• Character Sheets - Dungeons & Dragons

    Character Sheets – Dungeons & Dragons

    0

    Сé започнува со лист хартија. Ова е нашата магична врата, порталот низ кој карактерот оживува и со него неговите соништа, стравови и амбиции.

    Сетот содржи посебен introductory character sheet – едноставен и подготвен за првите  чекори во светот на D&D. Поискусните херои добиваат три различни вида на двострани character sheets – простор за забележување на новите можности, на веќе откриените тајни, настани, средби. И, се разбира, магијата не би била комплетна без специјалните spell sheets, каде спекастерите ги нижат своите познати, научени, најдени, спремни, неспремни спелови.

    Перото е спремно да ја испише светлата и темната страна на историјата на авантурата.

    610,00 ден
  • Dragon Shield: Dice Companion – Blood Red

    Dragon Shield: Dice Companion – Blood Red

    0

    Blood Red не е боја, туку предупредување.

    Dice Companion – Blood Red не е за оние кои се надеваат на добар рол. Туку за оние кои го диктираат резултатот. Фрлаш d20 во него. Звукот е осуда. Казна. Одлука што ќе ги запали колоните на сесијата.

    Изработен од Dragon Skin™, оваа кутииште сместува сè што ти треба: шест комплети коцки, минијатури, белешки од претходни средби, траги од магии кои некој кутар, беспомошен NPC… нема да ги преживее. Внатрешниот сатен? За разлика од тебе – е милостив.

    Сè е во ред.
    Сè е таму каде што треба да биде.
    Сè е подготвено.

    2.200,00 ден
  • Dragon Shield: Dice Companion – Iron Grey

    Dragon Shield: Dice Companion – Iron Grey

    0

    Овој Dice Companion: Iron Grey, можеме со комплетна слобода да го земеме во предвид како артефакт. Откако прв пат во него се фрлила d20, на оваа импонзантна, сјајна, сатенска подлога – светот се исплашил. И така почнало сè.

    Dice Companion: Iron Grey е за играчи кои правилата ги заобиколуваат, но со стил. Да ја отвориме како клерик во момент на кастање Bestow Curse. Внатре – местото за коцки, минијатури, тајни, грешки, планови – за сè што ти е потребно. Сè што никој друг не треба да знае.

    Комбатот почнува и се претвора во арена. Фрлаш коцка во тишина – едноставно присутен е звукот на среќата што слетува. И никогаш не се тркала случајно. Секогаш… со цел.

    2.200,00 ден
  • Dragon Shield: Dice Companion – Midnight Blue

    Dragon Shield: Dice Companion – Midnight Blue

    0

    Некои коцки, ја повикуваат магијата со збор. Ти ја повикуваш со d20 што слетува во тишина. Dice Companion: Midnight Blue е за играчи што знаат дека тишината има боја. Темна, како небо без месечина. Длабока, како мисла што сè уште не си ја кажал.

    Изработен од Dragon Skin™, овој Companion е твојот ред, твојата скриена магија, твојот простор за коцки кои се однесуваат како сојузници. Внатре? Сатенска внатрешност, послана како ноќно небо – ја пригушува секоја вибрација, секоја несигурност. Место за шест комплети коцки. Минијатури. Белешки. Тајни. Клетви…

    Сè е тивко. Сè шепоти. Не бара да биде забележано. Едноставно се појавува, и играта почнува да дише.

    2.200,00 ден
  • Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Ashen White

    Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Ashen White

    0

    Овој спелбук се наследува.

    Spell Codex: Ashen White, изгледа како да бил оставен во пепелта на заборавена битка, но внатре сè уште гори магијата на вечноста. Бојата потсетува на стар пергамент, на светлина која не заслепува, туку открива.

    Ова е codex за мејџови кои не зборуваат гласно. За оние кои пишуваат формули како молитви. Секој spell card е заштитен и подготвен да биде повикан со тивок шепот или со последниот здив на некое затворено поглавје. Со Spell Slot Tracker и dry-erase маркерот, контролата е апсолутна – секој потег е пресметан, секој круг – запишан, секоја последица – предвидена.

    Аshen White не бара внимание – енодставно го има авторитетот кој молчи. Штом се отвори, дури и боговите слушаат.

    1.650,00 ден
  • Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Forest Green

    Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Forest Green

    0

    Оној кој ја познава природата знае: шумата зборува низ магија. И токму затоа, Spell Codex: Forest Green не е обична магиска архива, туку живо суштество никнато од срце на древно дрво, чувар на спомине кои се шепотеле во листовите, водата и корењата илјадници години наназад.

    Носи го со себе кога ги врзуваш елементите, кога го насочуваш громот, кога ги повикуваш силите на шумата. Овој спелбук со корица во боја на стара лишајна кора, беспрекорно ќе ги чува, следи и бележи твоите спелови.

    Ова не е кодекс за фенси мејџови. Ова е за оние кои чекорат боси преку росни ливади, чија внатрешност на наметките е хербариум – за оние кои знаат да ја приземат магијата директно од коренот на светот.

    1.650,00 ден
  • Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Iron Grey

    Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Iron Grey

    0

    Во свет каде една правилно изговорена магија може да промени судбини, вистински мејџ нема простор за хаос. Во мудроста, прецизноста и брзината лежи неговата моќ. Dragon Shield Spell Codex: Iron Grey е токму тоа – лична архива на магии, изработена да го обликува секој маестрален потег.

    Во рацете го држиш волтот на своето знаење: стилски, цврст, обложен со издржлив Dragon Skin™. Ова не е обична папка. Ова е твоето магично оружје, она што ги држи магиите блиску до срцето, подготвени за моментот кога најмногу ќе бидат потребни.

    Со внатрешни џебови прилагодени за Spell Cards и посебен Spell Slot Tracker, со вклучен dry-erase маркер, подготовката за спас на светот (или негово комплетно срамнување со земја), стануваат жив процес – запишувај, менувај, планирај – магија дише со тебе.

    Додека останатите спелкастери листаат низ книгите и белешките во моменти на хаос, ти, едноставно, го отвараш својот спелбук – и светот се прекројува по твоја волја.

    1.650,00 ден
  • Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Midnight Blue

    Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Midnight Blue

    0

    Магијата… можеби најсилно шепоти под ѕвездите. Доаѓа од ноќта – од страниците кои темнината љубоморно ги чува, од шепот кој не се случа, туку чувствува.

    Spell Codex: Midnight Blue е токму таков спелбук– врзан во боја на полноќна тишина, создаден за магии кои не секогаш имаат сведоци. Наменет е за оние кои ѕвездите не ги повикуваат за светлина – туку за одговори. За оние чии магии носат сенки и спомени. Со неговите елегантни внатрешни џебови, спеловите се секогаш подготвени. А Spell Slot Tracker-от и dry-erase маркерот се тука за да ја ноќната рута на нивниот пат – од сонот, кон ударот.

    Midnight Blue не е само боја – тоа е избор. Тоа е спокојниот мрак пред експлозијата на моќта. Тоа е моментот кога сите очи се вперени кон тебе… а ти – молчиш.

    1.650,00 ден
  • Dungeons & Dragons: Character Sheets 2024

    Dungeons & Dragons: Character Sheets 2024

    0

    Овој куп празни полиња е личниот дневник на секоја наша можност, способност и неспособност. Не постои D&D карактер без приказна и затоа Character Sheets 2024 се распостелуваат да ги фатат сите детали: од првиот крит, до последната капка HP.

    Новиот распоред на елементите дозволува секогаш да знаеме каде ни е иницијативата, дури и по три пива и еден fireball. Оставен е простор за сè што ДМ-от би можел да искористи против нас: оружја, ајтеми, спелови, контакти, непријатели, должници, љубовници. Како хартијава да е најиздржливиот авантурист – како да не се плаши од отпечатоци на мрсни прсти од тензична конзумација на грицки поради тешки одлуки кои следната сесија ќе видиме што донеле.

    Во свет каде змеј би не испекол за помалку од шест секунди, ова можеби е единственото место каде карактерот ни е безбеден.

    Донекаде…

    890,00 ден
  • Spellbook Cards: Cleric

    Spellbook Cards: Cleric

    0

    Во секоја битка помеѓу светлината и мракот, клерикот е столбот на надежта, чуварот, непоколебливата рака на божественото. Со Spellbook Cleric Cards, молитвата и магијата не се само дел од играта, туку она што ќе го спаси денот, што ќе го благослови партито и ќе ја продолжи авантурата. Сред хаосот, овие мигови означуваат пресврт.

    153 ламинирани карти се опремени со јасен приказ на имињата на спеловите и деталите за нивните ефекти. Можноста е директно и уредно во вашите раце – од едноставните, но моќни кантрипи, како Sacred Flame, до величенствените магии од 9-ти левел, како Mass Heal. Напредне ли искуството, злает зема и спекастерската моќ, па тука се и дополнителните секции на картите со детали кои, во никој случај, не би сакале да ги изумиме.

    Клерикот ни е олицетворението на боженствениот допир во играта. Со Spellbook Cleric Cards, молитвите се повеќе од јасни, спеловите се моќни, а ефектот – загарантиран.

    1.200,00 ден