-
D&D Onslaught: Many-Arrows 1 – Expansion
02.820,00 денВо срцето на комбатот, постои фракција која ги користи своите уникатни вештини за да го контролира бојното поле. Четири нови херои влегуваат во игра, секој со способност комплетно да ја промени динамиката.
Водете ги вашите сојузници до победа со Diarmuid, Cleric, шампион на природата, кој не само што пушта Healing Words наоколу, туку и ги открива противниците кои влегуваат во негов домен.
По сенките на бојното поле, без да остави трага, движи Sarzumina, Rogue, фантом, брза и неверојатно ефикасна.
Но, кога магијата станува опасна, Falenyn, Wizard Vanguard, го расипува планот на противникот и ги штити сојузниците со моќни, аркански, одбрамбени ѕидови од својот арсенал. Со Falenyn, вашата фракција е непробојна тврдина.
И во исто време, магијата на Thurkear the Wise, Warlock од расата лизардфолк, е обвиена со илузии. За момент сте невидливи и нападите повеќе не ве следат. Се пренасочувате на одлична позиција и ги фаќате противниците во небрано.
Напомена: Потребен е Dungeons & Dragons Onslaught: Core Set за играње.
-
D&D Onslaught: Harpers vs. Zhentarim – Fundamentals Kit
05.600,00 денОвој Fundamentals Kit не вклучува минијатури или коцки, но веќе имаме цел арсенал, нема потреба. И затоа е совршена можност да ги поставиме омилените епик минис во епик кофнликт меѓу две легендарни фракции – Harpers и Zhentarim.
Во светот на Forgotten Realms, веќе ништо не е исто. Древните фракции се судираат за моќ и контрола. На едната страна се Harpers – чувари на слободата, правдата и тајните кои со векови ја одржуваат рамнотежата во светот. На другата, Zhentarim се господари на интригите, трговци во мракот, инволвирани во опасни игри на манипулација и доминација, стремејќи се кон апсолутна моќ.
Сега е наш ред да предводиме една фракција. Битката станува лична. Секој избор критичен. Армијата е под наша команда и ние избираме дали ќе застанеме зад правдата, или ќе се впуштиме по мрачната патека кон превласт.
-
D&D Onslaught: Harpers 1 – Expansion
02.820,00 денНешто се менува во воздухот, како да носи шепот на судбината. Харперси бараат нови шампиони и четири нови херои се подготвени да ја избистрат темнината.
Ayur, Aarakocra Monk – замавнува со крилата и противникот нема време за одбрана. Се движи низ бојното поле како бура, во судир со повеќе противници истовремено. Ова е мајстор на брзина и боречки вештини.
Adnan Zarehm, Fire Genasi Cleric – оваа боженствена моќ прави чистка од непријателот на патот, и сојузникот, и те како, се потпира на радијантните зраци кои му го чуваат грбот. Нè води низ мракот и не дозволува да нè проголта.
Eileen Rumrunner, Sorcerer Hybrid – никогаш не го фаќа лесниот пат. Судбината ја врзала со хаосот на Wild Magic која менува тек, менува судбина на комбатот. Среќата е на наша страна и со победа, триуфот е многу, многу голем.
Nurith, Locathah Rogue – демне од сенките и го чека правиот момент. Мајстор е на заседи и совршено ја користи неочекуваноста за да го заврши нападот. Не постои побезбеден асасин на бојното поле. Нејзиното присуство е она што непријателот последно ќе го види.
Напомена: За играње ви е потребен D&D Onslaugh: Core Set
-
D&D Onslaught: Core Set
09.700,00 денВо D&D Onslaught – Core Set сте архитектот на авантурта, херојот, монстерот низ лавиринтот на моќ. Тука се крие мрачната борба помеѓу двете моќни фракции: Harpers – чуварите на балансот, неуморните воини посветени на спречување на злоупотребата на моќта и грижа кон невините; и Zhentarim – црната мрежа, мајсторите на манипулација, посветени кон поставување влијание низ сите слоеви на власта.
Оттука, D&D Onslaught не е само игра – ова е комплексен симулатор на стратегија и тактика. Секоја минијатура, носи посебен карактер и способност, од храбри паладини и интелигентни визарди, до демони и манипулативни воени лидери.
-
D&D Onslaught: Red Wizards 1 – Expansion
02.820,00 денRed Wizards доаѓаат со нова моќ и тактита! Култот на црвената магија, озлогласената, спелкастерска, владејачка класа од негостољубивиот They, се дел од вашата фракција.
Моќта на зборот на Zhaleshah the Bard, е токсична. Нападот е во умот на непријателот и често далеку подеструктивен од физичкиот.
Во срцето на дестукцијата е Stagharr, Druid, со контрола над огнот низ Wildfire Spirit. Stagharr не прави разлика меѓу креација и деструкција – за него сé дел од ист пламен.
Со мрежа пајаци во своја служба, Vendrah Regalle, Ranger, ја шири својата стратегија. Со секој потег создава нова замка за да го задржи противникот на колена.
И Jalana Stalos, Paladin, влетува со божествена сила директно во комбат. За неа нема време за одмор. Divine Smite е пуштен на најјако во првите борбени редови, непоколебливо и немилосрдно.
Напомена: Потребен е Dungeons & Dragons Onslaught: Core Set за играње.
-
Van Richten’s Guide to Ravenloft
02.880,00 денДобредојдовте во Ravenloft, светот каде самата темнина има душа, а ужасот демне од секој агол. Van Richten’s Guide to Ravenloft те воведува во сите домени на стравот, каде тешка магла носи неизвесност и смрт, а монструмите не се секогаш она што изгледаат. Под водство на прочуениот монстер хантер, Rudolph van Richten, оваа книга отвора врата кон мрачните и застрашувачки авантури.
Ова е патоказ кон светот на бесмртни владетели, тирани кои владеат над своите кошмарни царства, и херои кои треба да се соочат со сили што ги надминуваат нивните најголеми стравови. Во Ravenloft, самиот воздух е исполнет со мистерија и хорор.
Од готскиот ужас на Barovia до кошмарниот свет на Bluetspur, Van Richten’s Guide to Ravenloft ве запознава со разни домени на стравот. Секоја област е уникатно поле на тајни кои допрва треба да се откријат.
Имаме избор на нови подкласи, бекграунди и ајтеми за карактери кои се амбициозни и љубопитни да ги истражат темните и изопачени страни на Ravenloft. За DM-ите, ова е совршената алатка за креација на кошмарни авантури.
Од undead кричерства до абоминации, Van Richten’s Guide to Ravenloft нуди нови, страшни предизвици. Сè живо зад себе носи своја мрачна приказна и специфичен терор кој принудува да се размисли пред моментот на соочување со нив.
Магијата во Ravenloft е подеднакво опасна колку и нејзините владетели. Проклетствата можат да ја трансформираат самата реалност, и тоа секогаш со цена што може да ја проголта душата на оној што ја применува.
Van Richten’s Guide to Ravenloft е водич за оние што се осмелуваат да зачекорат во светот на кошмарот, каде самата светлина се бори да преживее.
-
The Practically Complete Guide to Dragons
02.230,00 денОд древните легенди на световите до шепотите на смртниците, никогаш не постоело суштество толку величествено и таинствено како змејот. The Practically Complete Guide to Dragons е твојот патоказ кон оваа величествена раса – водич кој не само што раскажува за нивната моќ и магија, туку те носи длабоко во нивната природа, историја и мит.
Замисли си патник низ вековите, кој запишал сè што видел – од висините на небото, каде змејовите владеат како кралеви на облаците, до мрачните пештери каде чуваат богатства постари од самото време. Овој водич е приказна за нивниот живот, раскажана низ очите на оние кои ги проучувале и опсесиите на оние што се осмелиле да ги следат нивните траги.
Внатре се објаснети сите видови на змејови, разоткривајќи ги нивните карактеристики, мотиви и амбиции – од благородните metallic змејови, чувари на правдата и редот, до злобните chromatic змејови, кои го користат својот оган и бес за да владеат.
Богатствата на змејовите не се само легенда. Златните купови и магичните ајтеми кои ги поседуваат и негуваат се способни да ја променат судбината на световите.
The Practically Complete Guide to Dragons ќе ве поведе низ најпознатите приказни за змејовите – од настанокот на расата до нивните безбројни судири со хероите на световите. Ќе откриете како змејовите оставиле свој белег врз историјата на универзумот и зошто нивните имиња одекнуваат низ вековите.
-
Guildmasters’ Guide to Ravnica
02.880,00 денДобредојдовте во Ravnica, град кој пулсира со магија и политика, каде високите кули и испреплетените улици се дом на моќни еснафи кои ги контролираат сите аспекти на животот. Во Guildmaster’s Guide to Ravnica, карактерите влегуваат во уникатен свет на постојани интриги и ривалства, каде секој еснаф има своја визија за иднината и своја моќна мрежа на сојузници и непријатели.
Оваа книга, покрај тоа што е извор на информации, е и клуч за разбирање на сложените односи и игри на Ravnica. Дали дел од партито ќе се приклучи на моќниот Azorius Senate, или ќе го следи слободниот дух на Gruul Clans? Секој избор носи свои предизвици и можности.
Од магиите на Izzet League до темните манипулации на Dimir, Guildmaster’s Guide to Ravnica истражува десет еснафи. Карактерите имаат богат избор за креација на нарав со длабока лојалност, но и со скриена агенда.
Уникатен е светот, полн со живописна култура. Ravnica е град што никогаш не спие. Секоја улица, секоја зграда и секој еснаф има своја историја и своја цел. Политиката и магијата се нераскинливо поврзани, и внимание е потребно на секој чекор.
Моќни ритуали и скриени агенди се сеприсутни. Guildmaster’s Guide to Ravnica е патоказ за преживување и доминација во град каде сојузите може да се претворат во предавства за миг.
Или ќе се прегрнат можностите на Ravnica, или ќе се потоне во сложените мрежи на моќ и интриги.
-
Fizban’s Treasury of Dragons
02.880,00 денПодготвен си да зачекориш во светот на змејовите, каде древни тајни и моќни суштества владеат со небото и земјата? Fizban’s Treasury of Dragons е книга што ја разоткрива магијата и митологијата на најмоќните суштества во мултиверзумот. Под водство на мудриот и ексцентричен Fizban, ова е влез во светот на змејовите како никогаш досега.
Од крилјата на chromatic и metallic змејови до мистериозните gem змејови, се разоткрива сето она што ги прави уникатни – нивната магија, нивните царства и нивните вечни војни. Без разлика дали карактерите би биле нивни сојузници или непријатели, оваа книга ќе им помогне да се подготват за епска приказна.
Fizban’s Treasury of Dragons навлегува во нивните тајни, нивната генеза, нивните конфликти, и она што ги обликувало во световите низ времето. Од создавањето на Bahamut и Tiamat до тајните на змејските богатства, митологијата зад овие величествени суштества ни е на дофат.
Со нови подкласи, магии и змејски благослови, Fizban’s Treasury of Dragons нуди многу можности за карактерите и DM-ите. Од sorcerer кој носи змејскиот код до wizard кој успева да ја исконтролира нивната сила, карактерите добиваат пристап до нови извори на моќ.
Секој вид на змеј носи уникатен предизвик, тоа е јасно. Но, ништо не може да се спореди со нивната магија и амбиција за богатство. Оваа книга открива низа артефакти и ајтеми кои ги обвиткуваат војните и историите на овие древни суштества, давајќи им на карактерите можност да се докопат до змејската моќ.
Fizban’s Treasury of Dragons е совршен водич за оној што сака да ги истражи тајните на највеличествените суштества во Dungeons & Dragons.
-
Tasha’s Cauldron of Everything
02.880,00 денСите знаат и поседуваат одредени магии. Некои се затуткани во древни скролови и умешно скриени. Некои самиот Candlekeep не дозволува да видат ден. Но, една книга поседува котел на хаос, можности и идеи кои можат да ги поместат границите на играта.
Од умот на прочуената спелкастерка Tasha, покрај нови правила, добиваме и мудрост која ја обликувала магијата низ еони. Ова е патот до необјаснива моќ. Ова е алатка на DM-от која ги менува правилата.
Нови подкласи: Повеќе од 30 подкласи за секоја класа, отворајќи нови патишта за Fighter, Rogue, Sorcerer, Cleric… Сега секој може да стане нешто повеќе од она што некогаш бил.
Мултикласирање и прилагодување: Во Tasha’s домејнот, ништо не е едноставно како што изгледа. Креирај оригинал, направи чорба од правилата и отвори уникатни комбинации со кои никој никогаш не би изгледал ни приближно слично.
Нови артефакти и ајтеми: Дајте малку да се освежиме. Па Tasha подготвила Eldritch Staffs, Shadow Gauntlets и уште какви се не артефакти на располагање кои и најискусните би ги ставиле во искушение.
Правила за измени на магии: Можност да ги обликуваме и изменуваме спеловите по свој ќејф?! Не постои фиксно правило, туку она кое јас би го создал?
Банди и NPCs: Така е, зошто да се оди сам? Tasha размислила дека верен сојузник не мора да биде само NPC, туку сѐ од homunculus до battle companions.
DM алатки: Сервирани се и нови техники за DM, генератори на настани, насоки на приказни за досега неискусени, невидени моментуми и предизвици за партито.
И додека се врти рулбуков, лист по лист, доаѓаме до откровение дека всушност Tasha не нуди само правила, туку поттикнува револуција! Па ова е лажица во котел на бескрајни можности! Ни треба нешто ново – Tasha го има. Треба малку да ги бенднеме правилата? Веќе сторено.
-
Dungeon Master’s Guide
02.880,00 денНекои книги чуваат тајни. Токму оваа е една од нив. Ова не е обичен прирачник – ова е твојот спелбук за контрола над хаосот. И оваа книга не е луксуз, туку неопходност.
Со Dungeon Master’s Guide во твои раце, не следиш правила – ги создаваш. Тука оживуваат светови, и авантурите се обликуваат по твоја визија. И низ страниците имаш многу повеќе од совет.
Магични ајтеми: Од Bag of Holding до Vorpal Sword, веќе поседуваш бескраен арсенал на легендарни артефакти, секој од нив со историја и потенцијал да го промени текот на авантурата.
Worldbuilding: Правилата се флексибилни, но светот е твое дело. Создавај кралства, подземја, траги од древни цивилизации и мистични плејнови. Потопи ги во интриги, конфликти, тајни, и тестирај ги границите на играчите.
Стапици: Дали еден gelatinous cube ќе ги пречека играчите зад аголот? Или повеќе? Или суптилно подметнатиот конец, кој доколку се потегне активира Teleport Circle до непознатото, ќе биде забележан предоцна?
NPCs: Затоа што не се сите ликови херои. Некои се лојални сојузници, други подмолни предавници. Некои се од помош, други од корист. Некои ќе го покажат вистинскиот пат, а некои ќе одведат до dead-end.
И затоа ова не е обичен водич. Ова е огнот на идејата која ќе ја разгори фантазијата. Секоја страница е наменета за DM кој ќе го премине прагот на обичното за да создаде незаборавно искуство.
Не си само дел од играта. Ти си креаторот.
-
Deck of Many Things
06.210,00 денНекои ајтеми имаат моќ да променат сè. Deck of Many Things е токму таков артефакт. Овој легендарен ајтем е познат по своите спектакуларни ефекти. Ова не е само алатка за хаос, туку влезница за совршено обликувана непредвидливост.
Пред нас е The Book of Many Things, со упатство за користење на декот во креација на авантура, пресврт и мистерија. Ја листаме и наоѓаме нови содржини за карактерни опции, ајтеми, организации, нови монстери и локации.
И потоа се фаќаме за најславната колекција од 66 судбоносни карти – Deck of Many Things! Убаво, фино, студиозно ги проучуваме низ водичот и веќе можеме да ги користиме како традиционален пророк или креатор кој директно ќе ја инспирира авантурата.
Она што го прави толку легендарен е следното: два нови бекграунди, бидејќи не секој е толерантен на судбината! И нови спелови и фитови!
На крајот излегува дека ова не е само wild magic алатка, туку креативна прилика. Прашањето не е дали би можеле да се соочиме со хаосот, туку дали сме спремни да го обликуваме?
-
Vecna: Eve of Ruin – Alt Cover
03.460,00 денВо ова алтернативно издание на Vecna: Eve of Ruin, мракот не само што го обвива светот, туку пулсира низ самите страници. Ова колекционерско издание го доловува ликот на Vecna, предвесникот на пропаст, исклучителниот, застрашувачкиот, бесмртниот некогаш-човечки крал и лич од Oerth кој се издигнал до божественост.
На рабовите на очај и ужас, Vecna: Eve of Ruin е патување низ свет проголтан од мрак. Vecna се крева од сенките со единствена цел: да ја врати својата изгубена моќ. Ова не е приказна за херои, туку пресметка со самата смрт и со сојузите кои ги држат световите заедно.
Се спушта ноќта и сме соочени со армијата на Vecna. Немртви војски, тајни кои подобро никогаш да не бидат откриени, битки кои преобликуваат судбини, и чекори кои водат сè подлабоко кон неговата неизбежна сила.
Силата на мракот е на негова страна. Vecna собира моќни следбеници, ужасни суштества со амбиција да сторат сè за неговото дело. Артефакти се распрснати наоколу. Некои од нив му го цементираат патот кон целосна доминација, но некои би му ја скратиле бесмртноста. Се вплеткуваме во трка по овие реликвии, борејќи се со времето.
Vecna: Eve of Ruin не е само предвесник на крајот.
-
The Wild Beyond the Witchlight
02.880,00 денМагијата на Feywild не следи правила – ги прекршува. Патуваме низ свет каде ништо не е како што изгледа, каде смеата и ужасот танцуваат заедно, и секоја одлука го менува текот на самото време.
Witchlight Carnival доаѓа еднаш на неколку години, носејќи со себе магија, радост и тајни. Но, оваа година, патот води подалеку од светлината на карневалот, длабоко во срцето на Feywild, каде изгубеното се наоѓа, по цена.
Witchlight Carnival не е само спектакл. Тука се движиме низ фантастични шатори полни со чудесни појави. Зад секоја насмевка може да демне сенка на заборавени пактови кои чекаат да бидат прекршени.
Feywild е магичен плејн. Реалноста е флуидна, а времето не функционира на начин познат за нас. Што правиме? Да почнеме со откривање на срцето на светов на хаос и магија. Но, што ако засекогаш се изгубиме низ илузиите?
Флени сме во интригите на Archfey и други магични суштества. Да внимаваме на секој збор, на секој договор, на секој трик на Puckish Pixies, и примамливите понуди на Hags, оти ветувањата секогаш се врзани со магија и многу лесно би станале судбоносни.
Додека се движиме по патиштата, пресретнуваме ликови кои исто така бараат нешто – изгубени спомени, заборавени души, или нешта од младоста. Некои ќе ни станат сојузници, а некои каде ли ќе нè одведат?
Имаме можност патот да го изодиме без комбат, да се фокусираме на интеракција, решавање мистерии низ сложени приказни, отплеткувајќи ги слој по слој. Не секогаш од нас ќе се побара сила, туку умешност и трпение.
Ќе успееме ли да го откриеме она што го бараме во Feywild и да се вратиме со неоштетена душа?
-
Tales from the Yawning Portal
02.880,00 денВлагаме во Yawning Portal?
Какво прашање… Божем би останале пред вратите на легендарното место што го чува влезот кон најмистериозното подземје за кое секој втор зборува.
Под бледото светло на свеќите, маж со остри очи и брада стои зад шанкот. Durnan, сопственикот на Yawning Portal, ги слуша легендите што се раскажуваат од секое ќоше на инот – приказни за херои што се осмелиле да се спуштат во темните лавиринти на Undermountain. Ретко кој се вратил да ги раскаже своите авантури, но ние сме поинакви.
Додека ги крцка тврдите прсти, ни намигнува со предизвик да направиме чекор понапред во инот. Сепак, Yawning Portal не е само место за приказни, туку и за добар ејл, добра храна и влез во Undermountain.
На масата пред нас мапата на Undermountain лежи отворена, со ветувања за непредвидливи стапици и монстери, додека сенките на Halaster Blackcloak, господарот на овие длабочини, нè набљудуваат од темнината. И тоа, наводно, е само почеток. Од длабоките гробници на Tomb of Horrors, каде, практично, ниеден чекор не е безбеден, до мистериозните предизвици на White Plume Mountain, патувањето ветува повеќе отколку што замислуваме.
Патешествието започнува со чекор надолу. Следниот чекор: еден по еден, да исчезнеме во отворот на Yawning Portal во центарот на инот, за нашата судбина да се испреплете со древни закани и легендарни предизвици.
Се спуштаме ли надолу? Durnan чека да ни наплати.
-
Strixhaven Curriculum of Chaos
02.880,00 денДобредојдовте во Strixhaven, универзитет каде магијата и мудроста се преплетуваат во мозаик на знаење и амбиција. Во Curriculum of Chaos, сме во предавалните на визардските факултети, на предавања пренесени од најквалификуваните мејџови.
Да, истражуваме древни тајни, учиме за сите компоненти на магијата, вклучени сме во ривалствата со други факултети и сме на алерт против сили кои се стремат универзитетот, со други зборови, да не постои. И тука не е доволно да се биде само способен визард, туку да се работи на сите скилови взаемно за да знаеме кому да веруваме, а кому да се спротивставиме.
Strixhaven е дом на пет уникатни факултети, секој посветен на различни магични дисциплини. Од логиката на Quandrix до креативната инспирација на Prismari, сами одлучуваме кој пат ќе го следиме и што ќе откриваме во текот на студиите. Кампусот е полн со антички библиотеки, мистични градини и дворови што се дом на нешто многу повеќе од книги.
Ривалства и алијанси се класичен дел од студентскиот живот во Strixhaven. Заклетви и тајни вриштат зад привидот на академската дисциплина. Треба да се внимава бидејќи секој втор крие мрачна агенда.
Но, логично е да се очекува дека патувањата низ срцето на визардска академија ќе донесат нешто повеќе од лекциите во книгите. Да не губиме многу време, и да почнеме со студии.
-
Spelljammer: Adventures in Space
04.960,00 денОд блескавите ѕвезди до темните длабочини на сребрената празнина, Spelljammer: Adventures in Space нè води во свет на магија и бескрајна можност. Wildspace и Astral Sea нè носат во бесконечниот простор над светот, каде се осмелуваме да пловиме низ ѕвездите, да се соочиме со монстери скриени во непознатото и да откриеме тајни што ја надминуваат самата реалност.
Во срцето на оваа кампања е Light of Xaryxis, авантурата која нè води длабоко во Astral Plane, за судбината да ни се испреплете со онаа на космичките сили, лебдечките градови и величествените откритија.
Сведочиме на светови меѓу световите. Wildspace и Astral Sea се конекцијата на мултиверзумот, но секој чекор кон ова непознато, каде сè се преклопува, отвора физичка и космичка новост, која не секогаш е пријатна. Можноста да се промени текот на историјата е многу голема, особено ако останеме заплеткани во интригите на галактичките војни и предавства.
И најадреналинското за крај – патуваме по бескрајниот простор со spelljammers! Ова е жива врска помеѓу магија и технологија!
Сетот содржи:
- Light of Xaryxis: 64-странична авантура поставена во Astral Plane, дизајнирана за херои од 5 до 8 левел.
- The Astral Adventurer’s Guide: 64-страничен прирачник за Astral Plane како кампањски сетинг, со нови опции за создавање на ликови, магични предмети, правила за вселенски патувања и магични летала.
- Boo’s Astral Menagerie: 64-странична книга со статистики и описи за над 60 монстери населени во Wildspace и Astral Sea.
- Постер мапа на Rock of Bral: Двострана постер мапа на овој астероидски град – важен центар за трговија и авантури, совршен како почетна точка за вашите кампањи во Wildspace.
- DM Screen: Четири-панелен екран за DM-ите, дизајниран специјално за вселенски авантури.
-
Quests from the Infinite Staircase – Alt Cover
03.460,00 денОва алтернативно издание на Quests from the Infinite Staircase не само што отвора врата кон бесконечни светови, туку тоа го прави со стил што самиот по себе е уметничко дело. Kолекционерсково издание ја доловува мистеријата и магијата на бескрајното скалило, ветувајќи незаборавни авантури уште пред да го отворите. Создадено e за колекционери и оние кои тежнеат за нешто што е повеќе од приказна.
Постојат патеки кои водат кон непознати плејнови, но Infinite Staircase е пресек на сите можни светови, влез во енигматски универзуми каде времето е флуидно, а реалноста искривена. Вовлечени сме во мистериозно патување каде секое скалило отвора нова врата кон длабочини кои би ја преобликувале судбината на мултиверзумот.
Од градови на небесни острови до царства со кои владеат древни, заборавени богови, кој пат и да го одбереме ќе нè однесе кон неочекуваното и кон свет со нови закони кои би требало да ги почитуваме.
Демнат заборавени тајни и под површината, парчиња историја на цивилизации кои постоеле, фрагменти на знаење поврзани со самото потекло на сè. Не сите кои нè пресретнуваат на бескрајното скалило ни се пријатели. Некои го преминале секој закон на природата, ја предизвикале структурата на реалноста, не се дел од познат свет, туку рефлексија на нешто древно.
Нашата волја и перцепција се на тест. Се качуваме кон слава или пропаст. Моралните избори не се очигледни, а секогаш се од голема важност за судбината на авантурата.
Но, Quests from the Infinite Staircase е повеќе од обична авантура. Тоа е патување низ сржта на мултиверзумот, низ светови кои пркосат на сите закони на физиката и магијата.
Ќе успееме ли да го следиме патот на скалилото и да ги најдеме одговорите кои лежат на неговиот крај? Или судбина ни е засекогаш да останеме изгубени во неговата бесконечност?