-
Frosted Crystal Clear, Glass Stones Tube
0280,00 денFrosted Crystal Clear – Како кондензирани парчиња светлина што не успеала да стане spell — па решила да си биде само чиста убавина.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Frosted Crystal Lilac, Glass Stones Tube
0280,00 денFrosted Crystal Lilac – Нијанса на последниот траг од Charm Person што бард убедува дека „случајно“ го фрлил, но никој не му верува.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Frosted Opal Black, Glass Stones Tube
0280,00 денFrosted Opal Black – Нијансата на тивкиот вакуум што останува по неуспешен Teleport.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Guildmasters Guide to Ravnica – Map Pack
01.500,00 денRavnica е метрополата што не познава граници, каде магијата и моќта танцуваат низ улиците и кулите што се издигнуваат високо над облаците. Ова е градот кој никогаш не спие, каде илјадници жители секојдневно ги следат своите патеки низ политичките игри што ги обликуваат деветте еснафи на градот.
Пред нас имаме повеќе ресурси одошто би можеле да искористиме на една сесија, но сѐ е патоказ низ срцето на Ravnica’s Tenth District – центарот на моќ, трговија и мистерија.
И да се изгубиме низ тесните улички на Undercity каде еснафот Dimir секогаш демне во сенките, или низ грандиозните булевари на Precinct One, дом на Azorius Senate, каде законите се впишуваат длабоко во ткаенината градот, што има врска.
Пред нас е материјал испреплетен со инфорации и детали кои, практично, ќе ги оживеат скапоцените реликвии на Gruul Clans или интелектуалните вртлози на Izzet League. Секој дел од градот е мапиран и подготвен.
Пред нас се испишани приказните на еснафите. Со помош на dry-erase markers се следат движењата додека се истражува Selesnya Conclave или се подготвуваат магиски експерименти во лабораториите на Simic Combine, или се влегува во самото срце на тајните операции на Orzhov Syndicate!
Секој агол на Ravnica е мапиран, без разлика дали сме во улога на DM или плеер.
-
Icewind Dale – Vinyl Map
01.900,00 денНадвор од суровата зимска тишина и под бескрајното сивило на облаците, Icewind Dale е дом на древнa моќ, заборавени цивилизации и битија што ја дефинираат дивината.
Reghed Glacier, недостапен и непредвидлив, го чува својот злобен дух и ги предизвикува оние што се осмелуваат да се приближат. Некаде под ледената површина се слушаат шепоти, остатоци од времето на Netherese, кои изгубиле во борбата со магијата. Оние кои тргнале по патот кон Revel’s End, познатиот затвор на далечниот север, го осетиле вкусот на стравот.
Низ тивките планини во близина на Kelvin’s Cairn движат дворфови, елфови, барбаријанци, гордо застанати пред своите домови наспроти суровата околина. Auril the Frostmaiden, ги брца своите замрзнати прсти на секоја патека. Гневот и се чувствува како завеан ветер и најладниот допир некогаш осетен.
Тука, не постои само една вистина. Icewind Dale е место каде легендите се ипишуваат на мразот, а судбината е замрзната во времето, чекајќи ги храбрите.
-
Iridized Crystal Dark Blue, Glass Stones Tube
0280,00 денIridized Crystal Dark Blue – нијанса што DM-от би ја искористил кога сака да делува смирено во моменти кога најмногу треба да сме извадени од памет.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Iridized Crystal Green, Glass Stones Tube
0280,00 денIridized Crystal Green – Нијанса што изгледа мирно, сè додека не сфатиме дека е нијансата на Poisoned condition.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Monster Cards: Mordenkainen’s Tome of Foes
01.500,00 денВо светот на Dungeons & Dragons, секоја авантура носи нов предизвик. Нашиот DМ е водич низ непознатото. Со Monster Cards: Mordenkainen’s Tome of Foes, би имал толку моќен сојузник и способност да ги постави најимпонзантните кричерства пред нас со таков интензитет и длабочина, оживеани низ приказната.Да речеме дека играчите влегуваат во древна гробница, несвесни за присуството на Allip, чиј шепот може да ги доведе до лудило. Или, можеби, се соочуваат со силата и интелигенцијата на моќниот Yagnoloth.
109 ламинирани картички, детално го преставуваат секое суштество од Mordenkainen’s Tome of Foes, со јасни статистики и прекрасни илустрации. Оваа, не само ДМ-ски практична, туку и визуелна алатка, е дизајнирана да го олесни текот на играта. Потребата од постојано пребарување низ книги е сведена на, речиси, непостоечно ниво, и пристапот до организација и избор е толку олеснат, само за сесијата да тече глатко и возбудливо.
-
RPG Grid Mat – Campaign Kit
02.562,00 денШто и да стои пред нас – lich или заседа во шумите на Forgotten Realms, ваква алатка е потребна за создавање на тактичко ремек-дело. Да ја земеме во предвид како платно каде секој квадрат е потенцијална клучна точка за живот или смрт.
Големината од 91.44 cm x 60.96 cm, овозможува комплетно ожување на целата битка, од првиот тактички потег до последната фрлена коцка. Секој квадрат е совршено измерачен за да ги одреди границите на пресметките.
Четири dry erase маркери – црвен за bludgeoning damage, зелен за природни стапици, син за поморски закани и црн за мистериозни данџни – се комплетниот арсенал за создавање на сценарија.
Но, вистински херои се грижат и за деталите. Со dry eraser грешките или тактичките одлуки кои не одеа според планот, многу лесно ги снемува. На крајот, еден едноставен шприц од шишенцето, и мапата е спрена за нов ден и нови пресврти.
Сите елементи се спакувани во Battle Scroll Sleeve кој уредно ги чува сите ајтеми на безбедно.
Каде и да води авантурата, оваа мапа и нејзините инструменти стојат зад секој твој потег.
-
RPG Organizer (Black) – ENHANCE
06.250,00 денНоси сè. Не испушта звук. Изгледа закачувачки. И не е само организиран реквизит. Тврдина е.
Кога ќе ја допре масата, веќе е јасно – сесијата започна.
Овој организер не е за „ќе се снајдам“ играчи. Ова е за оние што носат сè: коцки, книги, мапи, spell cards, моливи, минијатури, дури и последната копија од договорот со арчдевилот. Внатрешноста е поделена прецизно, како добар план во најлош dungeon:
📚 Простор за 4 книги.
🎲 Организатор за коцки.
🗺️ Џебови.
✏️ Простор за лаптоп или таблет.И сè е прибрано под мека, црна обвивка — како сјајот на кожните ракавици пред моментот на убиството. Нема детали, нема шари, нема расеаност. Само чиста функционалност со став.
-
RPG Player’s Bag – Black
04.590,00 денОвaа длабока, црна, мистериозна торба го носи духот на ноќните авантури, подготвена да се стопи со сенките низ кампањата.
Ова е нашиот личен Bag of Holding.
Секој искусен авантурист знае дека вистинската сила не лежи само во Greataxe или Fireball, туку и во она што го носи со себе. Овде се нашите бележници, нашите спелбуци, нашиот аркана кит, нашето инвентори, нашата стратегија и агенда за патувањето низ секој предел на Forgotten Realms.
Изработката е магична, Dragon Hide – книгите, технологијата и карактерните листови се повеќе од безбедни. Кога и да ја отвориме е како да отвараме сеф на визард, со секоја преграда, секоја нишка, внимателно изработена за складирање на скролови. Како артефакт изваден од трезорите на Candlekeep, како чувар на историја, спремна да ги заштити тајните, и со едно одврзување на ременот, да ги распостеле мапите на Sword Coast, на Undermountain, на Icewind Dale, пред нас.
-
Spellbook Cards: Cleric
01.200,00 денВо секоја битка помеѓу светлината и мракот, клерикот е столбот на надежта, чуварот, непоколебливата рака на божественото. Со Spellbook Cleric Cards, молитвата и магијата не се само дел од играта, туку она што ќе го спаси денот, што ќе го благослови партито и ќе ја продолжи авантурата. Сред хаосот, овие мигови означуваат пресврт.
153 ламинирани карти се опремени со јасен приказ на имињата на спеловите и деталите за нивните ефекти. Можноста е директно и уредно во вашите раце – од едноставните, но моќни кантрипи, како Sacred Flame, до величенствените магии од 9-ти левел, како Mass Heal. Напредне ли искуството, злает зема и спекастерската моќ, па тука се и дополнителните секции на картите со детали кои, во никој случај, не би сакале да ги изумиме.
Клерикот ни е олицетворението на боженствениот допир во играта. Со Spellbook Cleric Cards, молитвите се повеќе од јасни, спеловите се моќни, а ефектот – загарантиран.
-
Spellbook Cards: Martial Powers & Races
0600,00 денВо светот на Dungeons & Dragons, не секоја моќ доаѓа од магијата – некои способности се израз на физичката сила, тактичката прецизност, или природниот дар на расите што чекорат низ теренот на авантурата. Со Spellbook Cards: Martial Powers & Races, овие уникатни способности се претставени со јасност и прецизност, подготвени за брза употреба и драматични моменти.
Овој сет од 61 ламинирана картичка е твојот извор на инспирација и подготовка. Без разлика дали е потребно следење на battle maneuvers на фајтерот, racial traits за зајкнување на стратегија, или специјални способности на монкови и барбаријанци, Spellbook Cards: Martial Powers & Races ја олеснуваат секоја сесија, дозволувајќи фокус на играта, и што помалку прелистување страници.
-
Spellbook Cards: Xanathar’s Guide to Everything
0800,00 денВо светот на Dungeons & Dragons, магијата е ткаенината што ги поврзува сите нешта, а Xanathar’s Guide to Everything ја проширува оваа ткаенина со нови плетки. Со овие спелбук картички можноста вашите прсти да ги дофатат овие магиски способности е на дофат.
Само замисли го моментот кога визардот ќе искаста Psychic Scream, или кога друид ќе анлишне Healing Spirit! Низ 95 ламинирани картички, секоја магија е јасно претставена со сите детали, овозможувајќи брз пристап без потреба од листање сорбуци и рулбуци. Симболите на картичките покажуваат кои класи можат да ги користат магиите, олеснувајќи го изборот и подготовката .
Без разлика дали станува збор за искусен визард или новајлија во светот на магијата, Xanathar’s Guide to Everything помага во совладување на способности и отвара можност за многу лесен внес на истите во кампањите.
Нека авантурата биде полна со магиски моменти за паметење!
-
Tomb of Annihilation – Map Set
02.380,00 денДревни тајни, непроодни џунгли, и смртоносни стапици нé чекаат на секој чекор во Chult. Сет од четири детални мапи на Tomb of Annihilation, се сервирани на масата за да ја откријат и оживеат мистеријата како визуелен патоказ низ најопасните предели во Dungeons & Dragons.
Главната мапа на Chult е платното на патувањето. DM-от нè води низ руини, густи шуми, скриени, непроодни патишта и ги следи нашите одлуки низ овој опасен предел. Три дополнителни мапи од Chult и Port City од сетот, кријат нешот друго и без разлика која насока и да ја одбереме, секој квадратен сентиметар ќе биде совршено возбудлив.
Можноста да се бележи познатиот, одминатиот и новиот пат е лесна бидејќи е овозможена со wet-erase маркери.
Нè чека свет што сака да биде отркиен.
-
Vinyl RPG Battlemat, Reversible – Chessex
01.650,00 денСекој епски судир заслужува совршена сцена. Vinyl RPG Battlemat – Chessex е токму тоа – бојно поле каде стратегијата се спојува со магијата. Терен за победи… и грешки.
На секој визард му е позната моќта на Fireball и тремата која доаѓа откако спелот е искастан со шанса дел од партито да биде зафатено во пламен. Добрa вест – сега е послесно да се визуализираат ефектите, движењето и секој непредвидлив потег што може да го промени текот на битката.
Мапата е тактички рај. Со двојна страна Chessex Battlemat е подготвена да ја издржи секоја критична одлука на карактерите, без разлика на расположението, на околината, на амбиентот во мрачен данџн, или отворено поле за комбат.
Изработена е од винил и спремна за безброј фрлања на коцки, грешки и повторувања на легендарни моменти.
-
Violet, Glass Stones Tube
0280,00 денViolet – Како стаклени семиња украдени од градина во Feywild — прекрасни, но не знаеме што ќе израсне.
Овие мали Chessex реквизити се совршениот ајтем за хаос на масата – кристализирани токени за spell slots, conditions, counters, NPCs, AoE, нешта кои ги гледаме дека се присутни, но прашање е кога ќе дознаеме што се.
Колку што се слатки, толку се и присутни на масата. Се предмет за кој rogue би се замислил дали е обичен маркер, или loot.
Тубата се сосоти од 40 камчиња (10–15 mm), доволно за да обележиш многу работи: од Spiritual Weapon, до последните нерви на DM-от.
-
Waterdeep – Vinyl Game Mat
01.900,00 денМмм, Waterdeep… Градот каде приказна пулсира под секој камен и се испреплетува низ улиците со незапирливите бранови на трговија и интрига. И во секоја сенка се крие нова – од раскошните домови на Sea Ward, каде подеднакво се коваат сојузи и предавства, до мракот на Dock Ward, каде внимателен би требало да ни биде секој чекор.
Пред нас е клучот кон срцето на еден од најмоќните и мистериозни градови на Forgotten Realms. Замислете да го слушнеме ли гласот на Blackstaff додека нè набљудува низ улиците од својата кула? Или замислете ги сретнеме очите на Masked Lords, секогаш скриени, а секогаш присутни во секој агол?
Waterdeep е жива, дишечка сила. Го обликуваат толку многу работи – од сјајот на Castle Waterdeep, до мистериозните длабочини на Undermountain. И нашата аватнура има прилика да се развива по улиците што своите имиња ги врежале во историјата.
Нека шепоти Skullport стравови во умот на секој кој се осмелува да се приближи. Нека стане Yawning Portal наша нова почетна точка и слободно нека биде нашата тактика ставена на тест од опасноста на Field Ward.
Ова е Waterdeep. Град што не заборава, град што постојано се менува, но никогаш не губи од својата моќ и привлечност.