-
Monsters D-F: D&D Classic Collection
06.060,00 денИзвлечени од најдлабоките кошмари на Faerûn, овие монструми се подготвени да посеат вистински страв во срцата. Пред нас стојат некои од најозлогласените и најопасните суштества кои некогаш сме ги пресретнале.
Displacer Beast, ѕвер кој ја манипулира реалноста, збунувајќи го секој што се осмелува да го нападне. Во секој напад, борбата е против сопствените очи, додека се обидуваме да го најдеме вистинскиот облик на ова чудовиште.
Ако тоа не е доволно, Doppelganger демне во темнината, подготвен да се трансформира во еден од нас и да разлее сомнеж. Ќе нападне токму кога довербата е најважна, оставајќи нè да се прашуваме кому да веруваме.
Четири Elemental духови, господари на елементите, ја тестираат секоја применета тактика. Секој од нив има посебна моќ и непредвидливи способности, правејќи ја секоја битка вистинска борба за опстанок.
И да речеме дека најжесток меѓу нив е пеколниот Efreeti, духот на огнената стихија. Заедно со него е и двоглавиот Ettin. Едната глава секогаш планира, додека другата, безмилосно делува.
-
-15%
Monsters G-J: D&D Classic Collection
0Original price was: 5.950,00 ден.5.057,00 денCurrent price is: 5.057,00 ден.Монстeриве го преживеале тестот на времето, буквално и сликовито. Потребен е тактичен пристап за борба со овие класични чудовишни легенди подготвени да создадат стратешки, драматичен пресврт во кампањата.
Знаеме дека Ghosts не само што го обесхрабруваат Greatsword-от, туку и самото нивно присуство е ехо на минатото – фрагмент од душа која никогаш не нашла мир.
Гладниот ловец на мртвите, Ghoul, не ја познава границата меѓу животот и смртта. Тој е повеќе од обичен undead, закана што тивко демне под земјата, чекајќи да го нападне секој кој мисли дека безбедноста доаѓа со самракот.
Gorgon е нешто сосема друго – монструм со метални рогови и бронзена кожа, кој црпи моќ од овие елементи и со еден здив може да го претвори непријателот во нешто комплетно различно.
Но, не сите закани доаѓаат од земјата. Griffon, величествен и смртоносен, господар на небото, е симбол на борбата меѓу небото и земјата. Со крилја што го носат кон победата и канџи без милост, не познава пораз.
Harpy, вистински предизвик, заведува со своите мелодии. Но, овој мелос не е обичен звук, туку повик кон пропаст. Доколку го чуеме низ атмосферата, можеби ќе биде предоцна.
Од огнените бездни на Nine Hells излегува Hellhound, крволочниот пес, кој гори и прогонува сè околу себе, претставувајќи голема закана во секоја битка.
Заканите доаѓаат и од длабочините. Hippocampus е господар на подводниот свет, суштество што нè чека под водата, подготвено да нè повлече надолу во неговата територија.
А Imp, кој ни се смее од сенките како отровен бодеж, со вреќа полна со демонски финти, е спремен да го сврти текот на битката со еден удар и смртоносен хумор.
-
Monsters K-N: D&D Classic Collection
05.580,00 денКлучниве фигури кои ги менуваат нашите можности и сеат страв дури и на најискусните, ни доаѓаат од длабоките катакомби до најтемните морски длабочини и се обединуваат на бојното поле.
Kobolds, иако мали и многу досадни, никогаш не треба да се потценуваат. Оваа групирана пакост може многу експедитивно да ни го потроши трпението.
Од другата страна на спектарот е Lich, некогаш моќен визард кој сега контролира магија што го надминала животот. Тој не е само физичка закана – неговото присуство го уништува умот и предизвикува болка што трае.
Lizardfolk, со нивната дива природа и прилагодливост, се мајстори на сурова борба, додека Mind Flayer нé вовлекува во комплетна, неизбежна агонија. Претпазливо, бидејќи овој телепатски кошмар е способен да ни ја исцрпи волјата за борба, ако не и самата душа.
За чиста сила и безмилосност, тука е Minotaur, со својот огромен Greataxe и лавиринтски тактики. Тој не знае за зборот „милост“ и би не избришал од патот со непоколеблива моќ. Ако се најдеме низ водните длабочини, Merfolk ќе ја бранат својата територија со брзина и агилност што тешко можеме да ја следиме.
И потоа хорор приказната продолжува со Mummy, која оживува за да сее проклетство со секој удар, оставајќи нè на тест на времето. Нема лесен спас од нејзината камена тупаница, освен ако не најдеме начин за прекин на древното проклетство.
И, доколку сè уште не е доволно, ќе се соочиме и со Naga – полубожество во форма на змиско суштество, кое не треба да го потцениме. Нејзината контрола врз магијата е неверојатна, а тајните што ги носи – незамисливи.
-
Pathfinder Battles: Goblin Vanguard
03.100,00 денАко некогаш сте си рекле: „Како да ни требаат повеќе проблеми на масата“ — еве ви го одговорот. Goblin Vanguard е сè што сакате и не поднесувате од гоблини: гласни, смрдливи, лути, преполни со идеи од кои сите се секогаш – лоши.
Овој премиум сет носи 6 детални, веќе бојадисани минијатури кои може да ги употребите како бандити или пак армија излезена од магичен… дампстер. Секој позира на различен начин, со различно оружје, со доволно карактер за да му оди на нерви дури и на најмилостивиот, мирен и кроток паладин.
Идеални се за воведување на партито во хаос уште од првото село, за креирање на гоблински шамани, или само… жртви, и за задоволството на ДМ-от од самата реплика: „Да, сè уште си постојат. Има уште четворица.“
Но, потребни се, што да кажеме… Ниту еден авантурист не станал легенда без да биде измалтретиран од гоблин, барем еднаш! Затоа, размислете, колку ли се овие подготвени да бидат првиот смдлив чекор на твојата приказна?
-
Piercers – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures
0440,00 денВо длабочините на мрачните пештери, Piercers чекаат од заседа. Нивните камени школки не би ги разликувале од обични сталактити. Дремат и го чекаат правиот момент да се пуштат врз одбраната жртва од висината.
Детектираат топлина и вибрации од огромни растојанија. Совршени замки за секој авантурист кој не гледа нагоре. Дури и кога би ги забележале, нивна способност е да ослободуваат корозивна киселина. Што значи дека се закана и кога се откриени.
Однапред подготвени за бојадисување, овие минијатури даваат можност внес на нова динамика во кампањите.
-
Planescape: Adventures in the Multiverse – D&D Icons of the Realms
03.320,00 денДобредојдовте во мултиверзумот, каде правилата на обичните светови запираат, а нов поредок – е хаосот. Тука не сме во кофликт единствено со монстери, туку и со сопствените перцепции за пријателите.
Внимавајте! Morte, саркастичниот лебдечки череп има збор за секого (ретко корисен). Shemeshka, опасната „Ravager of Sigil“, плете мрежа од интриги погуста од најмрачните спелови. Да не ги заборавиме и трансценденталните филозофи кои живеат повеќе во своите глави отколку во реалноста.
Колку и да се сметате подговени за предизвик, вакви ликови не дозволуваат да се остане безбеден. Mercykiller Bloodhound ви е спас или проблем додека Fell шепоти тајни од сенките на Sigil.
-
Showdown Setting: The Temple of Light – D&D Icons of the Realms
05.210,00 денВо бесконечноста на Astral Plane, каде светлината не е секогаш симбол на надеж, се издигнува Храмот на Светлината – сцена за епска пресметка помеѓу најмоќните фигури на Astral Elves. Тука, судбините на принцовите и принцезите се испреплетуваат во битка за моќ, чест и контрола.
Prince Xeleth, гордиот лидер е подготвен да ја брани својата кралска крв, а неговата сестра, Princess Xendalli, владее со светлината и многу умешно ја користи магијата. Prince Xavra, со своите сопствени амбиции, е подготвен да го заземе своето место на престолот, без оглед на жртвите. Тука е и мистериозниот Zodar, конструктот со застрашувачко присуство.
Војската на Astral Elves се подготвува за борба која ќе го обликува текот на иднината. Сето ова се одвива околу величествениот мистичен извор на енергија.
Покрај фигурите, пред нас лежи и детална мапа со приказ на Храмот на Светлината, идеален за спектакуларна, епска битка.
-
Tlincalli – D&D Nolzur’s Marvelous Miniatures
0610,00 денTlincalli, the scorpion folk, своето потекло го водат од мистичните џунгли на Maztica. Овие жестоки суштества со тек на време се прошириле до Underdark на Faerûn, каде нивната природна агресија ги направилa постојана закана за сите што патуваат низ подземjето.
Нивнот напад е многу брз, а тактика смртоносна. Секогаш се подготвени да фатат жртва и да ја повлечат во мракот.
Со оваа минијатура, подготвена за бојадисување имате шанса да го оживеете својот Tlincalli воин. Изборот е ваш – дали го боите во тоновите на Maztica, или во мрачната нијанса на Underdark.
-
Undead, Zombie Army – D&D Icons of the Realms
03.300,00 денТемнината паѓа, а од земјата се креваат оние кои одамна требале да почиваат. Ова не е обична средба со монстери. Ова е вистинска зомби-апокалипса подготвена да ве затрупа. Ова се токму оние кои не знаат за умор.
Дали фајтерот смета дека сечилото му би ја задржала оваа безмилосна орда? Дали клерикот ќе ги испрати каде им е местото? Што ако за секое паднато зомби, ново се изгидне од земјата?
Овие претходно насликани минијатури од WizKids внесуваат „живот“… односно, нежива сила во кампањите.
-
Waterdeep: Dragonheist – D&D Icons of the Realms (Box Set 1)
03.120,00 денДобредојдовте во Waterdeep, градот каде ништо не е како што изгледа. Зад секоја блескава фасада се крие мрачна тајна, а секој „пријател“ можеби единствено го чека моментот кога нож ќе ви биде забиен во грб. Ова не е град за наивните. Овде застануваат оние кои знаат како се движи низ матните води на политиката, богатството и моќта.
Xanathar, елдерот beholder, држи под контрола повеќе одошто би сакале да знаете од својот подземен домен. Не би биле во завидна позиција во негов видик. Винмвајте и на Laeral Silverhand, дамата која се движи низ овој свет како да е создаден за неа — мудра, енигматична, и никогаш без план. А ако ги знаете вистинските фигури, ќе го препознаете Jarlaxle, чиј шарм е подеднакво опасен како и неговите намери.
Ова не се обични минис — ова е Waterdeep. Ова е градот каде златото може да ви купи сè, освен доверба. Веројатно сте подготвени за учество во игра на заговори и непредвидливи сојузи.
-
Waterdeep: Dragonheist – D&D Icons of the Realms (Box Set 2)
03.120,00 денWaterdeep повторно отвора врати за авантуристи и вистинската игра, започнува тука. Ова не е место за почетници, бидејќи овие ликови, не играат чесно. Ја контролираат секоја улица, секој поглед, секој заговор што се одвива во сенките.
Со Urstul Floxin на теренот, очекувајте бескомпромисна сила од подземјето. Додека авантурата ве води низ заседи, Drow Gunslinger ве има на нишан, чекор понапред, невидлив и подготвен да го повлече чкрапецот кога најмалку се очекува.
Вистинска опасност може да дојде од место каде би очекувале безбедност. Yalah Gralhund и нејзиниот сопруг Orond Gralhund плетат мрежи од политички маневри, а нивниот дом чува тајни и закани што го надминуваат видливото. Во исто време, Barnibus Blastwind и Saeth Cromley можеби изгледаат како спокојни чувари на законот, но зад професионалната маска се крие упорност која не би ви дозволила да одбегнете прашање.
А Nimblewright, чека зад аголот, подготвен за хаос во секој момент.