-
Q-Workshop | Advent Dice Calendar 2025
03.200,00 денОвој Advent Calendar служи како еден вид тренинг: секое утро, нова коцка, нова надеж, нова можност за многу голема шанса првиот рол за денот да биде натурал 20ка.
Ќе го земеме во предвид и како pre-session ritual со малку празнична магија, малку коцкарска терапија, малку, „E, оваа d12 ќе ја заврши цела работа”.
Зад секое прозорче демне по една коцка од Q Workshop декорирана од пекари од Feywild по нарачка од слаткарски гилд во Waterdeep, финансирана од некој кој многу сака коцки, но многу малку ги разбира.
И мислите ли дека постои човекот кој нема да го отвори целиот календар одеднаш?
-
ENHANCE Roll-on-a-Scroll™ Dice Case & Dice Set (Red)
0890,00 денЦрвената е боја на критични удари, на дрска храброст, на оној кој не чека иницијатива, на Сорсерерот со импулс посилен од логика.
Ако решаваме судбина, мора да распостелеме тепих за коцките.
Замисли го следново: маса обрасната со мапи, character sheet-ови, минијатури — хаосот пред битката е неизбежен. И само го чекаш моментот, да го одврзеш чворот од кадифениот скрол, да го постелеш пред себе и да започнеш да Roll-on-a-Scroll каде коцките сакаат да слетаат и да се вртат, тивко и решително.
Скролот носи со себе свој комплет акрилни коцки, свој мал аресенал за критични моменти, за Rage кој ќе го пресече текот на битката, за saving throw што ќе спаси.
-
ENHANCE Roll-on-a-Scroll™ Dice Case & Dice Set (Blue)
0890,00 денСината, не е само боја, туку нијанса на фокус, ладно размислување на Клерикот кој ќе се пушти во преговори со богот без да трепне.
Ако решаваме судбина, мора да распостелеме тепих за коцките.
Замисли го следново: маса обрасната со мапи, character sheet-ови, минијатури — хаосот пред битката е неизбежен. И само го чекаш моментот, да го одврзеш чворот од кадифениот скрол, да го постелеш пред себе и да започнеш да Roll-on-a-Scroll каде коцките сакаат да слетаат и да се вртат, тивко и решително.
Сколот носи со себе свој комплет акрилни коцки, свој мал аресенал за критични моменти, за спел кој бара ладна глава и стабилна рака, и за saving throw што ќе спаси токму кога математиката вели дека нема шанса.
-
Dragon Delves (D&D Adventure Anthology)
03.330,00 денЗамисли врата. Ама замисли ја величенствено, оти зад неа чека свет каде змејовите се почеток. Е сега, замисли десет такви врати, оти Dragon Delves ти нуди токму толку.
Во повеќето авантури, змејот е крјот. Точката. Кулминацијата. Но, Dragon Delves ја превртува таа логика и го става онаму каде смета дека отсекогаш му било местото: змеј не е крајот – змеј е целиот континент.
Секоја авантура во оваа антологија е мало кралство изградено околу личноста на својот змеј. Не пештера — психологија. Не лавиринт — доктрина. Секој змеј создава свет кој го отсликува – од мрзливи, накострешени зелени змејови кои режираат хаос како аматерски театар, до колоси кои ти го мерат секој чекор како да решаваат равенка старa илјадници години.
Dragon Delves не е само серија битки, туку одговори на задолжителни прашања:
– Што значи да преговараш со нешто што те смета за незначителен?
– Колку далеку ќе одиш за богатство што можеби не постои?
– И дали на крајот ќе сфатиш дека најголемото богатство е приказната што преживеала?Визуелниот идентитет на книгата е посебен блесок: десет делови, секој илустриран во стил кој го отсликува змејот домаќин.
Ова не се само авантури — 0ва се десет книги во една, десет авторски енергии споени во една антологија.
-
DM’s Bag: Collector’s Edition (Dragon Silver) | ENHANCE
07.700,00 денОваa подвижна тврдина, оваа патувачка ризница, е создадена за раскажувачот на приказната, за чуварот на светот. Ова колекционерско издание на ДМ-скa торба обложена со змејска кожа, колку што е стил, толку е и сигурност.
Ммм да, убаво прочитавте – змејска кожа! Слободно вртете Investigation или Arcana, или, не знам, кастајте Identify.
Металниот медалјон не е орнамент – е силмбол дека си одбран. Од четири до осум гримоари можат да се засолнат внатре. Три прегради го делат просторот за коцки, бележници, и работи што никој друг нема да може да ги види. Простор за цела армија минијатури, за полна таверна, за 16 NPC-ња безбедно да стасаат на мапата и да се вратат назад. Надворешни прилагодливи ремени за транспорт на мапата која цела маса едвај ја чека, надежна дека нема за последен пат да ја види.
И кога ременот легнува на рамото, чувствуваш само едно – товарот на приказната. А приказните убаво тежат.
-
Dungeons & Dragons: Character Sheets 2024
0890,00 денОвој куп празни полиња е личниот дневник на секоја наша можност, способност и неспособност. Не постои D&D карактер без приказна и затоа Character Sheets 2024 се распостелуваат да ги фатат сите детали: од првиот крит, до последната капка HP.
Новиот распоред на елементите дозволува секогаш да знаеме каде ни е иницијативата, дури и по три пива и еден fireball. Оставен е простор за сè што ДМ-от би можел да искористи против нас: оружја, ајтеми, спелови, контакти, непријатели, должници, љубовници. Како хартијава да е најиздржливиот авантурист – како да не се плаши од отпечатоци на мрсни прсти од тензична конзумација на грицки поради тешки одлуки кои следната сесија ќе видиме што донеле.
Во свет каде змеј би не испекол за помалку од шест секунди, ова можеби е единственото место каде карактерот ни е безбеден.
Донекаде…
-
Baldur’s Gate: Descent Into Avernus
02.880,00 денДобредојдовте во Baldur’s Gate — град каде секој агол има тајна, секој сојуз е привремен, и секоја наклонетост има своја цена. Но, оваа приказна не завршува низ калливите улици на метрополата, туку таму започнува и оттука, води директно надолу — во првиот круг на Nine Hells of Baator: Avernus.
Descent Into Avernus е бавно, пеколно спуштање во местото каде што ѓаволите преговараат со искреност, а надежта е брзопотрошна валута. Ќе бидеме ли доволно откачени, или изгубени, за да склучиме пакт кој би го спасил градот? Ќе собереме ли доволно храброст да се пресретнеме со криминални фракции, политички маневри и стари должници што доаѓаат по наплата?
Ќе преживееме ли низ огнените пустини на Avernus – светот изграден од болка, оган и бескрајна војна меѓу ѓаволи и демони? Бидејќи Avernus не е… амбиент. Avernus е тест на моралот. И токму таму нè остава камањата: пред пеколни искушенија, пред избор кој не е воопшто едноставен.
Секој дел од книгата е дизајниран да нè втурне во свет каде што правилата се менуваат, а доблеста е дефицитарна стока. Ова е приказна за падот… и можеби, токму затоа, за спасот.
-
RPG Organizer (Black) – ENHANCE
06.250,00 денНоси сè. Не испушта звук. Изгледа закачувачки. И не е само организиран реквизит. Тврдина е.
Кога ќе ја допре масата, веќе е јасно – сесијата започна.
Овој организер не е за „ќе се снајдам“ играчи. Ова е за оние што носат сè: коцки, книги, мапи, spell cards, моливи, минијатури, дури и последната копија од договорот со арчдевилот. Внатрешноста е поделена прецизно, како добар план во најлош dungeon:
📚 Простор за 4 книги.
🎲 Организатор за коцки.
🗺️ Џебови.
✏️ Простор за лаптоп или таблет.И сè е прибрано под мека, црна обвивка — како сјајот на кожните ракавици пред моментот на убиството. Нема детали, нема шари, нема расеаност. Само чиста функционалност со став.
-
D&D Icons of the Realms: Adult Deep Dragon
05.200,00 денНе секој змеј сака слава, злато или потпалени села. Некои живеат длабоко во подземјете, без сонце, каде лудилото шепоти низ мракот.
Adult Deep Dragon не е типичен змеј. Тој е кошмар од Underdark, обвиткан во сенки, спори, и отрови што го извртуваат умот. Скелестиов ужас е создаден за кампањи кои се одвиваат на место каде каде реалните шанси партито да излезе на површина… се малку потешки. Ова е змејот кој има огромна шанса да не праша: „А што ако светлината е лага?“
Што ли да издвоиме дека посебно го краси? А да! Способноста да ја распрснува темнината и да предизвикува халуцинации. Кој е за кампањи со многу psychic damage и безумие? Да ве чуеме!
-
-16%
Pathfinder Battles: Goblin Vanguard
0Original price was: 3.100,00 ден.2.600,00 денCurrent price is: 2.600,00 ден.Ако некогаш сте си рекле: „Како да ни требаат повеќе проблеми на масата“ — еве ви го одговорот. Goblin Vanguard е сè што сакате и не поднесувате од гоблини: гласни, смрдливи, лути, преполни со идеи од кои сите се секогаш – лоши.
Овој премиум сет носи 6 детални, веќе бојадисани минијатури кои може да ги употребите како бандити или пак армија излезена од магичен… дампстер. Секој позира на различен начин, со различно оружје, со доволно карактер за да му оди на нерви дури и на најмилостивиот, мирен и кроток паладин.
Идеални се за воведување на партито во хаос уште од првото село, за креирање на гоблински шамани, или само… жртви, и за задоволството на ДМ-от од самата реплика: „Да, сè уште си постојат. Има уште четворица.“
Но, потребни се, што да кажеме… Ниту еден авантурист не станал легенда без да биде измалтретиран од гоблин, барем еднаш! Затоа, размислете, колку ли се овие подготвени да бидат првиот смдлив чекор на твојата приказна?
-
Dragon Shield: Dice Companion – Iron Grey
02.200,00 денОвој Dice Companion: Iron Grey, можеме со комплетна слобода да го земеме во предвид како артефакт. Откако прв пат во него се фрлила d20, на оваа импонзантна, сјајна, сатенска подлога – светот се исплашил. И така почнало сè.
Dice Companion: Iron Grey е за играчи кои правилата ги заобиколуваат, но со стил. Да ја отвориме како клерик во момент на кастање Bestow Curse. Внатре – местото за коцки, минијатури, тајни, грешки, планови – за сè што ти е потребно. Сè што никој друг не треба да знае.
Комбатот почнува и се претвора во арена. Фрлаш коцка во тишина – едноставно присутен е звукот на среќата што слетува. И никогаш не се тркала случајно. Секогаш… со цел.
-
Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Midnight Blue
01.650,00 денМагијата… можеби најсилно шепоти под ѕвездите. Доаѓа од ноќта – од страниците кои темнината љубоморно ги чува, од шепот кој не се случа, туку чувствува.
Spell Codex: Midnight Blue е токму таков спелбук– врзан во боја на полноќна тишина, создаден за магии кои не секогаш имаат сведоци. Наменет е за оние кои ѕвездите не ги повикуваат за светлина – туку за одговори. За оние чии магии носат сенки и спомени. Со неговите елегантни внатрешни џебови, спеловите се секогаш подготвени. А Spell Slot Tracker-от и dry-erase маркерот се тука за да ја ноќната рута на нивниот пат – од сонот, кон ударот.
Midnight Blue не е само боја – тоа е избор. Тоа е спокојниот мрак пред експлозијата на моќта. Тоа е моментот кога сите очи се вперени кон тебе… а ти – молчиш.
-
Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Ashen White
01.650,00 денОвој спелбук се наследува.
Spell Codex: Ashen White, изгледа како да бил оставен во пепелта на заборавена битка, но внатре сè уште гори магијата на вечноста. Бојата потсетува на стар пергамент, на светлина која не заслепува, туку открива.
Ова е codex за мејџови кои не зборуваат гласно. За оние кои пишуваат формули како молитви. Секој spell card е заштитен и подготвен да биде повикан со тивок шепот или со последниот здив на некое затворено поглавје. Со Spell Slot Tracker и dry-erase маркерот, контролата е апсолутна – секој потег е пресметан, секој круг – запишан, секоја последица – предвидена.
Аshen White не бара внимание – енодставно го има авторитетот кој молчи. Штом се отвори, дури и боговите слушаат.
-
Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Forest Green
01.650,00 денОној кој ја познава природата знае: шумата зборува низ магија. И токму затоа, Spell Codex: Forest Green не е обична магиска архива, туку живо суштество никнато од срце на древно дрво, чувар на спомине кои се шепотеле во листовите, водата и корењата илјадници години наназад.
Носи го со себе кога ги врзуваш елементите, кога го насочуваш громот, кога ги повикуваш силите на шумата. Овој спелбук со корица во боја на стара лишајна кора, беспрекорно ќе ги чува, следи и бележи твоите спелови.
Ова не е кодекс за фенси мејџови. Ова е за оние кои чекорат боси преку росни ливади, чија внатрешност на наметките е хербариум – за оние кои знаат да ја приземат магијата директно од коренот на светот.
-
Dragon Shield: Roleplaying Spell Codex: Iron Grey
01.650,00 денВо свет каде една правилно изговорена магија може да промени судбини, вистински мејџ нема простор за хаос. Во мудроста, прецизноста и брзината лежи неговата моќ. Dragon Shield Spell Codex: Iron Grey е токму тоа – лична архива на магии, изработена да го обликува секој маестрален потег.
Во рацете го држиш волтот на своето знаење: стилски, цврст, обложен со издржлив Dragon Skin™. Ова не е обична папка. Ова е твоето магично оружје, она што ги држи магиите блиску до срцето, подготвени за моментот кога најмногу ќе бидат потребни.
Со внатрешни џебови прилагодени за Spell Cards и посебен Spell Slot Tracker, со вклучен dry-erase маркер, подготовката за спас на светот (или негово комплетно срамнување со земја), стануваат жив процес – запишувај, менувај, планирај – магија дише со тебе.
Додека останатите спелкастери листаат низ книгите и белешките во моменти на хаос, ти, едноставно, го отвараш својот спелбук – и светот се прекројува по твоја волја.
-
Dezriel’s Spellbook
01.000,00 денНекои велат дека магијата била, божем, само алатка – неутрална и подготвена да служи. Dezriel влегол во суштината – сфатил, но по цена. Го слушал шепотот на огнот, лелекот на земјата, вековните тајни на водата, и би си рекле дека тука нема апсолутно ништо лошо. Но, следејќи ги, создал нешто што баш и не би требало да постои.
Dezriel’s Spellbook е колекција од 37 нови магии, создадени низ неговите експерименти со елементите. Листајќи низ страниците влегуваме во умот на некој кој истовремено креирал визии и предупредувања. Забелешките се криптични, изопачени, праноични. Оттука сфаќање дека магиите се доказ за моќ која може да се стекне, и она што доаѓа отпосле.
На крајот вели: „Товарот на јасноста е само мој. Оној кој нема да чуе, да разбере, не заслужува… Нема повеќе шепоти. Нема крици. Нема вистина. Нека сé пропадне во тишина. Нека заврши“.
Користете го спелбуков мудро.
-
Dungeons & Dragons Spellbook Cards: Epic Monsters
01.800,00 денНиз историјата на Dungeons & Dragons, не сé го буди стравот и восхитот како средбата со монстери од епски размери. Spellbook Cards: Epic Monsters е збирка од најимпресивните суштества кои некогаш чекореле низ фантастичен свет, прозорец кон моќта, интригата и предизвиците кои ја дефинираат секоја авантура.
Со 77 ламинирани картички, секој монстер е феноменално визуелно претставен од едната страна, а деталнитиот стаст блок стои на другата. Моментот кога играчите се соочуваа со Tarrasque, чие присуство е доволно да си ги преиспитаме своите одлки, никогаш не ќе биде заборавен. А воопшто да не размислуваме за онаа преесметка со древен Lich!
Дизајнирани се да го олеснат текот на играта, да ги оживеат овие легендарни кричерства, да протолкуваат што значи да се соочиш со вистинска моќ, да овозможат брза и лесна подготовка за средбите и пресметките, без никакво непотребно одолговлекување.
Со Epic Monsters Spellbook Cards приказни ја добиваат заслужната длабочина.
-
Monster Cards: Mordenkainen’s Tome of Foes
01.500,00 денВо светот на Dungeons & Dragons, секоја авантура носи нов предизвик. Нашиот DМ е водич низ непознатото. Со Monster Cards: Mordenkainen’s Tome of Foes, би имал толку моќен сојузник и способност да ги постави најимпонзантните кричерства пред нас со таков интензитет и длабочина, оживеани низ приказната.Да речеме дека играчите влегуваат во древна гробница, несвесни за присуството на Allip, чиј шепот може да ги доведе до лудило. Или, можеби, се соочуваат со силата и интелигенцијата на моќниот Yagnoloth.
109 ламинирани картички, детално го преставуваат секое суштество од Mordenkainen’s Tome of Foes, со јасни статистики и прекрасни илустрации. Оваа, не само ДМ-ски практична, туку и визуелна алатка, е дизајнирана да го олесни текот на играта. Потребата од постојано пребарување низ книги е сведена на, речиси, непостоечно ниво, и пристапот до организација и избор е толку олеснат, само за сесијата да тече глатко и возбудливо.