-
Planescape: Adventures in the Multiverse
05.380,00 денДобредојдовте во Planescape, каде портите кон бесконечноста се секогаш отворени, а самата реалност е уште една димензија на бескрајниот мултиверзум. Со Adventures in the Multiverse, влегуваме во светот на Sigil, Градот на Портите, каде секоја врата води кон чудо, опасност или заборавена божествена сила. Ова е место каде смртниците и бесмртните се движат заедно, каде цели светови се обликуваат и уништуваат за миг, и каде законите на физиката не важат подеднакво за сите.
Истражуваме длабоко низ Outer Planes, населени со божества, демони и изгубени души, кои тераат своја агенда во вечната борба за доминација. Од енигматските порти на Sigil до далечните чудесни градови на Outlands, она што нè чека е подеднакво неизвесно колку што е величествено.
Боговите го следат секој чекор од далеку. Можноста да ја доведат нашата умешност на тест е огромна, можноста демонот да се обиде да ја открие нашата слабост – уште поголема, и можноста да се вплеткаме во заговори кои ја надминуваат границата на животот и смртта додека сме расшетани низ плејновите – е загарантирана.
Сетот содржи:
- Sigil and the Outlands: 96-страничен прирачник за кампањата што ги претставува Sigil, Градот на Портите, и Outlands, срцето на Outer Planes
- Turn of Fortune’s Wheel: 96-странична авантура поставена во Sigil и Outlands, дизајнирана за карактери од 3 до 10 левел
- Morte’s Planar Parade: 64-страничен бестијар на живописниот и застрашувачкиот свет на Outer Planes
- Постер мапа на Sigil и Outlands: Двострана постер мапа на Sigil и Outlands, која може да се користи како авантуристичка локација или како кампањски центар за патувања низ плејновите
- DM Screen: Четири-панелен екран за DM украсен со уметнички приказ на Planescape сетингот
-
Planescape: Adventures in the Multiverse – Alt Cover
05.380,00 денОд првиот поглед, ова алтернативно издание на Planescape отвора врата кон бескрајниот мултиверзум. Со уникатни корици на сите три книги и ДМ скринот, ова сет-издание е само по себе патување низ димензии. Портите на Sigil, мистериите на Outlands, и бескрајните можности на плејновите оживуваат преку внимателниот дизајн.
Добредојдовте во Planescape, каде портите кон бесконечноста се секогаш отворени, а самата реалност е уште една димензија на бескрајниот мултиверзум. Со Adventures in the Multiverse, влегуваме во светот на Sigil, Градот на Портите, каде секоја врата води кон чудо, опасност или заборавена божествена сила. Ова е место каде смртниците и бесмртните се движат заедно, каде цели светови се обликуваат и уништуваат за миг, и каде законите на физиката не важат подеднакво за сите.
Истражуваме длабоко низ Outer Planes, населени со божества, демони и изгубени души, кои тераат своја агенда во вечната борба за доминација. Од енигматските порти на Sigil до далечните чудесни градови на Outlands, она што нè чека е подеднакво неизвесно колку што е величествено.
Боговите го следат секој чекор од далеку. Можноста да ја доведат нашата умешност на тест е огромна, можноста демонот да се обиде да ја открие нашата слабост – уште поголема, и можноста да се вплеткаме во заговори кои ја надминуваат границата на животот и смртта додека сме расшетани низ плејновите – е загарантирана.
Сетот содржи:
- Sigil and the Outlands: 96-страничен прирачник за кампањата што ги претставува Sigil, Градот на Портите, и Outlands, срцето на Outer Planes
- Turn of Fortune’s Wheel: 96-странична авантура поставена во Sigil и Outlands, дизајнирана за карактери од 3 до 10 левел
- Morte’s Planar Parade: 64-страничен бестијар на живописниот и застрашувачкиот свет на Outer Planes
- Постер мапа на Sigil и Outlands: Двострана постер мапа на Sigil и Outlands, која може да се користи како авантуристичка локација или како кампањски центар за патувања низ плејновите
- DM Screen: Четири-панелен екран за DM украсен со уметнички приказ на Planescape сетингот
-
Princes of the Apocalypse
02.660,00 денВо Princes of the Apocalypse, заканата доаѓа од природа која одеднаш почнува да се однесува како да има волја, намера… и бес. Ветрови пресекуваат камен, пожари се гасат единствено со молитва, земја се отвара како ѕвер, а пилимата надоаѓа кога никој не ја очекува.
Стихиите се развиорени и некој, или пак нешто, ги води.
Патот нè води низ Dessarin Valley, регион што изгледа мирно само за оние кои не гледаат подалеку. Под површината движат култови, секој посветен на еднa од четирите елементални сили – копаат, самонуваат, будат. И ако продолжат, стихиите нема да останат одделни.
Патуваме низ заборавени храмови, преговараме со преживеани, се соочуваме со ентитети кои изгледаат како дел од пејзажот сè додека не се помрднат. Битките ги тргаме настранана, бидејќи нашите истраги ни отвараат систем кој е многу поголем од човекот. Секој култ има своја логика, своја естетика, филозофија, и секој пат кога ќе си речеме дека ни е јасно, природата ни покажува дека апсолутно не е така.
И на крајот, кога светот почнува да заминува, прашањето не е како да победиме, туку како да ја преживееме победата.
Ова е приказна за оние кои ја сакаа реакцијата на светот на нивните одлуки.
-
Quests from the Infinite Staircase
03.460,00 денПостојат патеки кои водат кон непознати плејнови, но Infinite Staircase е пресек на сите можни светови, влез во енигматски универзуми каде времето е флуидно, а реалноста искривена. Вовлечени сме во мистериозно патување каде секое скалило отвора нова врата кон длабочини кои би ја преобликувале судбината на мултиверзумот.
Од градови на небесни острови до царства со кои владеат древни, заборавени богови, кој пат и да го одбереме ќе нè однесе кон неочекуваното и кон свет со нови закони кои би требало да ги почитуваме.
Демнат заборавени тајни и под површината, парчиња историја на цивилизации кои постоеле, фрагменти на знаење поврзани со самото потекло на сè. Не сите кои нè пресретнуваат на бескрајното скалило ни се пријатели. Некои го преминале секој закон на природата, ја предизвикале структурата на реалноста, не се дел од познат свет, туку рефлексија на нешто древно.
Нашата волја и перцепција се на тест. Се качуваме кон слава или пропаст. Моралните избори не се очигледни, а секогаш се од голема важност за судбината на авантурата.
Но, Quests from the Infinite Staircase е повеќе од обична авантура. Тоа е патување низ сржта на мултиверзумот, низ светови кои пркосат на сите закони на физиката и магијата.
Ќе успееме ли да го следиме патот на скалилото и да ги најдеме одговорите кои лежат на неговиот крај? Или судбина ни е засекогаш да останеме изгубени во неговата бесконечност?
-
Quests from the Infinite Staircase – Alt Cover
03.460,00 денОва алтернативно издание на Quests from the Infinite Staircase не само што отвора врата кон бесконечни светови, туку тоа го прави со стил што самиот по себе е уметничко дело. Kолекционерсково издание ја доловува мистеријата и магијата на бескрајното скалило, ветувајќи незаборавни авантури уште пред да го отворите. Создадено e за колекционери и оние кои тежнеат за нешто што е повеќе од приказна.
Постојат патеки кои водат кон непознати плејнови, но Infinite Staircase е пресек на сите можни светови, влез во енигматски универзуми каде времето е флуидно, а реалноста искривена. Вовлечени сме во мистериозно патување каде секое скалило отвора нова врата кон длабочини кои би ја преобликувале судбината на мултиверзумот.
Од градови на небесни острови до царства со кои владеат древни, заборавени богови, кој пат и да го одбереме ќе нè однесе кон неочекуваното и кон свет со нови закони кои би требало да ги почитуваме.
Демнат заборавени тајни и под површината, парчиња историја на цивилизации кои постоеле, фрагменти на знаење поврзани со самото потекло на сè. Не сите кои нè пресретнуваат на бескрајното скалило ни се пријатели. Некои го преминале секој закон на природата, ја предизвикале структурата на реалноста, не се дел од познат свет, туку рефлексија на нешто древно.
Нашата волја и перцепција се на тест. Се качуваме кон слава или пропаст. Моралните избори не се очигледни, а секогаш се од голема важност за судбината на авантурата.
Но, Quests from the Infinite Staircase е повеќе од обична авантура. Тоа е патување низ сржта на мултиверзумот, низ светови кои пркосат на сите закони на физиката и магијата.
Ќе успееме ли да го следиме патот на скалилото и да ги најдеме одговорите кои лежат на неговиот крај? Или судбина ни е засекогаш да останеме изгубени во неговата бесконечност?
-
Spelljammer: Adventures in Space
04.960,00 денОд блескавите ѕвезди до темните длабочини на сребрената празнина, Spelljammer: Adventures in Space нè води во свет на магија и бескрајна можност. Wildspace и Astral Sea нè носат во бесконечниот простор над светот, каде се осмелуваме да пловиме низ ѕвездите, да се соочиме со монстери скриени во непознатото и да откриеме тајни што ја надминуваат самата реалност.
Во срцето на оваа кампања е Light of Xaryxis, авантурата која нè води длабоко во Astral Plane, за судбината да ни се испреплете со онаа на космичките сили, лебдечките градови и величествените откритија.
Сведочиме на светови меѓу световите. Wildspace и Astral Sea се конекцијата на мултиверзумот, но секој чекор кон ова непознато, каде сè се преклопува, отвора физичка и космичка новост, која не секогаш е пријатна. Можноста да се промени текот на историјата е многу голема, особено ако останеме заплеткани во интригите на галактичките војни и предавства.
И најадреналинското за крај – патуваме по бескрајниот простор со spelljammers! Ова е жива врска помеѓу магија и технологија!
Сетот содржи:
- Light of Xaryxis: 64-странична авантура поставена во Astral Plane, дизајнирана за херои од 5 до 8 левел.
- The Astral Adventurer’s Guide: 64-страничен прирачник за Astral Plane како кампањски сетинг, со нови опции за создавање на ликови, магични предмети, правила за вселенски патувања и магични летала.
- Boo’s Astral Menagerie: 64-странична книга со статистики и описи за над 60 монстери населени во Wildspace и Astral Sea.
- Постер мапа на Rock of Bral: Двострана постер мапа на овој астероидски град – важен центар за трговија и авантури, совршен како почетна точка за вашите кампањи во Wildspace.
- DM Screen: Четири-панелен екран за DM-ите, дизајниран специјално за вселенски авантури.
-
Stranger Things: Welcome to the Hellfire Club
03.460,00 денДа не се лажеме.
Ако бараш игра што ќе те држи за рака — затвори ја кутијата. Авантуриве се за оние кои знаат дека во D&D нема победа, туку последица.
Во Welcome to the Hellfire Club не ти ветувам херојство. Ти ветувам избор кој ќе значи нешто, моменти кога целата маса ќе молчи затоа што никој не сака да биде првиот што ќе рола.
Правилата се тука за да постојат.
Приказната е тука за да те притисне.
Коцките се тука да те предадат кога најмалку треба.Ова не е D&D за сите. Ова е за тие што знаат дека најдобрите приказни почнуваат кога нешто тргне наопаку.
Седни.
Фрли коцки.
Да видиме дали ќе преживееш до крајот на сесијата.И запамти… There is no shame in running…
Eddie Munson
-
Strixhaven Curriculum of Chaos
02.880,00 денДобредојдовте во Strixhaven, универзитет каде магијата и мудроста се преплетуваат во мозаик на знаење и амбиција. Во Curriculum of Chaos, сме во предавалните на визардските факултети, на предавања пренесени од најквалификуваните мејџови.
Да, истражуваме древни тајни, учиме за сите компоненти на магијата, вклучени сме во ривалствата со други факултети и сме на алерт против сили кои се стремат универзитетот, со други зборови, да не постои. И тука не е доволно да се биде само способен визард, туку да се работи на сите скилови взаемно за да знаеме кому да веруваме, а кому да се спротивставиме.
Strixhaven е дом на пет уникатни факултети, секој посветен на различни магични дисциплини. Од логиката на Quandrix до креативната инспирација на Prismari, сами одлучуваме кој пат ќе го следиме и што ќе откриваме во текот на студиите. Кампусот е полн со антички библиотеки, мистични градини и дворови што се дом на нешто многу повеќе од книги.
Ривалства и алијанси се класичен дел од студентскиот живот во Strixhaven. Заклетви и тајни вриштат зад привидот на академската дисциплина. Треба да се внимава бидејќи секој втор крие мрачна агенда.
Но, логично е да се очекува дека патувањата низ срцето на визардска академија ќе донесат нешто повеќе од лекциите во книгите. Да не губиме многу време, и да почнеме со студии.
-
Tales from the Yawning Portal
02.880,00 денВлагаме во Yawning Portal?
Какво прашање… Божем би останале пред вратите на легендарното место што го чува влезот кон најмистериозното подземје за кое секој втор зборува.
Под бледото светло на свеќите, маж со остри очи и брада стои зад шанкот. Durnan, сопственикот на Yawning Portal, ги слуша легендите што се раскажуваат од секое ќоше на инот – приказни за херои што се осмелиле да се спуштат во темните лавиринти на Undermountain. Ретко кој се вратил да ги раскаже своите авантури, но ние сме поинакви.
Додека ги крцка тврдите прсти, ни намигнува со предизвик да направиме чекор понапред во инот. Сепак, Yawning Portal не е само место за приказни, туку и за добар ејл, добра храна и влез во Undermountain.
На масата пред нас мапата на Undermountain лежи отворена, со ветувања за непредвидливи стапици и монстери, додека сенките на Halaster Blackcloak, господарот на овие длабочини, нè набљудуваат од темнината. И тоа, наводно, е само почеток. Од длабоките гробници на Tomb of Horrors, каде, практично, ниеден чекор не е безбеден, до мистериозните предизвици на White Plume Mountain, патувањето ветува повеќе отколку што замислуваме.
Патешествието започнува со чекор надолу. Следниот чекор: еден по еден, да исчезнеме во отворот на Yawning Portal во центарот на инот, за нашата судбина да се испреплете со древни закани и легендарни предизвици.
Се спуштаме ли надолу? Durnan чека да ни наплати.
-
The Wild Beyond the Witchlight
02.880,00 денМагијата на Feywild не следи правила – ги прекршува. Патуваме низ свет каде ништо не е како што изгледа, каде смеата и ужасот танцуваат заедно, и секоја одлука го менува текот на самото време.
Witchlight Carnival доаѓа еднаш на неколку години, носејќи со себе магија, радост и тајни. Но, оваа година, патот води подалеку од светлината на карневалот, длабоко во срцето на Feywild, каде изгубеното се наоѓа, по цена.
Witchlight Carnival не е само спектакл. Тука се движиме низ фантастични шатори полни со чудесни појави. Зад секоја насмевка може да демне сенка на заборавени пактови кои чекаат да бидат прекршени.
Feywild е магичен плејн. Реалноста е флуидна, а времето не функционира на начин познат за нас. Што правиме? Да почнеме со откривање на срцето на светов на хаос и магија. Но, што ако засекогаш се изгубиме низ илузиите?
Флени сме во интригите на Archfey и други магични суштества. Да внимаваме на секој збор, на секој договор, на секој трик на Puckish Pixies, и примамливите понуди на Hags, оти ветувањата секогаш се врзани со магија и многу лесно би станале судбоносни.
Додека се движиме по патиштата, пресретнуваме ликови кои исто така бараат нешто – изгубени спомени, заборавени души, или нешта од младоста. Некои ќе ни станат сојузници, а некои каде ли ќе нè одведат?
Имаме можност патот да го изодиме без комбат, да се фокусираме на интеракција, решавање мистерии низ сложени приказни, отплеткувајќи ги слој по слој. Не секогаш од нас ќе се побара сила, туку умешност и трпение.
Ќе успееме ли да го откриеме она што го бараме во Feywild и да се вратиме со неоштетена душа?
-
Vecna: Eve of Ruin – Alt Cover
03.460,00 денВо ова алтернативно издание на Vecna: Eve of Ruin, мракот не само што го обвива светот, туку пулсира низ самите страници. Ова колекционерско издание го доловува ликот на Vecna, предвесникот на пропаст, исклучителниот, застрашувачкиот, бесмртниот некогаш-човечки крал и лич од Oerth кој се издигнал до божественост.
На рабовите на очај и ужас, Vecna: Eve of Ruin е патување низ свет проголтан од мрак. Vecna се крева од сенките со единствена цел: да ја врати својата изгубена моќ. Ова не е приказна за херои, туку пресметка со самата смрт и со сојузите кои ги држат световите заедно.
Се спушта ноќта и сме соочени со армијата на Vecna. Немртви војски, тајни кои подобро никогаш да не бидат откриени, битки кои преобликуваат судбини, и чекори кои водат сè подлабоко кон неговата неизбежна сила.
Силата на мракот е на негова страна. Vecna собира моќни следбеници, ужасни суштества со амбиција да сторат сè за неговото дело. Артефакти се распрснати наоколу. Некои од нив му го цементираат патот кон целосна доминација, но некои би му ја скратиле бесмртноста. Се вплеткуваме во трка по овие реликвии, борејќи се со времето.
Vecna: Eve of Ruin не е само предвесник на крајот.