• Sword & Sorcery: Immortal Souls

    Sword & Sorcery: Immortal Souls

    0

    Петмина херои, извлечени од мртвите со моќна магија, стојат на прагот на вечноста подготвени да го спасат кралството од претстојниот мрак.

    Sword & Sorcery – Immortal Souls е епска приказна во која сме во улога на бесмртни херои. Секој херој е вратен да се борив против злото контролирано од иновативен систем кој дозволува непријателите да се движат и напаѓаат на интелигентен начин. Битката е диманична и многу предивикувачка, брз потреба од Game Master.

    Да, херои паѓаат во битка, но тука не е крајот. Се трансформираат во духовна, етерична форма способна да ја продолжи борбата преку Ghost Shouts. Воскреснуваат на олтарите на боговите, трошејќи ги своите Soul Points, и се враќаат назад за повторно да ја водат борбата.

    Како напредуваме низ приказните, така зајакнуваме, освојуваме Soul Points, враќаме легендарни моќи, магии, и собираме моќни артефакти и Soul Weapons за одбрана на кралството.

    Софистицираниот систем на борба и магија дава посебна длабочина, а херојот е прилагодлив за обликување според нашиот стил на игра. Можности за стратегии и победи има безброј, без разлика дали фокусот ни е насочен кон физичка сила, магични напади или тактичко искористување на артефактите.

    Solo Play е момент со кој ги водиме хероите сами низ авантури додека модулите и картите создаваат уникатни мапи и сценарија за секој нова приказна.

    5.230,00 ден
  • The Legend of Drizzt

    The Legend of Drizzt

    0

    Низ Underdark, само храбрите и вештите стекнуваат слава и богатство. The Legend of Drizzt е епска приказна за легендарниот драо елф, Drizzt Do’Urden, и неговата банда авантуристи. Во овој свет, пријателствата се стекнуваат во борба, предизвиците се тешки, но на крајот на сите препреки, ќе бидете запишани меѓу легендите.

    Како играч влегувате во чизмите на Drizzt, на Bruenor Battlehammer, или на Catti-brie, и битката против орди монстери од ферунскиот Underdark, започнува. Мудро планирајте, секој потег е важен.

    Со секој успех, богатството ви се доближува, но успехот не е загарантиран. Потребно е заедништво против кричерствата кои демнат низ подземјето. Во кулминацијата на комбатот ќе ги пресретнете Shimmergloom, Yochlol, Errtu, но веќе би биле потковани со артефакти како би се справиле.

    Легендата е жива. Доволно ли сте храбри за да го испишете следното поглавје?

    4.410,00 ден
  • Trials of Tempus

    Trials of Tempus

    0

    Изборот на херој не е само прашање на сила. Во светот на Trials of Tempus, секоја битка е непредвидлива, секоја задача клучна, а вашите сојузници – витални за успехот. Темпус, богот на војната во Ферунскот пантеон, ве повикува. Најхрабрите би го поминале судот, но потребно е нешто многу поголемо од храброст за победа.

    Trials of Tempus е вашето искушение – битка во која моќта не секогаш значи победа, и мудроста и лукавоста можат да донесат поголема слава од мечот. Вашата задача? Да соберете Victory Points низ предизвици, богатство и надминување на соперниците во дружината. А вистинскиот триумф доаѓа кога Trial Guardian, ќе падне.

    Храброст или Лукавост?

    Во Trials of Tempus, секој потег го испишува следното поглавје на вашата авантура. Секој херој има своја приказна, свои вештини, и токму тие можат да направат разлика меѓу триумф и пораз. Мисиите никогаш не се исти, терените постојано се менуваат, а монстерите и предизвиците стануваат сè потешки. Дали ќе одберете да го нападнете непријателот со сета сила? Или ќе чекате трпеливо, собирајќи Loot и штедејќи го вашиот вистински потенцијал за финалниот судир?

    Секоја игра е ново искушение. Темпус е суд на сè што покажувате. Битката не завршува кога монстерот ќе падне – вистинската победа е во тоа кој е докажаниот шампион на Темпус.

    Повикот на Темпус е веќе тука. Храброста, лукавоста и тактиката се вашето оружје. Ќе го водите тимот до победа, или ќе останете зад ривалите? Секој потег има последица, и секоја грешка може да значи пораз.

    6.420,00 ден