-
-
Dragonlance Warrior Set – D&D Icons of the Realms
03.270,00 денДобредојдовте во светот на Dragonlance, каде храброста на воините го обликува текот на историјата. Пред нас стојат воини од различни делови на светот, секој со своја приказна, свои битки, и легенди што чекаат да бидат испишани.
Iriad of the Kagonesti, воинот од дивите шуми, е брз и смртоносен, носејќи ги старите традиции на својата раса. Неговата врска со природата е длабока и му овозможува да се движи и бори со страшна грациозност.
Tem Temble носи тежок товар на својата судбина. Секој чекор му е обележан со решителност, а неговата верност кон своите сојузници го прави незаменлив на бојното поле.
Levna Drakehorn, гордиот витез на Соламнија, е олицетворение на доблест и чест. Нејзиниот оклоп блеска во битката против неправдата, подготвена да го заштити своето кралство и своите сојузници.
Hrigg Roundrook не е типичен воин, но неговата сила лежи во издржливост и упорност. Војната е во неговиот код, а тупаницата му е одговор на секоја закана што застанува на патот.
Andir Valmakos, спелкастерот кој комбинира магија и меч во една епска комбинација. Моќта лежи во неговото знаење и способност да создава стратегија што ги остава неговите непријатели збунети.
Ayik Ur е мистериозниот воин чии мотиви остануваат скриени. Неговото оружје е секогаш подготвено, но најопасна е неговата умешна тактичка игра со противникот.
-
Hobgoblin Warband – D&D Icons of the Realms
03.090,00 денДелува смешно, но дај да размилиме дали е паметно да ја предизвикуваме дисциплината и стратегијата на Hobgoblin војската? Пред нас е силата на Hobgoblin Warband – секој војник трениран за жестоки битки и организирани напади.Двајца елитни Hobgoblins се првите во линијата на напад, следени од моќниот Hobgoblin Devastator, способен за канализирање на колку-толку магија и прчкосување од далечина. Hobgoblin Iron Shadow е вистински мајстор на сенишни заседи, подготвен да парализира секоја закана што ќе се обиде да избега. Главен е Hobgoblin Captain, а на чело на целата армија стои моќниот Hobgoblin Warlord. -
Pathfinder Battles: Goblin Vanguard
03.100,00 денАко некогаш сте си рекле: „Како да ни требаат повеќе проблеми на масата“ — еве ви го одговорот. Goblin Vanguard е сè што сакате и не поднесувате од гоблини: гласни, смрдливи, лути, преполни со идеи од кои сите се секогаш – лоши.
Овој премиум сет носи 6 детални, веќе бојадисани минијатури кои може да ги употребите како бандити или пак армија излезена од магичен… дампстер. Секој позира на различен начин, со различно оружје, со доволно карактер за да му оди на нерви дури и на најмилостивиот, мирен и кроток паладин.
Идеални се за воведување на партито во хаос уште од првото село, за креирање на гоблински шамани, или само… жртви, и за задоволството на ДМ-от од самата реплика: „Да, сè уште си постојат. Има уште четворица.“
Но, потребни се, што да кажеме… Ниту еден авантурист не станал легенда без да биде измалтретиран од гоблин, барем еднаш! Затоа, размислете, колку ли се овие подготвени да бидат првиот смдлив чекор на твојата приказна?