони и четири нови херои се подготвени да ја избистрат темнината.
Ayur, Aarakocra Monk – замавнува со крилата и противникот нема време за одбрана. Се движи низ бојното поле како бура, во судир со повеќе противници истовремено. Ова е мајстор на брзина и боречки вештини.
Adnan Zarehm, Fire Genasi Cleric – оваа боженствена моќ прави чистка од непријателот на патот, и сојузникот, и те како, се потпира на радијантните зраци кои му го чуваат грбот. Нè води низ мракот и не дозволува да нè проголта.
Eileen Rumrunner, Sorcerer Hybrid – никогаш не го фаќа лесниот пат. Судбината ја врзала со хаосот на Wild Magic која менува тек, менува судбина на комбатот. Среќата е на наша страна и со победа, триуфот е многу, многу голем.
Nurith, Locathah Rogue – демне од сенките и го чека правиот момент. Мајстор е на заседи и совршено ја користи неочекуваноста за да го заврши нападот. Не постои побезбеден асасин на бојното поле. Нејзиното присуство е она што непријателот последно ќе го види.
Напомена: За играње ви е потребен D&D Onslaugh: Core Set
-
D&D Onslaught: Harpers vs. Zhentarim – Fundamentals Kit
05.600,00 денОвој Fundamentals Kit не вклучува минијатури или коцки, но веќе имаме цел арсенал, нема потреба. И затоа е совршена можност да ги поставиме омилените епик минис во епик кофнликт меѓу две легендарни фракции – Harpers и Zhentarim.
Во светот на Forgotten Realms, веќе ништо не е исто. Древните фракции се судираат за моќ и контрола. На едната страна се Harpers – чувари на слободата, правдата и тајните кои со векови ја одржуваат рамнотежата во светот. На другата, Zhentarim се господари на интригите, трговци во мракот, инволвирани во опасни игри на манипулација и доминација, стремејќи се кон апсолутна моќ.
Сега е наш ред да предводиме една фракција. Битката станува лична. Секој избор критичен. Армијата е под наша команда и ние избираме дали ќе застанеме зад правдата, или ќе се впуштиме по мрачната патека кон превласт.
-
D&D Onslaught: Many-Arrows 1 – Expansion
02.820,00 денВо срцето на комбатот, постои фракција која ги користи своите уникатни вештини за да го контролира бојното поле. Четири нови херои влегуваат во игра, секој со способност комплетно да ја промени динамиката.
Водете ги вашите сојузници до победа со Diarmuid, Cleric, шампион на природата, кој не само што пушта Healing Words наоколу, туку и ги открива противниците кои влегуваат во негов домен.
По сенките на бојното поле, без да остави трага, движи Sarzumina, Rogue, фантом, брза и неверојатно ефикасна.
Но, кога магијата станува опасна, Falenyn, Wizard Vanguard, го расипува планот на противникот и ги штити сојузниците со моќни, аркански, одбрамбени ѕидови од својот арсенал. Со Falenyn, вашата фракција е непробојна тврдина.
И во исто време, магијата на Thurkear the Wise, Warlock од расата лизардфолк, е обвиена со илузии. За момент сте невидливи и нападите повеќе не ве следат. Се пренасочувате на одлична позиција и ги фаќате противниците во небрано.
Напомена: Потребен е Dungeons & Dragons Onslaught: Core Set за играње.
-
D&D Onslaught: Red Wizards 1 – Expansion
02.820,00 денRed Wizards доаѓаат со нова моќ и тактита! Култот на црвената магија, озлогласената, спелкастерска, владејачка класа од негостољубивиот They, се дел од вашата фракција.
Моќта на зборот на Zhaleshah the Bard, е токсична. Нападот е во умот на непријателот и често далеку подеструктивен од физичкиот.
Во срцето на дестукцијата е Stagharr, Druid, со контрола над огнот низ Wildfire Spirit. Stagharr не прави разлика меѓу креација и деструкција – за него сé дел од ист пламен.
Со мрежа пајаци во своја служба, Vendrah Regalle, Ranger, ја шири својата стратегија. Со секој потег создава нова замка за да го задржи противникот на колена.
И Jalana Stalos, Paladin, влетува со божествена сила директно во комбат. За неа нема време за одмор. Divine Smite е пуштен на најјако во првите борбени редови, непоколебливо и немилосрдно.
Напомена: Потребен е Dungeons & Dragons Onslaught: Core Set за играње.
-
D&D Onslaught: Scenario Kit – The Benefactor
01.800,00 денНеочекувано, во тишината на ноќта, стасано е непотпишано писмо. Нема име, ниту пак потекло – само ветување за голема награда. Вашата задача? Наводно, да расчистите данџн полн со коболди. Но, додека ги смачкувате по патот, едно прашање останува неодговорено – кој е овој мистериозен испраќач? И, дали може да му се верува?
Dungeons & Dragons Onslaught: Scenario Kit – The Benefactor е повик кон далбочините на еден свет каде довербата е скапоцена, а секоја грешка може да ве чини повеќе од живот. Со шест нови сценарија кои го прошируваат вашиот Onslaught – Core Set, ова дополнување е идеално за повеќе мистерија, заплет, и уште поинтригантен комбат.
Напомена: За играње ви се потребни Onslaught – Core Set и дополнителни минијатури.
-
D&D Onslaught: Zhentarim 1 – Expansion
02.820,00 денВо сенките на Forgotten Realms, една сила потивко се движи, подготвена да удри со прецизност и немилосрдност. Zhentarim, господари на манипулација и интригa, ги повикуваат своите озлогласени асасини. Четири нови агенти се приклучуваат во редовите, мајстори на хаосот, со уникатна тактика и моќ што го обликува бојното поле по своја желба.
Впуштете се во битка заедно со Vonkar Zzod, хобгоблин Cleric, поткован со својот Spiritual Weapon кој ги фрла темните благослови на својот бог наоколу.
“Ruby Eye” Doireann, дворф Barbarian која едвај чека некој да ја нападне. Очите и засветуваат како рубини, а силата е бесмилосна.
На самата граница на хаосот стои Sha’Bel, Life-Sever, голијат Fighter, сјајот на фронтот. Ја разнесува душата на непријателите, отсекувајќи ја секоја надеж за опстанок. Нека му ја мисли оној пред кого ќе застане оваа жива катастрофа.
Во сенките над комбатот стои Daiyu Tseng, Bard, и уметноста не е нејзиниот избор на експресија, туку смртта. Psychic Blades невидливо летаат кон непријателот, и нејзиниот шепот е она што последно ќе го чујат.
Напомена: Потребен е D&D Onslaught: Core Set за играње.
-
-10%
Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen – Deluxe Edition
0Original price was: 8.680,00 ден.7.812,00 денCurrent price is: 7.812,00 ден.Започнете го вашето патување низ Krynn, каде мрачни сили се подготвуваат за војна, а самата судбина на светот е тотално несигурна. Во Dragonlance: Shadow of the Dragon Queen – Deluxe Edition, сте дел од оваа епска приказна во првите борбени редови и секој потег може да го промени текот на војната против моќната Dragon Army.
Со вас имате богатство од компоненти. Ќе ви служат најдобро доколку прикажете тимска работа и тактичко мајсторство во вашата истрага на Krynn, како дел од најдраматичните моменти од неговата историја. Со комбинацијата на Warriors of Krynn, како стратегија за водење на масовни битки, и наративната длабочина на Shadow of the Dragon Queen, оваа иксуство е непроценливо.
Пишувате историја во легендарниот свет на Dragonlance. Соочени сте со катастрофалното уништување на светот што го познавате, од рацете на армиите на змејовите. Вашите одлуки, вашите битки и сојузниците ќе го обликуваат резултатот на војната.
-
Dragonlance: Warriors of Krynn
04.960,00 денНашата авантура започнува во Krynn. Соочени сме со застрашувачката Dragon Army. Битката е интензивна, но целта е да се промени судбината на светот. Одбрани сме за да изведеме клучни маневри кои ќе го променат текот на војната. Што попрво? Одбрана на критичните локации или впуштање во опасна мисија? Одбрана на нашиот фронт или ризични потраги по начин да се фати Dragon Army во заседа?
Се базираме на нашата тактичка умешност, тимска работа, адаптација и почит. Кој пат до триумф и да го одбереме, е клучен. Најдобро би било кога би пронашле баланс меѓу водење на војската и истражување на непознати територии, оти без сомнеж би биле супериорни против змејските армии.
Да се надеваме на брзо носење на одлуки и да го извадиме најдоброто од нас – добра стратегија, добра позиција на спелкастери и воини, како нашата приказна би станала легендарен дел од оваа епска војна.
-
Sword & Sorcery: Immortal Souls
05.230,00 денПетмина херои, извлечени од мртвите со моќна магија, стојат на прагот на вечноста подготвени да го спасат кралството од претстојниот мрак.
Sword & Sorcery – Immortal Souls е епска приказна во која сме во улога на бесмртни херои. Секој херој е вратен да се борив против злото контролирано од иновативен систем кој дозволува непријателите да се движат и напаѓаат на интелигентен начин. Битката е диманична и многу предивикувачка, брз потреба од Game Master.
Да, херои паѓаат во битка, но тука не е крајот. Се трансформираат во духовна, етерична форма способна да ја продолжи борбата преку Ghost Shouts. Воскреснуваат на олтарите на боговите, трошејќи ги своите Soul Points, и се враќаат назад за повторно да ја водат борбата.
Како напредуваме низ приказните, така зајакнуваме, освојуваме Soul Points, враќаме легендарни моќи, магии, и собираме моќни артефакти и Soul Weapons за одбрана на кралството.
Софистицираниот систем на борба и магија дава посебна длабочина, а херојот е прилагодлив за обликување според нашиот стил на игра. Можности за стратегии и победи има безброј, без разлика дали фокусот ни е насочен кон физичка сила, магични напади или тактичко искористување на артефактите.
Solo Play е момент со кој ги водиме хероите сами низ авантури додека модулите и картите создаваат уникатни мапи и сценарија за секој нова приказна.
-
The Legend of Drizzt
04.410,00 денНиз Underdark, само храбрите и вештите стекнуваат слава и богатство. The Legend of Drizzt е епска приказна за легендарниот драо елф, Drizzt Do’Urden, и неговата банда авантуристи. Во овој свет, пријателствата се стекнуваат во борба, предизвиците се тешки, но на крајот на сите препреки, ќе бидете запишани меѓу легендите.
Како играч влегувате во чизмите на Drizzt, на Bruenor Battlehammer, или на Catti-brie, и битката против орди монстери од ферунскиот Underdark, започнува. Мудро планирајте, секој потег е важен.
Со секој успех, богатството ви се доближува, но успехот не е загарантиран. Потребно е заедништво против кричерствата кои демнат низ подземјето. Во кулминацијата на комбатот ќе ги пресретнете Shimmergloom, Yochlol, Errtu, но веќе би биле потковани со артефакти како би се справиле.
Легендата е жива. Доволно ли сте храбри за да го испишете следното поглавје?
-
Trials of Tempus
06.420,00 денИзборот на херој не е само прашање на сила. Во светот на Trials of Tempus, секоја битка е непредвидлива, секоја задача клучна, а вашите сојузници – витални за успехот. Темпус, богот на војната во Ферунскот пантеон, ве повикува. Најхрабрите би го поминале судот, но потребно е нешто многу поголемо од храброст за победа.
Trials of Tempus е вашето искушение – битка во која моќта не секогаш значи победа, и мудроста и лукавоста можат да донесат поголема слава од мечот. Вашата задача? Да соберете Victory Points низ предизвици, богатство и надминување на соперниците во дружината. А вистинскиот триумф доаѓа кога Trial Guardian, ќе падне.
Храброст или Лукавост?
Во Trials of Tempus, секој потег го испишува следното поглавје на вашата авантура. Секој херој има своја приказна, свои вештини, и токму тие можат да направат разлика меѓу триумф и пораз. Мисиите никогаш не се исти, терените постојано се менуваат, а монстерите и предизвиците стануваат сè потешки. Дали ќе одберете да го нападнете непријателот со сета сила? Или ќе чекате трпеливо, собирајќи Loot и штедејќи го вашиот вистински потенцијал за финалниот судир?
Секоја игра е ново искушение. Темпус е суд на сè што покажувате. Битката не завршува кога монстерот ќе падне – вистинската победа е во тоа кој е докажаниот шампион на Темпус.
Повикот на Темпус е веќе тука. Храброста, лукавоста и тактиката се вашето оружје. Ќе го водите тимот до победа, или ќе останете зад ривалите? Секој потег има последица, и секоја грешка може да значи пораз.