• 2024 Dungeon Master's Guide

    2024 Dungeon Master’s Guide

    0

    Сценава: играчите се на раб на столиците, очите се вперени во тебе, воздухот тежи со неизвесност. Со изговорен збор обликуваш свет, оживуваш историја, испишуваш судбина. Dungeon Master’s Guide 2024 е алхемија на фантазијата, дизајнирана да те обликува во легендарен раскажувач.

    Ова ново издание ги преобликува темелите на играта, овозможувајќи креација на незамисливи авантури со голема леснотија и длабочина. Ова е твојот клуч за епски приказни кои играчите ќе ги паметат многу долго по последната фрлена коцка.

    • Бастиони: Заборави ги едноставните кампањи. Со новите правила за Бастиони, играчите добиваат можност да создаваат и водат свои бази – места на моќ, интрига, стратегија. Дали тврдина ќе биде засолниште или симбол на амбиција? Зависи од тебе.
    • Нови магични ајтеми: Со над 400 преработени и нови магични ајтеми, предмети кои носат надеж, или менуваат реалност, секој чекор во приказната може да биде почеток на една незаборавна приказна… или катастрофа, можностите се бескрајни.
    • Враќање во Greyhawk: Оваа легендарна поставка е повторно оживеана, детално, со мапи и моменти кои носат чувство на она како е да се биде дел од нешто поголемо од нас.
    • Совети за совршена нарација: Без разлика дали станува збор за комбат или бустање на политичка интрига, тука се техниките за менување на обичните сцени во спектакуларни моменти.
    • Енциклопедија на идеи: Со нови алатки за брза инспирација, секоја игра станува уникатна. Од митолошки ликови до структури на заговори, сè е подготвено и чека.

    Dungeon Master’s Guide 2024 е револуција. Трансформира обичен собир во епска легенда.

    2.880,00 ден
  • 2024 Dungeon Master's Guide - Alt Cover

    2024 Dungeon Master’s Guide – Alt Cover

    0

    Во ова алтернативно издание на Dungeon Master’s Guide 2024, магијата на раскажувањето се спојува со уметноста на дизајнот. Со ексклузивна корица што го доловува духот на мултиверзумот – мистериозна, интригантна, и полна со детали што зборуваат за величественоста на твојата улога на DM – ова издание e изјава.

    Дизајнирана за вистинските мајстори на занданите и колекционерите, ова издание ја комбинира моќта на фантазијата со елеганција. Од моментот на првото отварање, веќе сме дел од нешто поголемо – авантура што започнува од нејзините корици и продолжува во светот кој го обликуваш.

    Сценава: играчите се на раб на столиците, очите се вперени во тебе, воздухот тежи со неизвесност. Со изговорен збор обликуваш свет, оживуваш историја, испишуваш судбина. Dungeon Master’s Guide 2024 е алхемија на фантазијата, дизајнирана да те обликува во легендарен раскажувач.

    Ова ново издание ги преобликува темелите на играта, овозможувајќи креација на незамисливи авантури со голема леснотија и длабочина. Ова е твојот клуч за епски приказни кои играчите ќе ги паметат многу долго по последната фрлена коцка.

    • Бастиони: Заборави ги едноставните кампањи. Со новите правила за Бастиони, играчите добиваат можност да создаваат и водат свои бази – места на моќ, интрига, стратегија. Дали тврдина ќе биде засолниште или симбол на амбиција? Зависи од тебе.
    • Нови магични ајтеми: Со над 400 преработени и нови магични ајтеми, предмети кои носат надеж, или менуваат реалност, секој чекор во приказната може да биде почеток на една незаборавна приказна… или катастрофа, можностите се бескрајни.
    • Враќање во Greyhawk: Оваа легендарна поставка е повторно оживеана, детално, со мапи и моменти кои носат чувство на она како е да се биде дел од нешто поголемо од нас.
    • Совети за совршена нарација: Без разлика дали станува збор за комбат или бустање на политичка интрига, тука се техниките за менување на обичните сцени во спектакуларни моменти.
    • Енциклопедија на идеи: Со нови алатки за брза инспирација, секоја игра станува уникатна. Од митолошки ликови до структури на заговори, сè е подготвено и чека.

    Dungeon Master’s Guide 2024 е револуција. Трансформира обичен собир во епска легенда.

    2.880,00 ден
  • 2024 Player's Handbook

    2024 Player’s Handbook

    0

    Замисли… херојот стои на прагот на целосно нов свет. Правилата се нови, секој чекор што го прави е поткрепен со нова сила, секоја искастана магија е испишана на страниците на книга што ја менува фантазијата. Player’s Handbook 2024 е патоказ, клучот од портите кон новата ера во Dungeons & Dragons, полна со можности, визии и нови, бескрајни приказни.

    Ова е издание што не прашува би направиле, туку што би создале. Секој збор, илустрација, нова механика, поттикнува да не останеме само играч, туку и раскажувач, творец, херој.

    • Класи: Ревидирани, ажурирани, дотерани, подготвени. Од интелигентниот Wizard до неуморниот Barbarian, секоја класа веќе доаѓа со нова слобода, нова длабочина и бесконечни начини да за дефинирање на ликот.
    • Раси: Дали божествени Aasimar, масивен Goliath, или непоколеблив Orc? Со проширени опции, приказна започнува онаму каде нашата фантазија завршува – на работ на невозможното.
    • Спелови: Над 400, вклучувајќи 30 сосема нови! Ова издание ги руши ограничувањата на магијата.
    • Експертиза: Заборави на обично замавнување со Greatsword. Oружјето е веќе тактика, вештина, уметност. Новите механика носат опасни, непредвидливи стратегии.

    Ова не е само правилник. Player’s Handbook 2024 е книга што ги поставува темелите за светот што ќе го создадеш. Организирана со јасност и инспирирачка уметност, секоја страница е сведок на нашата креативност. Кантрип го има првиот примерок на правилникот во Македонија, и ова е шансата судбината на твојот херој да започне тука.

    2.880,00 ден
  • Deck of Many Things

    Deck of Many Things

    0

    Некои ајтеми имаат моќ да променат сè. Deck of Many Things е токму таков артефакт. Овој легендарен ајтем е познат по своите спектакуларни ефекти. Ова не е само алатка за хаос, туку влезница за совршено обликувана непредвидливост.

    Пред нас е The Book of Many Things, со упатство за користење на декот во креација на авантура, пресврт и мистерија. Ја листаме и наоѓаме нови содржини за карактерни опции, ајтеми, организации, нови монстери и локации.

    И потоа се фаќаме за најславната колекција од 66 судбоносни карти – Deck of Many Things! Убаво, фино, студиозно ги проучуваме низ водичот и веќе можеме да ги користиме како традиционален пророк или креатор кој директно ќе ја инспирира авантурата.

    Она што го прави толку легендарен е следното: два нови бекграунди, бидејќи не секој е толерантен на судбината! И нови спелови и фитови!

    На крајот излегува дека ова не е само wild magic алатка, туку креативна прилика. Прашањето не е дали би можеле да се соочиме со хаосот, туку дали сме спремни да го обликуваме?

    6.210,00 ден
  • Dungeon Master's Guide

    Dungeon Master’s Guide

    0

    Некои книги чуваат тајни. Токму оваа е една од нив. Ова не е обичен прирачник – ова е твојот спелбук за контрола над хаосот. И оваа книга не е луксуз, туку неопходност.

    Со Dungeon Master’s Guide во твои раце, не следиш правила – ги создаваш. Тука оживуваат светови, и авантурите се обликуваат по твоја визија. И низ страниците имаш многу повеќе од совет.

    Магични ајтеми: Од Bag of Holding до Vorpal Sword, веќе поседуваш бескраен арсенал на легендарни артефакти, секој од нив со историја и потенцијал да го промени текот на авантурата.

    Worldbuilding: Правилата се флексибилни, но светот е твое дело. Создавај кралства, подземја, траги од древни цивилизации и мистични плејнови. Потопи ги во интриги, конфликти, тајни, и тестирај ги границите на играчите.

    Стапици: Дали еден gelatinous cube ќе ги пречека играчите зад аголот? Или повеќе? Или суптилно подметнатиот конец, кој доколку се потегне активира Teleport Circle до непознатото, ќе биде забележан предоцна?

    NPCs: Затоа што не се сите ликови херои. Некои се лојални сојузници, други подмолни предавници. Некои се од помош, други од корист. Некои ќе го покажат вистинскиот пат, а некои ќе одведат до dead-end.

    И затоа ова не е обичен водич. Ова е огнот на идејата која ќе ја разгори фантазијата. Секоја страница е наменета за DM кој ќе го премине прагот на обичното за да создаде незаборавно искуство.

    Не си само дел од играта. Ти си креаторот.

    2.880,00 ден
  • Monster Manual 2024

    Monster Manual 2024

    0

    Често, доста често, партито се чувствува подготвено. Одморени се, тактизираат, плават план, острат сечила.

    А ти го држиш Monster Manual 2024… што значи дека за вистинската закана сè уште ништо не знаат.

    Ова не е само книга со монстери. Ова е митолошка менажерија на теророт, надграденa до совршенство — со над 500 суштества и повеќе од 75 нови хорори, подготвени да го срушат самото чувство на сигурност кај хероито. Од страшно интелигентни arch-hags, до апокалиптички blobs of annihilation, тука веќе не се работи за баланс – туку за легендарност.

    Хаосот никогаш не бил толку јасно структуриран. Изданиево ги носи стат-блоковите во ера на функционалност, редизајнирани за брзина, читливост и интуитивност. Ти треба кошмар слетан од небесата сред битка? Повели.  Ти треба апдејт на класиците? Primeval owlbears и vampire familiars се спремни – свежи и крајно.

    Нови илустрации!

    Без разлика дали си ДМ што сака да испрати порака уште при првата средба или архитект на цела, долгогодишна, од епски размери, кампања, ова е твојот гримоар.

    2.880,00 ден
  • Tasha's Cauldron of Everything

    Tasha’s Cauldron of Everything

    0

    Сите знаат и поседуваат одредени магии. Некои се затуткани во древни скролови и умешно скриени. Некои самиот Candlekeep не дозволува да видат ден. Но, една книга поседува котел на хаос, можности и идеи кои можат да ги поместат границите на играта.

    Од умот на прочуената спелкастерка Tasha, покрај нови правила, добиваме и мудрост која ја обликувала магијата низ еони. Ова е патот до необјаснива моќ. Ова е алатка на DM-от која ги менува правилата.

    Нови подкласи: Повеќе од 30 подкласи за секоја класа, отворајќи нови патишта за Fighter, Rogue, Sorcerer, Cleric… Сега секој може да стане нешто повеќе од она што некогаш бил.

    Мултикласирање и прилагодување: Во Tasha’s домејнот, ништо не е едноставно како што изгледа. Креирај оригинал, направи чорба од правилата и отвори уникатни комбинации со кои никој никогаш не би изгледал ни приближно слично.

    Нови артефакти и ајтеми: Дајте малку да се освежиме. Па Tasha подготвила Eldritch Staffs, Shadow Gauntlets и уште какви се не артефакти на располагање кои и најискусните би ги ставиле во искушение.

    Правила за измени на магии: Можност да ги обликуваме и изменуваме спеловите по свој ќејф?! Не постои фиксно правило, туку она кое јас би го создал?

    Банди и NPCs: Така е, зошто да се оди сам? Tasha размислила дека верен сојузник не мора да биде само NPC, туку сѐ од homunculus до battle companions.

    DM алатки: Сервирани се и нови техники за DM, генератори на настани, насоки на приказни за досега неискусени, невидени моментуми и предизвици за партито.

    И додека се врти рулбуков, лист по лист, доаѓаме до откровение дека всушност Tasha не нуди само правила, туку поттикнува револуција! Па ова е лажица во котел на бескрајни можности! Ни треба нешто ново – Tasha го има. Треба малку да ги бенднеме правилата? Веќе сторено.

    2.880,00 ден