-
2024 D&D Dungeon Master’s Screen
01.500,00 денСите очи се вперени кон D20. Змејовите ја чуваат, а дружината надежно ја бара, свесни дека секој рол е судбински.
Во срцето на секоја епска авантура стои Dungeon Master-от, креаторот на приказните и навигаторот низ непознатото, а Dungeon Master’s Screen 2024 му носи една нова димензија.
Овој четири-панелен скрин, со спектакуларна панорамска сцена од Joy Ang, ги прикажува сите основни класи од петтата едиција на Dungeons & Dragons, сервирајќи визуелна магија на масата. Убавината не е составна само во неговата надворешност. Внатрешноста е внимателно дизајнирана, базирана на десет години повратни информации од Dungeon Master-и, за да ги обезбеди најкорисните информации. Секако дека и зад овој скрин, вашите белешки и резултати на сроланите коцки остануваат скриени, како иненадувањето би било комплетно неочекувано.
Без разлика дали сте ветеран во улогата, или пак newbie со соништа за епски битки, Dungeon Master’s Screen 2024 останува ваш штит од хаосот, оружјето за незаборавни приказни и клучот за моменти кои и те како ќе се раскажуваат долго.
-
Catseye Orange, Glass Stones Tube
0280,00 денCatseye Orange – баш онаа онаа нијанса што ја имаат компонентите за спел кој вели, „Без гајле, ова ќе биде брзо“.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Catseye Yellow, Glass Stones Tube
0280,00 денCatseye Yellow – нијанса на последната искра надеж што трепка пред да сфатиш дека DC-то е 18, а ти имаш +1.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Character Notebook | Arcane Alcove
0500,00 денСекоја авантура започнува со идеја, но станува легенда во моментот кога е запишана. Со Arcane Alcove – Character Notebook го испишувате патот на карактерот. Тука херојот оживува, битката се слави, а тајната останува скриена.
Посветен е простор за пет карактери да сјаат низ персонални 18 страници. Секоја секција е полна со детали: класи, раси, спелови, способности и сé она што го прави карактерот незаменлив. Секој хајлајт, сон, спомен, средба, секоја таткика, секоја грешка живее низ страниците. Отстапени се и пет страници за напливи на креативност, за автопoртрети, мапи, планови за превртување судбини.
Вистинската магија на Arcane Alcove – Character Notebook е во нејзината функционалност. Тракерите за акции, спелови, бонус акции, реакции, овозможуваат лесно управување со секој аспект од играта. Благодариме и за референтните правила за почетници и просторот за NPC-а и задачи.
Ова дело ги следи нашите авантури и е предодредено за играчи кои внимаваат на стилот и деталноста, за оние кои ја вреднуваат организираноста и за оној кој верува дека добрата приказна мора да би запишана.
Arcane Alcove – Character Notebook е нашиот личен хроничар кој ги обликува авантурите, победите и катастрофите во епски легенди, никогаш заборавени.
-
Character Sheets – Dungeons & Dragons
0610,00 денСé започнува со лист хартија. Ова е нашата магична врата, порталот низ кој карактерот оживува и со него неговите соништа, стравови и амбиции.
Сетот содржи посебен introductory character sheet – едноставен и подготвен за првите чекори во светот на D&D. Поискусните херои добиваат три различни вида на двострани character sheets – простор за забележување на новите можности, на веќе откриените тајни, настани, средби. И, се разбира, магијата не би била комплетна без специјалните spell sheets, каде спекастерите ги нижат своите познати, научени, најдени, спремни, неспремни спелови.
Перото е спремно да ја испише светлата и темната страна на историјата на авантурата.
-
Chessex Reversible Megamat – Black/Grey Hexes
02.920,00 денВо светот на тактичките игри, секој потег е важен, а секоја позиција може да значи разлика меѓу победа и пораз. Со Chessex Reversible Megamat, играта добива нова димензија на прецизност и реалност.
Оваа двострана мапа, со хексагонални полиња од 2,5cm, нуди црна и сива страна, овозможувајќи флексибилност во визуелниот приказ на авантуриte. Изработена од издржлив винил, мапата е идеална за долготрајна употреба и лесно се чисти.
Важно е да се користат само маркери со водена основа (wet-erase markers) за обележување на мапата. Избегнувај употреба на dry-erase маркери, бидејќи можe да предизвикаат трајни дамки. Не оставајте обележувања на мапата преку ноќ, особено во бои како црвена, виолетова, кафеава и портокалова, кои имаат поголема тенденција да остават траги.
Со димензии од приближно 87.6 cm x 121.9 cm, оваа мапа обезбедува доволно простор за комплексни битки и сценарија, правејќи ја совршен избор за секој сериозен ДМ или стратег.
-
-
D&D Starter Set – Heroes of the Borderlands
03.120,00 денЗамисли ја границата на цивилизацијата каде мапите стануваат несигурни, монстерите страшно самоуверени, а локалците си викаат, „Извини, до кај се хероиве?“. Тука блеснуваат Heroes of the Borderlands, низ сет кој не те третира како почетник, туку како надежна легенда.
Heroes of the Borderlands нè фрла во авантурата 5 минути по отворањето, без премногу објаснувања и со мала доза паника. Инстукциите, практично велат:
- земи ги коцките,
- отвори го прирачникот, фрли едно око,
- одбери си еден од подготвените карактери,
- и прај си се херој.
Во Heroes of the Borderlands, светот веќе пулсира пред да ja фрлиш првата D20. Чекориш низ пустелии каде земјата помни премногу тишина, а сенките премногу глад. Се спушташ во пештери каде воздухот е густ од хаос и ветувања кои не дека би сакал да ги чуеш. Стоиш пред одамна падната тврдина, која, по некакава си случајност, сè уште си чека херој.
Авантурите се движат како кадри од филм: стегнати, динамични, со темпо кое не секогаш дозволува криење позади правилата. И секоја сцена ќе предизвика набој да се поместат границите, да се сфати дека, можеби, најопасниот терен понекогаш не е мапата… туку одлуката што ја носиме.
-
D&D Venture Bag | ENHANCE
06.420,00 денПостојат два типа D&D играчи: елегентниот тип, оној што доаѓа со ништо повеќе од полн Dragon Shield: Dice Companion – Midnight Blue, и оние кои практично изгледаат како да се селат. Јас.
Оваа торба е направена за вторите.
Venture DND Bag е практично Bag of Holding што добил канцелариска функција: сè собира, ништо не се губи, и дури изгледаш многу јако додека се преправаш дека немаш проблем со импулсивно купување книги и коцки.
Внатре собираш 2 до 4 книги, одамна изиграни character sheets, тефтери со многу фрлени идеи, мапи што никако да затребаат, маркери што мистериозно се сушат, и лаптоп, за секој случај.
А долу извираат скриени ремени за battlemap, затоа што нема ништо чудно во одење на кафе со пријатели и мапа од 90cm обесена на Venture Bag-от.
Ништо чудно.
-
Dezriel’s Spellbook
01.000,00 денНекои велат дека магијата била, божем, само алатка – неутрална и подготвена да служи. Dezriel влегол во суштината – сфатил, но по цена. Го слушал шепотот на огнот, лелекот на земјата, вековните тајни на водата, и би си рекле дека тука нема апсолутно ништо лошо. Но, следејќи ги, создал нешто што баш и не би требало да постои.
Dezriel’s Spellbook е колекција од 37 нови магии, создадени низ неговите експерименти со елементите. Листајќи низ страниците влегуваме во умот на некој кој истовремено креирал визии и предупредувања. Забелешките се криптични, изопачени, праноични. Оттука сфаќање дека магиите се доказ за моќ која може да се стекне, и она што доаѓа отпосле.
На крајот вели: „Товарот на јасноста е само мој. Оној кој нема да чуе, да разбере, не заслужува… Нема повеќе шепоти. Нема крици. Нема вистина. Нека сé пропадне во тишина. Нека заврши“.
Користете го спелбуков мудро.
-
Dice Tower Dice Tray: Castle Edition | ENHANCE
01.400,00 денКоцките ни се тркалаат низ транспарентен замок и додека последниот нивен потскок не помине, практично не дишеме. ENHANCE Dice Tower – Castle Edition е театар на случајноста и надеж дека фејл не е возможно да се сврти низ нејзе и дека фајрболсите и критовите ќе обликуваат епски моменти.
Низ транспарентни ѕидини, по три нивоа на турбуленција, ја гледаме коцката како минува надолу и на секое ниво ја губиме предвидливоста сè дур 20ката конечно не се сврти.
Толку лесно се склопува. Составена е од 8 делови и засекогаш останува стабилна, без разлика колку е деликатен скил чекот и тешка битката. Заштедува простор, но не и стил. Тркалањето низ оваа кула ни станува ритуал.
Ја тестиравме и можеме ова да го советуваме: Не ја нишајте, не ја гледајте предолго и никогаш, никогаш не спомнувајте Bag of Holding на глас – долга приказна.
-
Dice Tray | Arcane Alcove
0590,00 денНа секоја маса постои едно свето место – онаму каде коцките се стркалуваат и запшуваат судбини. Arcane Alcove Dice Tray е олтарот, заштита од неконтролирани скривања на коцките под недостижни места и сигурност дека секое фрлање го добива вистинскиот резултат, без лутење.
Изработен за оние кои ништо не оставаат на случајност, овој стилски dice tray e збирштина на коцките во мека, контролирана средина. Црното платно со импонзантниот црвен симбол ја носи суштината на Arcane Alcove – сила заробена во d20 што би ја откорнале самата реалност.
Без разлика дали сме во комбат или очајно ни треба тој persuasion чек како би излегле на крај со патронот, Arcane Alcove Dice Tray е нашиот сојузник во секое фрлање.
-
DM’s Bag: Collector’s Edition (Blue Dragon) | ENHANCE
07.700,00 денОваa подвижна тврдина, оваа патувачка ризница, е создадена за раскажувачот на приказната, за чуварот на светот. Ова колекционерско издание на ДМ-скa торба обложена со змејска кожа, колку што е стил, толку е и сигурност.
Ммм да, убаво прочитавте – змејска кожа! Слободно вртете Investigation или Arcana, или, не знам, кастајте Identify.
Металниот медалјон не е орнамент – е силмбол дека си одбран. Од четири до осум гримоари можат да се засолнат внатре. Три прегради го делат просторот за коцки, бележници, и работи што никој друг нема да може да ги види. Простор за цела армија минијатури, за полна таверна, за 16 NPC-ња безбедно да стасаат на мапата и да се вратат назад. Надворешни прилагодливи ремени за транспорт на мапата која цела маса едвај ја чека, надежна дека нема за последен пат да ја види.
И кога ременот легнува на рамото, чувствуваш само едно – товарот на приказната. А приказните убаво тежат.
-
DM’s Bag: Collector’s Edition (Dragon Silver) | ENHANCE
07.700,00 денОваa подвижна тврдина, оваа патувачка ризница, е создадена за раскажувачот на приказната, за чуварот на светот. Ова колекционерско издание на ДМ-скa торба обложена со змејска кожа, колку што е стил, толку е и сигурност.
Ммм да, убаво прочитавте – змејска кожа! Слободно вртете Investigation или Arcana, или, не знам, кастајте Identify.
Металниот медалјон не е орнамент – е силмбол дека си одбран. Од четири до осум гримоари можат да се засолнат внатре. Три прегради го делат просторот за коцки, бележници, и работи што никој друг нема да може да ги види. Простор за цела армија минијатури, за полна таверна, за 16 NPC-ња безбедно да стасаат на мапата и да се вратат назад. Надворешни прилагодливи ремени за транспорт на мапата која цела маса едвај ја чека, надежна дека нема за последен пат да ја види.
И кога ременот легнува на рамото, чувствуваш само едно – товарот на приказната. А приказните убаво тежат.
-
Dragon Shield, Player Companion – Blood Red
03.580,00 денКрваво црвен, како трага на битка останата на оружјето на легендарениот херој, Companion-ов зрачи со мистерија и моќ, и повикува на следна судбоносна авантура.
Elminster рекол: „Не смееш да го потцениш значењето на добра организација во хаосот на битката“. Е тука овој Companion блеска.
Изработен со издржливоста на речиси вистински Dragon Skin, овој Companion не е само кутија. Со простор за минијатури, коцки, моливи, cahracter sheets, мобилни, таблети, ни овозможува сè да ни е прегледно, без разлика дали сме во комбат со опасен монстер или во дискусија за решавање на политички интриги во Waterdeep. Време e за Greatsword, Eldritch Blast, Perception, Action, Slight of Hand, Athletics, и пријателов се претвора во dice tray на critical hits.
Си го поставуваме карактерниот лист под феноменално обмислена транспарентна покривка за многу лесно следење на HP и секакви податоци од важност. Грешките се веќе небитни – бришеме и продожуваме.
Со сатенската внатрешност и силен магнетен затворач, е спремен да го издржи секое патување – без разлика дали е низ Underdark, или Icewind Dale.
-
Dragon Shield, Player Companion – Iron Grey
03.580,00 денСо челично сива нијанса, како оклоп што претрпел безброј битки, овој Companion зрачи со одлучност.
Elminster рекол: „Не смееш да го потцениш значењето на добра организација во хаосот на битката“. Е тука овој Companion блеска.
Изработен со издржливоста на речиси вистински Dragon Skin, овој Companion не е само кутија. Со простор за минијатури, коцки, моливи, cahracter sheets, мобилни, таблети, ни овозможува сè да ни е прегледно, без разлика дали сме во комбат со опасен монстер или во дискусија за решавање на политички интриги во Waterdeep. Време e за Greatsword, Eldritch Blast, Perception, Action, Slight of Hand, Athletics, и пријателов се претвора во dice tray на critical hits.
Си го поставуваме карактерниот лист под феноменално обмислена транспарентна покривка за многу лесно следење на HP и секакви податоци од важност. Грешките се веќе небитни – бришеме и продожуваме.
Со сатенската внатрешност и силен магнетен затворач, е спремен да го издржи секое патување – без разлика дали е низ Underdark, или Icewind Dale.
-
Dragon Shield: Dice Companion – Blood Red
02.200,00 денBlood Red не е боја, туку предупредување.
Dice Companion – Blood Red не е за оние кои се надеваат на добар рол. Туку за оние кои го диктираат резултатот. Фрлаш d20 во него. Звукот е осуда. Казна. Одлука што ќе ги запали колоните на сесијата.
Изработен од Dragon Skin™, оваа кутииште сместува сè што ти треба: шест комплети коцки, минијатури, белешки од претходни средби, траги од магии кои некој кутар, беспомошен NPC… нема да ги преживее. Внатрешниот сатен? За разлика од тебе – е милостив.
Сè е во ред.
Сè е таму каде што треба да биде.
Сè е подготвено. -
Dragon Shield: Dice Companion – Iron Grey
02.200,00 денОвој Dice Companion: Iron Grey, можеме со комплетна слобода да го земеме во предвид како артефакт. Откако прв пат во него се фрлила d20, на оваа импонзантна, сјајна, сатенска подлога – светот се исплашил. И така почнало сè.
Dice Companion: Iron Grey е за играчи кои правилата ги заобиколуваат, но со стил. Да ја отвориме како клерик во момент на кастање Bestow Curse. Внатре – местото за коцки, минијатури, тајни, грешки, планови – за сè што ти е потребно. Сè што никој друг не треба да знае.
Комбатот почнува и се претвора во арена. Фрлаш коцка во тишина – едноставно присутен е звукот на среќата што слетува. И никогаш не се тркала случајно. Секогаш… со цел.